07.04.2012, 14:42 Ватерполистите не се пласираа на ОИ
Македонија ноќеска беше поразена од Шпанија со 11:7 во четвртфиналето од квалификацискиот олимписки турнир во Едмонтон, Канада
Македонската ватерполо репрезентацијата не успеа да направи подвиг и да стане првата македонска селекција која во екипен спорт обезбедила учество на едни Олимписки игри. Македонија ноќеска беше поразена од Шпанија со 11:7 во четвртфиналето од квалификацискиот олимписки турнир во Едмонтон, Канада.
Нашата репрезентација добро го започна натпреварот и по водството на Шпанците од 1:0, избраниците на селекторот Сашко Поповски постигнаа 3 голови, а резултатот по првата четвртина беше 3:2 за Македонија.
Втората и третата четвртина Шпанија ги доби со 3:0 и 3:1, разлика што се покажа како решавачка за конечниот победник. Последниот период заврши нерешено 3:3.
Ноќеска се одиграа и другите три четвртфинални дуели по кои пласман на ОИ обезбедија Црна Гора, Романија и Бразил.
Постигнати резултати во четвртфиналната фаза на турнирот во Едмонтон: Македонија - Шпанија 7:11, Црна Гора - Турција 19:6, Романија - Бразил 19:8 и Грција - Канада 10:6.
Вечерва Македонија против Бразил од 22 часот и 20 минути ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место.
|