05.04.2012, 12:52 Вардар и Работнички без предност во реваншите
Во Ѓорче Петров црвено-црните ремизираа со Ренова (1:1), а со идентичен резултат во реваншот во Турново ќе влезат и дебармаалци и Хоризонт
Трикратните македонски фудбалски шампиони Вардар и Работнички не успеаја да ја искористат предноста на домашниот терен во првите полуфинални дуели во Купот на Македонија.
Во Ѓорче Петров црвено-црните ремизираа со Ренова (1:1). Тетовци поведоа во 22. минута со автоголот на Вајс, израмнувачкиот погодок за вардарци беше дело на Огбона во втората минута од судиското продолжение. Со идентичен резултат во реваншот во Турново ќе влезат и дебармаалци и Хоризонт. На „Филип Втори“ во средата Пандовски погоди во 22. минута за водство на Работнички што го поништи Георгиев во 81. минута. Возвратните средби се закажани за 25 април.
Куп на Македонија, полуфинале, први мечеви
Резултати: Вардар - Ренова 1:1, Работнички - Хоризонт Турново 1:1. (С.Д.)
|