05.04.2012, 12:44 Кумановскиот бенд СИЗ во живо на Стотројка
Радиосеријалот „Ако никој не свири... во живо на Стотројка“ продолжува со претставување свежи и надоаѓачки бендови од независната македонска музичка сцена
Оваа недела во 22 часот, во глувата соба на Канал 103, ќе настапи новиот кумановски бенд СИЗ.
Во СИЗ (Самоуправна интересна заедница) членуваат Ивица Димитриевиќ (гитарист на повеќе поранешни кумановски бендови, како што се „Сизифс ворк“, „Јоркшир“, ХИП и сегашен гитарист на култните „Т.Б. трачери“) на гитара и вокал и Филип Станчевски (член на „Хипнополис“) на тапани.
Оваа несекојдневна музичка формација со минималистички пристап создава енергичен и непредвидлив рокенрол кој е инспириран од најразлични музички влијанија. Досега имаат снимено две песни што се продуцирани од Александар Златковски (01 Плант), а на настапот во Канал 103 ќе го отсвират материјалот што ќе се најде на нивниот деби-албум кој е во подготовка. За звукот ќе биде задолжен тон-мајсторот Ален Хаџи-Стефанов.
|