Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.04.2012, 17:37

За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто

До септември ќе се знае колкав процент ќе се плаќа за исклучување од системот на „Топлификација“

Откако Регулаторната комисија за енергетика предизвика револт кај корисниците за парно греење со новиот правилник, сега велат дека прво ќе ги слушнат забелешките на сите инволвирани страни, а потоа ќе ги дефинираат правилата за исклучување од парно.

Инаку, според верзиите што излегоа во јавноста, и она што најмногу ги налути потрошувачите е тоа што доколку се исклучат од системот на „Топлификација“, ќе мора да плаќаат 50 отсто од сметките, а ако сакаат да се исклучат, тоа нема да можат да го направат поединечно без согласност на сите станари во зградата.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Димитар Петров вчера информираше дека правилниците во делот на топлинската енергија се во работна верзија и се очекува да бидат донесени до почетокот на новата грејна сезона, а дотогаш ќе ги слушаат забелешките од сите инволвирани страни. „До септември планираме да ги донесеме правилниците за условите за снабдување, за тарифниот систем и за цени, како и мрежните правила за операторот на дистрибутивниот систем“, изјави вчера Петров.

Според него, моделите во условите за снабдување се разработени во согласност со нивните согледувања за досегашниот начин на функционирање на пазарот на топлинска енергија, а користени се и искуствата од околните држави, како и од државите членки на ЕУ. „Ги користиме тие искуства како податок за да имаат можност сите заинтересирани страни да го дадат своето мислење во однос на текстот на условите за снабдување. Тоа не значи дека ќе ги имплементираме во нашите услови за снабдување. Процентот од 50 отсто од цената што треба да го плаќаат граѓаните кои се склучени од системот за греење функционираше до одлуката на Уставниот суд во февруари 2009 година и е ставен во работната верзија како тогашен процент. Тоа апсолутно не значи дека ќе биде усвоен, но сега не би можел да прецизирам колкав ќе биде процентот“, рече Петров.

Тој додаде дека граѓаните кои се исклучиле од системот за централно греење во Бугарија плаќаат 15 отсто од надоместокот за користење топлинска енергија. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 1683 пати.

Испрати коментар



Разрешени 13 полициски командири во источна Македонија
Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго
Американски борбен авион падна врз станбен комплекс
Русија разместува ракети кај Калининград
За лозарите и овоштарите над 4,1 милиони евра субвенции
Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



А што работевте цела зима. Заклучоци и ваши предлози до 31 мај, 06.04.2012 20:43:05
Германски, чешки или словенечки стил на работа би бил навремено известување за овие ваши барања. Последен рок до кога треба да ме известите е 31 мај ајвани едни бирократски ајдуци уа неработници и поим немате. Јас во претставките што ви ги праќав па почнавте да измислувате правилници. Сиктер бе таму научете да работите. Не разочаран, ве мразам вас регулатори ладнофикатори профитери недораснати за работата што ви ја довериле. Ќе чекале до есен. Значи требаше да ви се буниме да ви праќаме писма и еве нешто демек предлози давате.
sdsad, 06.04.2012 21:45:24
da neka sonuvaat
Luda kukja, luda vlada, lud narod...!, 06.04.2012 22:41:06
Bez gragjanska komisija koja sto ke ima nadzor nad rabotata na monopolite ke ziveeme vo surov kapitalizam na eksploatacija- PIRATSKI (GUSARSKI) sistem na valst i biznis sto e partner so aramiite na vlast. Mora da mu se stavi kraj na ova diveenje so NASIOT IMOT I DRZAVA!
SMRZNAT, 06.04.2012 23:05:59
Protiv Ustavno e da plakas za nesto sto ne go koristes.......PROVERETE vo BIBLIJATA.
jovan, 07.04.2012 00:12:21
Ova veke nalikuva na *daj sta das*. Od 200 drzavi vo svetot Bugarskata Toplifikacija li ja najdovte za primer. Vo svetot nema nikade zadolzitelno da plakas nesto sto ne sakas da go koristis. Da ne mesame babi i zabi. Vo Canada ima zadolzitelno da plakas parno, bazen, sala, obezbeduvanje, no toa ti e vo kupoprodazniot dogovor na stanot, pa ako nesakas da zivees/kupis stan kade sto mora da plakas centralno greenje, zaednicki bazen, fitnes sala.... togas ke si kupis stan kade sto go nema toa. Vo Skopjevo nikoj ne kupil stan kade sto pisuva deka mora na Toplifikacija da i plaka parno. Isto taka, sto so onie firmi(gradezni) koj imaat eden kup neprodadeni stanovi. Ke mora li reket na Toplifikacija da i plakaat, ili ke im se progleda niz prsti,pa *komsiite ke im plakaat*. Toplifikacija neka si gi sredi cenite, kalolimetri, pa koj saka neka se gree. Ako imaat korektni ceni(a centralnoto greenje treba da e ubedlivo najeftino, a ne najskapo) togas nema lugeto da se isklucuvaat.
Gore, 07.04.2012 04:54:06
Mnogu prosto, imas proizvod, prodavaj. Ke go kupi samo toj koj go saka. Na koj vie mozete da mu naredete, da gi kupat site vasi jabolka i po cena koja vas vi odgovara ? Ke se great gragjanite na toa sto nim im odgovara po cena koja e najdobra za niv, vo sprotivno tie se privatnici, ne im se mesaj vo nivniot imot, se podaleku ne e vasa rabota. Blagodaram
Alter Ego, 07.04.2012 06:33:53
Samo shibicarite mozat da mislat deka vakvi eftini trikovi ke pominat. Ke plakate 50% za nesto sto ne dobivate, ke ima galama i posle ke simneme na 15% za da bidat srekni sto ke plakaat SAMO 15%. Za nesto sto ne dobivam ne plakam ni 1 den! A moze li jas da i naplakam na toplifikacija sto go koristi mojot stan za cevkite da pominuvaat i mi odzemaat od prostorot sto jas sum go platil?! Ako gragjanite sto se toplat na struja plakaat za parno togas i jas ako se toplam na struja sakam komsiite da mi plakaat 15% od smetkata za struja. Nikoj ne smee da mi naplati za nesto sto ne dobivam!
наша логика, 07.04.2012 07:36:36
Чудна некоја психологија имаме бре луѓе. Сите зборуваме за процентот кој ние треба да го плаќаме.Зошто никој не потера работа -Колку треба нам на кои се откажуваме да ни плати Топлификација што користи дел од нашиот имот за остварување свој профит.Цевките за вода, гајтаните за струја, телефон, кабелска се во ходници и од таму се спроведуваат до корисниците на услуги. Нека го направи тоа и Топлификација, нека си користи разноразни изолации за негубење енергија, нека си го намали ќарот. Тоа што во постарите згради е стар систем не треба мене да ме интересира, тие ќе си вложат, ќе го модифицираат и ќе ми се тргнат од мојата приватна сопственост оти по никој договор јас не потпишав дека доживотно ќе плаќам парно. И уште почудно е дека сите шпекулираат дека случајов со Топлификација многу наликува на случајот Атила и грчки посредници? Наликува ли?
Mene, 07.04.2012 08:06:40
A dali ako plakjame 15% za parno, toa znaci deka tie sto se na toplifikacija ke plakjaat 15% OD SMETKATA ZA STRUJA na EVN, zatoa sto ne se grejat na struja??? Samo ne ograbuvate, nisto povekje. Sto ne go kazavte ova pred lanskite predvremeni izbori.
Мишко Хаџи Мишко, 07.04.2012 08:20:56
А колку треба да ми плати Топлификација што и проаѓаат цевките низ мојот стан и што ми узурпира простор?
Petre, 07.04.2012 08:31:49
Математиката е екзактна наука. Како при исти параметри еднаш излегува 50% а друг пат 15%. Во регулаторната и во Топлификација има инжинери и како успеваат да кажат дека 22 не се 4 не ми е јасно. Уставниот суд го укина процентот од 50% што порано се плаќаше, логично и математички точно бидејки вистинскиот процентот е 0%. Жалосно е судиите кои се правници да ја знаат математиката повеќе од инжинерите. И сите овие турбуленции само со цел да не се уградат мерачи, бидејки тогаш Топлификација тешко ќе може да краде.
mkd, 07.04.2012 09:09:40
Realno i tolku treba da se naplaka za stanovite sto imaat vertikalni cevki bidejki realno koristat toplina a im ja plakaat komsiite sega,za tie sto imaat cevki vo kosulica treba da e 5%. No toa ne ja amnestira Toplifikacija da stavi kalorimetri koi treba da se zadolzitelni. Dali ke si gi platat stanarite ili tplf ke im naplaka mesecna zakupnina na primer 30 denari od kalorimetar ili nesto treto treba da se ispegla.
Kalimero, 07.04.2012 09:29:40
Ziveam vo EU, isto se grejam na parno greenje, na krajot na godinata sekogas doplakam najmalku 300€ eve veke so godini.Imame kalorimetri i ventili na sekoj radiator, pa taka ova go doplakam so dobro stedenje.Nesmejam ni da pomislam da se isklucam od sistemot, nema sansi nepostoi takva moznost so zakonite za kolektivno domuvanje. Skopska slika; radiatorite do daska bez regulacija i kalorimetri, a Toplifikacija vi nudi za 300€ da vi instalira, sto pravi nasiov pameten narod se isklucuva i se prefrla na struja da se gree.Vo EU takvo nesto nemozete ni da pomislite da go napravite, a pogotovo ponatamu da se greete na struja.Nego daj vrazumete se i vie tezneete za nekoj evropski zivot i standardi,.Objavete ve molam!!
Империјата го возвраќа ударот, 07.04.2012 09:48:40
Ако Регулаторна сака да ја спаси Топлификација од колапс, треба да ги намали цените 3-4 пати, да престанат да крадат во мерењето, да греат цела ноќ...Никој од арно не бега. Лично право е на секој да одлучи како ќе се грее Ако пак сакаат со кршење на човековите права да ни ја наметат со сила Топлификација .... ќе се браниме.
Mark, 07.04.2012 09:56:59
Ha, site nesto se umni, nekele parno, strujata bila poevtina!? E pa neka si se podgotvat za naesen, koga cenata na strujata ke pocne DA SE PRIBLIZUVA KON NORMALNATA VO EVROPA! Ke bide togas pistenje po ELEM, EVN, koj ke gi slusa...Koj ne znae(ili neke da znae) neka si otvori tabela na ceni na struja na Balkan i posiroko(dal Bog internet) pa neka pocne da si kalkulira! Inaku na regionov mu se predviduva tezok nedostig na struja pa koj razbira.. P.s. sto mislite - ELEM ke se doprodava so ovie ceni na struja? Malo morgen sto bi reko Slobo!
Mirce Vladimirov, 07.04.2012 11:43:45
Ma kakov posto, ako se resam da ne im bidam korisnik ke se plakja nula posto. Nema sansa nekoj da mi zeme pari za nesto sto JAS NE SAKAM DA GO KUPAM !!! Ako SAKAM DA KUPAM sto i da e na svetov togas se vikam kupuvac t.e. potrosuvac t.e. klient. A Toplifikacija bara da im bidam OBVRZNIK bidejki nivnite dobra NESAKAM DA GI KUPAM. Ke se tuzakame pa ke vidime po cie ke bide.
objektiven, 07.04.2012 13:20:16
E pa odi ti i zivej vo Blgarija. Zivej, zivej, rabotava!!!! A sto ako cela potstanica se otkaze?? Sto ako se stavi izolacija kaj tie koi NE SAKAAT da gi koristat Vasite KRIMINALNI i LOSI uslugi i servisi??? Bi rekol deka Vasata kompanija e leglo na PARAZITI koi se pomognati od vlastite za niven i Vas licen interes. Znaci podgotvuvate zakon koj go nemalo ni vo tursko ni vo kaursko, ta duri go nemase ni vo vremeto na ednoumieto kaj ozloglasenite komunjari. Taka se kazuvaat sega neli?! To bese eden mrak, toa edni crnila, to bese eden neviden uzas. No zatoa eve sega gledame nasekade e Bozja hubavina...Kako sto e opeana kaj Miladinov, neli? Od sto silno svetna den ne mozeme da gledame. OSLEPEVME!!!! Kako bese ona? BRAVAR JE BIO BOLJI?! Ili se lazam. No faktite, FAKTITE kazuvaat deka ne se lazam, neli?! Za skepticite i golemite patrioti so partiskite kniski, sto napraivme za makedonckite raboti? Pljacka? Harac, letnina? Kaj ke odat parite, kaj sultanot ili?! KRIMINALCI, nevideni.
dime, 07.04.2012 17:22:39
Koristeni se iskustvata od EU. A vo EU nema megjusebni carini, nema homologacija na vozila, a za visinata na platite i da ne zboruvam. Kako i zosto ne gi koristite ovie iskustva? Koga veke gi koristime kako izgovor, neli...
Nata, 07.04.2012 18:16:23
Toplifikacija gree samo do 21 casot i potoa mraz. Jas ke baram komsiite da mi plakaat zatoa sto jas gream do 1 casot na polnok a potoa panelite se staveni na odrzuvanje na temperaturata sto znaci deka jas gi gream a ne tie mene.
Виктор, 07.04.2012 22:38:08
Најнова глупост што може да се слушне е дека Правилникот се носи со цел заштеда на струја, бидејќи исклучените од Топлификација трошат повеќе струја и наводно со тоа го нарушувале енергетскиот систем. Па, во лето се троши можеби повеќе струја отколку во зима, зашто нема институција, компанија, продавница итн. да не се лади со клими! Дури и повеќето домаќинства користат клими! За разлика од зима, кога повеќето куќи се загреваат на дрва, сега и тие домаќинства користат струја и се ладат на клими. Или можеби Регулаторна ќе воведе централно ладење преку фирма на Топлификација (Ладнификација) и со одлука ќе го задолжат секое домаќинство да се лади преку неа. Смешки за мали деца.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Делумно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |