-->
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Хороскоп

Хороскоп



ОВЕН

Се уште сте расположени да запознавате нови луѓе. Викендов ќе мине во тој знак. Доколку сте соло, ѕвездите ви носат интересно познанство кое би можело да го означи целиот ваш живот. Доколку сте во врска, минете ги вечерните мигови во повторно запознавање на себе и на својот партнер.



БИК

Ненадејно ќе се почувствувате удобно во сопствената кожа и ќе почнете да се прашувате што ви било во последно време. Ако сте во врска ќе сфатите дека сте пропуштиле скапоцени моменти со партнерот, па викендов ќе се обидете да надоместите дел од изгубеното време.



БЛИЗНАЦИ

Обидете се да размислувате што помалку за минатото, убавите времиња и посветете се на реализација на иднината. Ако некој ви недостасува толку многу, симнете се од пиедесталот и покажете дека и вие сте човек. Викендов е вистинско време за обновување на старите врски...



РАК

Искористете го викендов да им покажете на луѓето околу вас дека немате намера лесно да се откажете од замислените идеи. Но, сочувајте дел од енергијата и за остварување на љубовните планови. Имате премногу скокотливи идеи на ум...



ЛАВ

Ѕвездите ви се наклонети. Имате добитна комбинација на преговори и разговори, како на деловен, така и на љубовен план. Тоа најверојатно значи дека ќе водите разговори со некој за кого одамна мислевте дека излегол од вашиот живот.



ДЕВИЦА

Доживувате сензуални промени на сите полиња. Жедно сакате на некого да му ја раскажете својата тајна. Силно се лутите поради тоа што не можете да сокриете што чувствувате, зашто ви се чита од лице. Вечерва ќе мора први да повлечете потег.



ТЕРЕЗИЈА

Бидејќи се евидентни ограничувањата кои се резултат на вашата неприлагодливост кон новонастанатата ситуација, ќе бидете незадоволни. Партнерот ги изневери вашите очекувања, здравјето не е сјајно... Побарајте совет од поискусните луѓе.



СКОРПИЈА

За разлика од инаку црниот хумор, викендов на памет ќе ви бидат само парите, па наместо да се одморате, ќе работите. Можеби е најпаметно да направите пауза, да одите еден час во теретана, а в��черните мигови да ги минете во друшто на партнерот.



СТРЕЛЕЦ

Ќе го решите проблемот, но ќе мора да вложите голем труд. Ќе почувствувате задоволство зашто уште еден проблем е надминат. Бидејќи нервозата е придружна појава, препорачливо е да бидете внимателни во комуникацијата со околината.



ЈАРЕЦ

Сериозно гледате на работните обврски и строго ги прекорувате сите оние кои се однесуваат спротивно на вас. Сепак, треба да имате на ум дека е викенд и дека сите заслужуваат некој ден за одмор. Не претерувајте зашто ризикувате да ве замразат во работната средина.



ВОДОЛИЈА

Многу зборувате, малку работите. Пожелно е да правите обратно. Планирате нови деловни потези. Одбегнувајте ги финансиските вложувања, зашто ќе изгубите. Ако имате здравствени проблеми, појдете на лекар и дознајте ја вистинската дијагноза.



РИБИ

Доколку се уште имате незавршени обврски, викендов е одличен да финиширате со тоа што сте започнале. Ќе минете доста време покрај телефонот, а добивањето на она што го сакате ќе оди малку потешко. Не се откажувајте, посебно ако меѓу плановите е и вечера во двојка.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 16°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |