Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.04.2012, 17:33

Премиера на „Генетика на кучињата“

Венко Андоновски, Дејан Пројковски и целата екипа на претставата во Драмски најавуваат нов македонски бренд

Сунчица Уневска

„Претставата ’Генетика на кучињата‘ ќе биде нов македонски драматуршки бренд. Овој текст на Венко Андоновски е еден од оние култни текстови кој македонската драматургија како таков ќе го препознае“, рече режисерот Дејан Пројковски на денешната прес-конференција, на која беше најавена новата премиера во Драмски театар што ќе се одржи на 11 април во 20 часот.

Јелена Жугиќ, која е дел од актерската екипа, отиде уште подалеку од режисерот Пројковски и рече дека, според нејзиното интимно чувство, ова ќе биде претстава која во поновата театарска уметност ќе стане своевиден меѓник, односно дека ќе се зборува за театарската уметност до „Генетика на кучињата“ и по неа.

Навистина, сите кои се дел од овој проект и кои беа на прес-конференцијата беа полни со пофалби за претставата, која е подготвувана два и пол месеца. Драган Спасов-Дац го игра Игњат, Јелена Жугиќ е г-ѓа Ренате, Дејан Лилиќ е Леоне, Роберт Велјановски е истоимениот доктор, Рубенс Муратовски е пречесниот, а Билјана Беличанец ја игра Сара. Во оваа претстава, која и самите учесници ја нарекуваат глембаевска и која ја зема балканската крлежијада како одредница, иако не станува збор за никаков римејк, играат и: Филип Трајковиќ, Драгана Левенска, Зоран Љутков, Никола Ацески, Игор Ангелов, Гордана Ендровска, Крсте Јовановски и Жарко Димоски.

Како што рече авторот Венко Андоновски, станува збор за сосем изворен текст, кој е можеби надграден или го зема глембаевизмот како инспирација, како обележје, како одредена општествена состојба. Во него има и два лика кои имаат исти имиња како кај „Глембаеви“ на Крлежа, но тоа се наши ликови, ставени во сосем поинаков контекст. Иако по се' изгледа дека времето и не е многу сменето.

Венко Андоновски вели дека досега нема направено вака широка драмска претстава, која преку епското платно се занимава со распадот на семејството, со општествените дијагнози што го предизвикуваат тој распад.

„Тоа е натуралистички суров текст, кој зборува за нашето време. Тоа е анатомија на злото, анатомија на парите, на тоа како парите влијаат на телото и на духот на модерниот човек, како влијаат на расчовечувањето, без човекот и неговата околина да се свесни за тоа“, изјави Андоновски. Инаку, тој вели дека во текот на подготовката на претставата чувствувал како тоа да е партитура која актерите со својата умешност само ја надополнуваат, додавајќи дека според него ова е, всушност, претстава на актерите.

Роберт Велјановски зборуваше дека добрината и големината на овој текст ја гледа во моќта да ги премине границите. Тој рече дека во неа авторот експлицитно говори за тоа во какво време живееме, за тоа колку парите прават да станеме невнимателни кон другите, нарекувајќи го сето тоа „соколски лов“. „Македонската драматургија со овој текст на Андоновски ќе стане побогата и мислам дека по долго време ова е претстава која на секое ниво е комплетно заокружена“, додаде Велјановски. Додека Јелена Жугиќ рече дека оваа претстава покажува дека сме подготвени да играме на многу поголема сцена и со многу поголеми буџети и дека, дефинитивно, сме подготвени да влеземе во некој посовршен простор што нуди многу поголеми можности, како што се очекува да биде новиот театар.

Авторот Андоновски додаде и дека она што за него е, исто така, особено во оваа претстава е судирот на генерации. Оној судир што се јавува меѓу нив и како своевидна реална конкуренција меѓу различни генерации, но и поради нивната извонредна соработка со која успеваат на сцената да го донесат тој судир. „Нешто што можат само дела со епски формат, како што беше на пример ’Диво месо‘“, изјави Андоновски. На претставата работеа и: Владо Ѓорески како сценограф, костимографијата е на Благој Мицевски, а музиката ја подготви Горан Трајковски.


Статијата е прочитана 777 пати.

Испрати коментар



Велигденски концерт во топла атмосфера, но со многу дилеми
„Хамлет машина“ и „Човек во ходникот“ на „Танц-фест“
Почина креаторот на „Порше 911“
„Црно енд бело Србија“ во МСУ
Промоција на „Сите тие краеви“
Драгана Мирковиќ донираше 5.000 евра на фондацијата „Тоше Проески“
Овации за холандските танчари на „Танц фест“
Кумановскиот бенд СИЗ во живо на Стотројка
Хју Грант ја прекинува актерската кариера
Вечерва голем Велигденски концерт
Кемал Монтено мора на трансплатација на бубрег
Транссексуалка вратена во изборот мис на Канада
(ФОТО) „Џез и мода“ во амбасадата на САД
Ќе добијам уште еден автомобил
Пронајден најстариот жичан инструмент
Денеска сончево и потопло време
Модниот викенд стана модна недела
„Џек и Џил“ убедливо најнаграден филм со Златни малини
Среќни вести од трите дневни весници за кумановци
Американец доби 640 милиони долари на лотарија!
Пуштена во продажба монографијата „30 години Скопски џез фестивал“
Уметнички дела со моторна пила
Почнува летниот возен ред на жичницата „Милениумски крст“
На „Новинарите пеат“ ќе настапат 15 новинари
Времето денеска- Облачно и дождливо
Шпанските проститутки им го ускратуваат сексот на банкарите
Отворен новиот трговски центар на Mr.Bricolage во Скопје
Марко Коловски и Питер Шепард добитници на наградите на СОКОМ
Наградата „Роман на годината“ врачена на Снежана Младеновска-Ангелков
После 30 години игри на среќа, конечно добив автомобил
Џејн Фонда ќе ја глуми Ненси Реган
Скандинавците пијат нездраво
Аукција на дела од Малиот битолски Монмартр
Денеска свечено ќе биде врачена наградата „Роман на годината“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Делумно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |