04.04.2012, 14:38 Транссексуалка вратена во изборот мис на Канада
„Организацијата Мис јуниверс ќе и овозможи на Џена Талакова да се натпреварува на изборот за мис на Канада 2012“, пишува во соопштението.
Џена Талакова, една од финалистките за избор на мис на Канада, која е елиминирана од конкуренција, зашто е откриено дека е родена како момче и се подложила на операција на промена на полот, според последната одлука, сепак, ќе може да се натпреварува.
И покрај фактот дека официјалните лица од организацијата ги демантирале тврдењата оти Џена ја дисквалификувале поради промената на полот, на која се подложила во младоста, туку дека дамата е дисквалификувана зашто го лажела жирито, сега ја смениле одлуката.
Мајкл ди Коен, извршен претседател и специјален советник на Доналд Трамп, им испратил на медиумите соопштение во кое пишува дека Џена Талакова, сепак, ќе се натпреварува.
„Организацијата Мис јуниверс ќе и овозможи на Џена Талакова да се натпреварува на изборот за мис на Канада 2012“, пишува во соопштението.
Денис Давила, директор на организацијата. Тој рекол: „Девојките имаат право да ги менуваат фактите што ќе ги напишат првично на пријавата. Така сторила и госпоѓицата Талакова, а тоа не е редок случај. Во нашата организација не постои дискриминација и нашиот потег оди во прилог на тоа тврдење“.
По протерувањето на Талакова од понатамошното натпреварување, организаторите наишле на големо неодобрување од јавноста, публиката и обожавателите, а повеќе од 20.000 луѓе потпишале онлајн-петиција Талакова да се врати на натпреварувањето.
|