05.04.2012, 17:32 Промоција на „Сите тие краеви“
„Сите тие краеви“, дебитантска книга раскази на младиот автор Бранислав Ѓорѓевски, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во просториите на ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија. Делови од книгата ќе читаат студенти од ФДУ, а ќе биде прикажан и краток филм. Филмот е инспириран од кратките раскази на Ѓорѓевски, низ кои најчесто провејуваат урбани и современи теми кои се актуелни за денешниот млад човек. Ѓорѓевски дипломира новинарство на Правниот факултет, а неговиот краток расказ „Нешто како љубов“ влегува во 10 одбрани раскази на регионалниот книжевен конкурс „Збор во просторот“, кој е составен дел од традиционалните „Априлски средби“ што се одржуваат во Белград секоја година. |