Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
05.04.2012, 13:43

Овации за холандските танчари на „Танц фест“



Со четири кореографии на реномирани автори, во изведба на „Недерланд денс театар“ од Холандија, завчера во МОБ стартуваше осмиот „Танц фест“

Тина Иванова

Врвните танчари од реномираната холандска компанија „Недерланд денс театар“, ја воодушевија многубројната публика на завчерашното отворање на осмиот „Танц фест“ кое се случи во Македонската опера и балет. Поделени во три дела, четирите кореографски видувања, сосема различни едно од друго, во кои својот потпис го ставаат Јиржи Килијан, Ханс ван Манен и Јохан Ингер, беа поздравени со овации. Фестивалот кој ги носи современите идеи, техники, експерименти и изрази во, претежно, европската танцова уметност, и годинава стартуваше со исклучителен колаж од прогресивна креативност.

На бавни сегменти од Моцартовата лирска музика, преточени низ електронско-акустичните звуци на композиторот Дирк Хаубрих, танцуваа шестмина танчари во чија игра беше вклучена и едноставната сценографија од бели платна, на кореографијата на Килијан наречена „Бессони“. Ова иновативно дело фасцинираше по својата структура, а декорот, т.н. синтетички ѕид, значеше симболичко соединување помеѓу телата и предметот. Тоа беше игра на фантазија и илузија, во што помогна и одличното осветлување, а со тоа и играта на сенките. Танчарите беа поздравени со силен аплауз.

Минималистичкиот принцип во однос на сценографијата, костимите, музиката, па во некои делови и во креацијата на играта, продолжи и понатаму, особено во второто кусо дело на Ханс ван Манен, наречено „Дежа ву“, кое својата премиера ја доживува во 1995 година. Љубовниот танчарски дует беше поставен врз „Фратрес“, прекрасното дело на естонскиот современ композитор Арво Парт, музика која сама по себе плени, но во соединение со движењата на телата и во случајов, нивната сплотеност и разединетост, беше неповторливо доживување.

Втората кореографија на ван Манен, наречена „Соло“, се чини најповеќе ја воодушеви публиката. И навистина, мошне интересно и провокативно е воопшто да се помисли да се игра на Сонатата за виолина од Јохан Себастијан Бах, а не пак, навистина да се постави како кореографска творба. Токму тоа, на брзите виолиниски пасажи, тројца машки танчари се менуваа еден под друг излегувајќи на сцената, асоцирајќи на еден вид на натпревар на брзи, динамични и спретни движења и гестикулации. Комично, во еден сегмент, но мошне комплексно дело, кое танчарите на „Недерланд денс театар“ го претставија со извонредна вештина и нескротлива енергија.

Оваа вечер ја заокружи кореографијата на Јохан Ингер насловена „Поинаков јас“, која беше и најмасовна. Во ова дело со повеќемина танчари, кои играа на музика на познатиот пејач и композитор Ван Морисон, видовме и една сосема поинаква приказна, која беше спој на звук, танц и говор, односно н�� актерска игра и импровизација.

Се на се, завчера бевме сведоци на едно исклучително уметничко милје. Видовме танцови дела кои имаме ретка можност да ги гледаме овде во Скопје, а притоа и да се воодушевуваме на свежината која ја носат со себе, на модерниот израз, на моќната индивидуална креативност.


Статијата е прочитана 526 пати.

Испрати коментар



Велигденски концерт во топла атмосфера, но со многу дилеми
Премиера на „Генетика на кучињата“
Почина креаторот на „Порше 911“
„Црно енд бело Србија“ во МСУ
Промоција на „Сите тие краеви“
Драгана Мирковиќ донираше 5.000 евра на фондацијата „Тоше Проески“
Кумановскиот бенд СИЗ во живо на Стотројка
Хју Грант ја прекинува актерската кариера
Вечерва голем Велигденски концерт
Кемал Монтено мора на трансплатација на бубрег
Транссексуалка вратена во изборот мис на Канада
(ФОТО) „Џез и мода“ во амбасадата на САД
Ќе добијам уште еден автомобил
Пронајден најстариот жичан инструмент
Денеска сончево и потопло време
Модниот викенд стана модна недела
„Џек и Џил“ убедливо најнаграден филм со Златни малини
Среќни вести од трите дневни весници за кумановци
Американец доби 640 милиони долари на лотарија!
Пуштена во продажба монографијата „30 години Скопски џез фестивал“
Уметнички дела со моторна пила
Почнува летниот возен ред на жичницата „Милениумски крст“
На „Новинарите пеат“ ќе настапат 15 новинари
Времето денеска- Облачно и дождливо
Шпанските проститутки им го ускратуваат сексот на банкарите
Отворен новиот трговски центар на Mr.Bricolage во Скопје
Марко Коловски и Питер Шепард добитници на наградите на СОКОМ
Наградата „Роман на годината“ врачена на Снежана Младеновска-Ангелков
После 30 години игри на среќа, конечно добив автомобил
Џејн Фонда ќе ја глуми Ненси Реган
Скандинавците пијат нездраво
Аукција на дела од Малиот битолски Монмартр
Денеска свечено ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 7°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 17°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |