31.03.2012, 16:55 Среќни вести од трите дневни весници за кумановци
Повеќе од три часа акција „Среќни вести“ беше организирана на Градскиот плоштад во Куманово за читателите. Кумановци кои слободното време го поминуваат во меѓусебни средби на Градскиот плоштад и оние кои беа на поминување безмалку без исклучок застануваа и купуваа некој од трите дневни весници на МПМ.
Бевме пријатно изненадени од масовноста во Куманово, каде многумина денеска си ја пробаа среќата, а истовремено и добија весник.
Кумановката Габриела Крстевска вели дека често купува „Дневник“ и иако до сега лозовите биле без добивка, таа ги испраќа за учество во наградната игра „Среќни вести“.
– Во животот никогаш не сум добила ништо на среќа, но никогаш не се знае. Можеби оваа наградна игра ќе ми овозможи да добијам една од наградите кои во денешно време навистина се привлечни. А и ако не добијам ништо барем ќе имам весник за читање, вели Габриела.
Акцијата во Куманово е втора, по онаа минатиот викенд во Скопје. (С.А.Ј.) |