Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.04.2012, 20:03

Карлос Слим го виде Скопје

Мексиканскиот милијардер вчера го посети Музејот на ВМРО, Спомен- куќата на Мајка Тереза, ручаше во „Стоун бриџ“, па замина за Охрид

Соња Маџовска

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим го виде Скопје, а најмногу време одвои за министрите и премиерот Никола Груевски.

Домаќините вчера, како и што беше најавено, најбогатиот човек на светот го прошетаа во Музејот на ВМРО, како и во Спомен-куќата на Мајка Тереза. Во Владата на видеобим му беа претставени проектите за привлекување странски инвестиции, со министерот за информатичко општество Иво Ивановски ручаа во „Стоун бриџ“, по што заминаа за Охрид.

По презентацијата во Владата, министерот за финансии Зоран Ставрески вчера беше задолжен да даде изјава, при што оцени дека посетата на Слим ја става Македонија на светската мапа на земји добри за инвестиции.

Бидејќи мексиканскиот милијардер Слим не даде изјава, Ставрески го пренесе неговиот впечаток, според кој Македонија на добар начин ја има поставено бизнис-климата, дека има добар амбиент за инвестиции, а она што земјата го нуди како најатрактивен даночен пакет во Европа, посебно го воодушевило Слим. Најголем интерес финансискиот магнат искажал за неколку проекти од областа на рударството, енергетиката и приватизацијата на државни компании. Но, бидејќи станува збор за негова прва посета не беа соопштени повеќе детали. „Ефектите и влијанието од неговата посета на Македонија треба да се гледаат на директен и на индиректен начин. Директниот начин е тоа што тој е присутен тука, и можеби и неговиот личен и директен интерес за некои од проектите за кои зборувавме, но уште повеќе да ја искористиме мрежата на познанства со крупни инвеститори, која ја има Слим. Бидејќи ако тој лично за одреден проект не е заинтересиран, тогаш може да заинтересира други инвеститори. Така што на директен и на индиректен начин Македонија ќе има големи ефекти од оваа посета“, оцени Ставрески.

На средбата во Владата министрите на Слим му претставиле повеќе проекти во енергетиката, како „Вардарска Долина“, во областа на недвижностите, изградба на станбени комплекси во касарната „Илинден“, „Сончев град“, туристичките развојни зони во Охрид, Преспа и Дојран. Биле презентирани и проектите во делот на можностите за инвестирање во рударството, како и за приватизација на државни компании како „Тутунскиот комбинат“, и во делот на инфраструктурните проекти кои се однесуваат на изградбата на автопати на коридорите 8 и 10, железничката линија кон Бугарија и слично. „Нашата цел беше Слим да добие претстава за вкупните потенцијали на Македонија, за оние крупни проекти за кои настојуваме да привлечеме странски инвестиции. Неговото присуство во Македонија е проследено од буквално сите светски медиуми. Слим е човек кој каде и да се појави предизвикува внимание и тоа ќе помогне да добиеме добар профил и да бидеме позиционирани подобро на светската мапа на инвестициите“, рече Ставрески.

Телекомуникацискиот магнат Карлос Слим со седум свои пријатели престојува во Македонија. Тој пристигна во Скопје во саботата, со сопствениот авион, а на аеродромот беше пречекан од министерот за информатичко општество Иво Ивановски. Слим уште вечерта во саботата имаше средба со премиерот Никола Груевски во неговиот кабинет. Министерот Ивановски по средбата изјави дека Слим е добро запознат со состојбите во Македонија, посебно за стапката на невработеност, задолженоста, секторите кои имаат потенцијал за инвестирање и за тоа кои се најголеми извозници. На првата средба со премиерот го искажал задоволството што млад тим ја раководи државата, како и за постигнатите резултати за време на светската економска криза.

Слим досега не инвестирал во Европа, но тој и неговите компании се заинтересирани да го прошират својот бизнис.

Богатството на 72-годишниот Карлос Слим се проценува на 69 милијарди долари, а го стекнал во секторот на телекомуникациите. Сега работи во областа на трговијата, финансиите, суровините и енергетиката и во секторот на малопродажба.

Гравче и ајвар - дел од менито

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски беше домаќин на вчерашниот ручек во „Стоун бриџ“, на кој покрај мексиканскиот милијардер Карлос Слим, присуствувале и другите учесници на Конференцијата за информатичка технологија.

Било подготвено обично мени, открија од кабинетот на министерот Ивановски. За предјадење биле послужени салати, рукола со домати и моц��рела, а за главно јадење било сервирано пилешко, гравче, ајвар, модар патлиџан. По ручекот гостите заминаа за Охрид.

Македонија на светската медиумска мапа

Охрид - Изминатиов викенд сите патишта водеа кон Охрид, македонската туристичка метропола, природниот и

културно-историски бисер под патронат на УНЕСКО. За прв пат досега, во посета на Македонија и Охрид беа претседателот на Република Руанда, Паул Кагаме, најбогатиот човек на светот Карлос Слим, како и многу други високорангирани личности од светот на бизнисот. А во Охрид беше и комплетниот македонски државен врв, претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, како и поголем број министри од Владата.

Формален повод за ваквото елитно собирање е состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и УНЕСКО. Собирот се одржува во елитниот хотел „Инекс Горица“ каде што и се сместени високите гости. Животот во Охрид викендов функционираше под посебен безбедносен режим, на што домаќините се навикнати и главно го одобруваат, свесни за високите ефекти во поглед на туристичката и културна промоција на градот. Заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено е ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот. Доаѓањето на претседателот на Република Руанда, Паул Кагаме, и на мултимилијардерот Карлос Слим во Македонија и нивното присуство на собирот во Охрид, направија овој град неколку дена да биде на светската мапа на медиумскиот интерес. Медиумите, пред се', од балканските земји, но и светот, го нагласуваат доаѓањето на телекомуникацискиот магнат Карлос Слим во Македонија и можните инвестиции во повеќе сектори во земјава. Странските медиуми пишуваа дека Македонија е земја каде што се' повеќе компании сакаат да инвестираат во најбрзо растечките сектори, а и коментираа дека Владата веќе почнала да трие раце од посетата на Слим. (В.М.)


Статијата е прочитана 5424 пати.

Испрати коментар



И шегите не се тоа што беа...
Фрустрациите ја одржуваат напнатоста во живот
Армискиот врв во Кабул
Поддршка за решавање на сириската криза
Посложна опозиција - поголеми шанси против ВМРО-ДПМНЕ



Itar Pejo, 02.04.2012 00:18:16
Vo posledniov paragraf na statijava: Странските медиуми пишуваа дека Македонија .... Moze li da se znae koi stranski mediumi? Istotaka interesno e sto Slim go izbral Stavrevski za portparol.
Od Melburn, 02.04.2012 05:29:14
Sekogas nastojuvaat da se povrzat so kompanii od somnitelni drzavi za da mozat da delat provizii... Ne procitav dosega deka sakaat da se povrzat so nekoja kompanija od Amerika ili Zapadna Evropa...
nepoznat, 02.04.2012 09:24:47
sreka sto vremeto posluzi inaku neznam kako ke gi iscistese kondurite od kal pri vlezot vo hotelot.
Mnoigu zgusteni investicii, 02.04.2012 09:44:34
Indija, Malezija, Katar pa Slim !? Ajden neka bide airlija , ama mnogu naednas i zbieno dojde. Ce nemame prostor kade da gi smestime investiciite. Starite rekleajde ce vidime ,ili najprvo skokni posle vikaj opa a a! ! !Da ne ispdane kako onaj hotelot kaj starata zelznicka stanica , blizu Ramstor, kade vece uste pred dve godini Janakievski tvredese deka ce pie kafe so site koi se somnevaat vo negoviot proekta, koga posto-zasto go prodade placot na navodno nekoi stranski invetitori, koi ce izgradele hotel so sv etski brend.
скопјанец, 02.04.2012 10:04:41
да видам па да поверувам инаку неверни тома сум за владата која ја пишува секоја лага.Зошто тој дошол во македонија тој си знае но дека тој ќе инветира во македонија би сакал да видам и да чујам во што ќе инвестира,колку луге ќе вработи и сл. јас ве поздравувам нека е честит велигденскиот празник
od ostrijot, 02.04.2012 10:10:50
da karlos slim go vide skopje i rece takvo cudo dosega nesum videl dali go toa rekol vo pozitivna ili negativna smisla nee vazno.
Istocna Makedonija, 02.04.2012 10:37:27
Svetskiot magnat,g-din Slimja vide Makedonija i toa e dobro.A,nasive se impresionirani,megu drugoto kako skromen i doblesen covek e.Cudno za niv,dosol so obicno vozilo,nebare trebalo da dojde so svemirki brod!Sepak,sme neizziveani,a g-dinot Slim svojata biznis imperija stuozno i krea- tivno ja gradel so godini.Nie,preku nok i so sred- stva,cestopati i beskrulozni,sakame isti ili slicni takvi imperii vo edna,ekstremno siromasna i mala zemja!
nato-jato, 02.04.2012 12:03:52
Странските медиуми пишуваа дека Македонија е земја каде што се повеќе компании сакаат да инвестираат во најбрзо растечките сектори, а и коментираа дека Владата веќе почнала да трие раце од посетата на Слим. (В.М.) ... Mislam deka vladata sekako si trie race(kesarica) i so Slim i bez Slim....!
evropeec, 02.04.2012 14:50:25
Normalno deka ne dal izjava milijarderot. Gi videl site gluposti vo anticko Skopje i divite vmr OVCI.
Goran, 02.04.2012 14:59:29
Itar Pejo, ne sme ti nie krivi sto ne znaes da citas... Idi na google pa baraj, ili pak daj nekoj neka ti pobara pa da se informiras. Me interesira sto ne napises edno pismence to Brane tvoj, sto toj ne go donese Slim porano?
Космополит, 02.04.2012 16:42:17
Нашиве се радуваат што дошол, демек ќе инвестирал. Ако сакате да бидете посериозни од нашава влада, пишувајте реално т.е. кога ќе бидат потпишани договорите. А што се однесува до проектите што грујо му ги презентирал, па тие се стари од пред 7-8 години Сончев Град (каде се Израелците??) или пред 20-25 години-Вардарска Долина (каде се Французите??). Ова се само прикаски за мали деца. Ама вазно милијардеот пробал и бил имресиониран од тавче гравче и ајвар, е ова проаѓа само во Македонија!!
miki, 02.04.2012 17:53:10
дали кога го видел Центарот на Скопје начичкан со споменици се крстел???
SV, 02.04.2012 18:36:30
Naravno gi videl site spomenici i za koj gluposti se trosat parite sega dosol i nikogas poveke so ne go odvele i vo nekoj drug grad pa da vide kakvi ubavi ulici i trotoari imame toa e cudo totalna katastrofa .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 25°C

Ведро

Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |