28.03.2012, 18:49 Грчката полиција пронајде статуа стара 2.500 години
Незаконски присвоената статуа која претставува фигура на млада жена, била пронајдена во козарник
Статуа која датира од пред 2.500 години беше запленета денеска од страна на грчката полиција во предградие на Атина.
Според претставници на полицијата, незаконски присвоената статуа која претставува фигура на млада жена, била пронајдена во козарник, во едно од предградијата на грчката престолнина.
Љубителите на антиката, кои заобиколиле законот - сопственикот на козите и негов соучесник, се обиделе да ја продадат фигурата за половина милион евра, но биле притворени.
Статуата, висока, 1,2 метри, е речиси целосно зачувана - недостасува само дел од левата рака и постаментот.
Фигурата е изработена од мермер и според првичните проценки таа датира од 502 година пред нашата ера. |