27.03.2012, 14:29 Одредени двојките за четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони
Кирил Лазаров со својот тим Атлетико Мадрид за место на завршниот турнир ќе се бори со словенечкиот Цимос Копер
Попладнево со ждребка беа одредени двојките за четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров со својот тим Атлетико Мадрид за место на завршниот „Фајнал фор“ турнир ќе се бори со словенечкиот преставник Цимос Копер, екипа која во групната фаза играше со македонскиот првак Металург.
Тимот на Загреб Кроација Осигурување, кој го елиминира Металург, за противник во четвртфиналето ќе го има германскиот Кил, еден од главните кандидати за шампионскиот трофеј.
Актуелниот европски шампион Барселона за пласман меѓу четирите најдобри ќе се бори со Копенхаген, додека третиот шпански претсавник Адемар Леон ќе игра против Фуше Берлин.
Првите натпревари ќе се играат од 18 до 22 април, реваншите се седум дена подоцна. |