26.03.2012, 23:10 Металург нема да го игра натпреварот со Вардар Про од СЕХА лигата
Причина за ваквото барање на РК Металург е задолжителната заштита на 12-мината репрезентативци
Македонскиот првак Металург на попладневниот состанок на Управниот одбор поднесе барање за одложување на утрешниот натпревар со Вардар Про (закажан за 18 часот), бидејќи не е подготвен да игра, односно да го одигра во друг термин, сметајќи дека во овој момент двата клуба и пред се репрезентацијата на Македонија имаат позначајни приоритети отколку одигрување на овој натпревар од СЕХА лигата, кој е без натпреварувачко значење.
Во соопштението испратено со претседателот на СЕХА лигата Санди Шола и до комесарот на СЕХА лигата Драган Начевски, РК Металург бара нов термин за натпреварот со Вардар Про и поместување на завршниот турнир за најмалку една седмица, со што би имале доволно време да ги одиграат сите заостанати натпревари (Вардар Про, Татран Прешов и Црвена Звезда).
Причина за ваквото барање на РК Металург е задолжителната заштита на 12-мината репрезентативци на Македонија кои веќе в среда треба да се јават на собирот на почетокот на подготовките за квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон, а кој ќе се игра во Гетеборг. |