26.03.2012, 14:54 Дејвид Бекам ја продава својата колекција на автомобили
Во колкецијата се наоѓаат два Бентли, Бе-Ем-Ве 645, Ренџ Ровер Спорт и неговиот Ламбордџини Галардо
Фудбалерот Дејвид Бекам ја продава својата колекција на автомобили, која чини повеќе од 790.000 долари.
Во колкецијата се наоѓаат два Бентли, Бе-Ем-Ве 645, Ренџ Ровер Спорт и неговиот Ламбордџини Галардо, што беше купен за 268.872 долари, како и три мотори Харли Дејвидсон.
Колекцијата на Бекам е неверојатна и секоја од овие авотмобили вреди цело богатство.
Исто така, Бекам планира да ја продаде и луксузната вила во лондонскиот крај Хертфоршир кои британските медиуми ја нарекоа Бекигемска палата по примерот на Бакингемската палата, а се шпекулира дека чини околу 28,4 милиони евра, како и вилата во Франција вредна околу 3,9 милиони долари, како би се фокусирале на животот во Лос Анџелес со синовите Бруклин, Ромео, Круз и ќерката Харпер. |