26.03.2012, 13:35 Детонаторска каписла му пукнала в џеб
Детонаторска каписла му пукнала в џеб на 23-годишно момче од охридското село Ботун. Инцидентот се случил во неделата наутро кога тројца градежни работници го забележале момчето како лежи на патот кон населбата Рача и бара помош. Веднаш го префрлиле во болницата „Св. Еразмо“, каде му биле констатирани повреди на левата натколеница. Според неговото кажување, тој ја пронашол детонаторската каписла, ја ставил в џеб, па по некое време експлодирала. Полицијата го расчистува случајот. (Г.А.) |