26.03.2012, 15:01 Водата во градската мрежа на Прилеп е исправна
Водата во градската мрежа во Прилеп е исправна и може да се пие без превривање, стои во записникот на Агенцијата за храна и ветеринарство, по направените хемиско-физички и микробилоошки анализи, соопшти Сашо Николоски, директор на прилепски Водовод.
Со препорака на Центарот за здравје и прилепски водовод, изминатите денови прилепчани мораа да ја превриваат водата пред да ја употребат за пиење, поради заматувањето што се јави во градскиот водовод по наглото зголемување на изворот Студенчица откако се стопија снеговите.
- Немаше случај на цревни заболувања поради водата зашто водоводното претпријатие инсистираше на такви информации од инфективното одделение и од Центарот за здравје, изјави Николоски.
Минатата недела од системот се исклучени 15- тината бунари кои повеќе од три месеци, во текот на зимата на прилепчани им обезбедуваа вода за пиење. Сега има доволно вода од Студенчица од каде доаѓаат околу 300 литри во секунда. |