26.03.2012, 10:39 Холанд води пред Саркози во кладилниците
Во Франција освен во спортските кладилници, другите видови на шпекулации не се можни. Но затоа пак доволно е да се премине каналот Ла Манш, тогаш можете и да заработите некое евро или фунта на престојните претседателски избори.
На пример, некој кој ќе стави еден долар на победата на Никола Саркози ќе заработи 2,75 долари, додека Франсоа Холанд е помалку исплатлив. Кандидатот на социјалистите носи заработувачка од само 0,28 долари, ова според интернте кладилницата „Ладброкес“.
Кладилницата „Интраде“ на Франсоа Холанд му дава 70 проценти шанси да победи на претседателските избори.
Англосаксонските медиуми посебно се интерсираат за курсот на влоговите при изборите, бидејќи тие се покажале многу поточни и од сите испитувања на јавното мислење.
„Интраде“ во 2004 ја прогнозираше победата на Џорџ Буш, а во 2008 на Барак Обама. Сепак победата на изборите се добива не со вложување во кладилниците, туку со ставање на гласачкото ливче во кутиите. |