Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.03.2012, 08:55

Сеул ќе ја собори севернокорејската ракета

Јужна Кореа во воздух ќе ја уништи севернокорејската ракета, доколку сврти кон јужнокорејска територија по истрелувањето, предвидено за средината на април, денеска соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана, цитирано од светските агенции.

-Подготвуваме средства за следење на траекторијата на ракетата и ќе ја собориме, доколку таа сврти од предвидениот пат, за да падне на наша територија, подвлече портпаролот на министерството.

Јужна Кореа и САД внимателно ја набљудуваат базата, од која ќе биде истрелана ракетата во северозападниот дел на Северна Кореа.

Се очекува истрелувањето на ракетата да се случи меѓу 12 и 16 април.

Пјонгјанг тврди дека ракетата со сателит ќе ја изведе во орбитата.

Според јужнокорејското воено разузнавање, подготовката за истрелувањето напредува и голем дел од елементите викендов биле доставени до местото од кое ќе се истрела ракетата.

Сеул стравува дека првиот степен на ракетата, што треба да падне во Жолто море, меѓу Јужна Кореа и Кина, може да падне на јужнокорејска територија.

Јапонија, исто така, стравува од перспективата ракетата или делови од неа да паднат на јапонска територија и предупреди дека ќе ги активира своите системи за противракетна одбрана. Минатата недела премиерот Јошихико Нода даде наредба да се уништи ракетата, доколку таа и се закани на територијата на Јапонија.


Статијата е прочитана 1241 пати.

Испрати коментар



Иванов го разреши Боцинов од директор на Агенцијата за разузнавање
Работник загина при ископ во Лисиче
Една парламентарна одлука - две различни читања
Јанакиески - влез на нов оператор ќе отпушти стотици вработени
Зетот го убил дедото зашто не му давал да си ги види децата
Во Австрија уапсен „супер крадец“ од Македонија
Извлечен првиот автомобил во играта на среќа „Среќни вести“
Катар Петролеум заинтересиран за инвестирање во Македонија
Пад на цената на нафтата на берзите
Димовски - Нема простор за „зелена нафта“
Невладини од Војводина предлагаат федерална Србија
Собранието гласа за годишнини од значајни личности во 2012
Камерон призна дека организирал „тајни вечери“ за донаторите
Српскиот динар историски најниско во однос на еврото
Крвава семејна расправија во Чаир
Водата во градската мрежа на Прилеп е исправна
Попоски – Хејг - Британија е силен поддржувач на Македонија
Детонаторска каписла му пукнала в џеб
Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за половина денар
Пожарникар повреден при незгода кај Требош
Што сакаше да каже Муса Џафери ?
Холанд води пред Саркози во кладилниците
Јапонија ја запре работата на уште еден нуклеарен реактор
Сончево со повремена облачност
Караванот „Среќни вести“ тргна од Скопје
Турска компанија најави градба на станови во Македонија
Тројца кандидати во трката за претседател на Светската банка

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ведро

Вторник
Делумно облачно
Макс: 16°C, Мин: 4°C

Среда
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |