26.03.2012, 14:47 Попоски – Хејг: Британија е силен поддржувач на Македонија
НАТО и македонското учество во нејзините мисии особено во Авганистан, интеграцискиот процес и афирмацијата на европската агенда беа во фокусот на денешната средба во Лондон помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и британскиот државен секретар за надворешни работи Вилијам Хејг.
Шефот на македонската дипломатија во изјавата по средбата со Хејг истакна дека Британија е силен поддржувач на Република Македонија, како во НАТО така и во ЕУ, јави известувачот на МИА од Лондон.
- Ја потврдивме уште еднаш нашата целосна посветеност. Македонија несомнено се однесува како земја членка на Алијансата и од тој аспект мислам дека уживаме голема поддршка за конечно членство, изјави Попоски. |