26.03.2012, 17:47 Поглед
Катар по втор пат
Нина Нинеска-Фиданоска
Готово е. Спасени сме. Нема веќе сиромаштија, нема веќе безработица. Само што не почнале да се слеваат инвестициите од Катар, кои начелно беа договорени лани во октомвр�� на наша територија, а сега премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески „тркнаа“ дотаму за да ги потврдат. Катарците, кои разговараат во милијарди, овде сигурно ќе вложат барем силни милиони.
Ваков впечаток сосема извесно добива новинарот што овие два дена се обиде да ги следи владините извештаи од Катар, каде што замина македонската делегација, како уште една во низата егзотични локации за претставување на нашите одлични можности за инвестирање. Човек кога ги слуша изјавите на Груевски и Ставрески за тоа со какви се' значајни инвеститори се сретнале, што се' им било презентирано и колку голем интерес тие искажале за македонските големи потенцијали, не може а да не помисли дека дошол крајот на нашите проблеми од економски карактер. Владината прес-служба и државните агенции овие два дена, се чини, едвај постигнаа да ги доиспратат сите можни изјави и информации за тоа во колку многу дејности има изгледи да се вложат катарските пари. Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро ќе станат мегатуристички центри, ќе се изградат патишта, енергетски објекти, ќе се откупат сите наши јагниња, и не само тоа, туку и многу други земјоделски производи. Дури и водата наша ќе патува во таа далечна дестинација - дали во шишиња или, пак, катарските инвеститори ќе купат извори на пивка вода во земјава и ќе ги експлоатираат, сеедно, битно е дека имало голема желба, која беше пренесена уште за време на нивната октомвриска посета.
А да се вратевме малку во реалноста? Па да се надеваме на некоја поскромна, ама остварлива катарска инвестиција. Како и да е, велат дека за посета на Катар е најубав токму овој период од годината. |
|
Статијата е прочитана 1111 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 27.03.2012 00:31:00 | Katarcanite bile vooduseveni od Prespanskoto ezero. Velat vakva ubavina ne sme videle ni vo Dubai. Sakale da gradat luksuzen hotelski kompleks. Ama nemoze. terenor e vece zazemen. Se secava li seuste nekoj, tamu se sprema golemata portugalska investicija koja sto ja donese Plevnes. |
| jovan, 27.03.2012 00:39:38 | Vakvi crtani filmovi ni Walt Disney nemozi da ni priredi. |
| USA, 27.03.2012 02:20:44 | Na kogo da mu veruvame? Na premierot ili na tie sto povtoruvaa deka Makedonija e prva po stapka na mizerija dodeka drzavata vleguva vo slednata faza od pregovorite so EU. Bevte protiv takanarecenata antikvizacija. Ne pomina. Sloboda na mediumite. Ne pomina i seuste javno plukate bez cenzura. Sinhroniziran napad vrz koalicionite parneri. Ne pomina. Edinstveno vi ostana ekonomijata. Ako trgne i toa, so praite?? |
| mile, 27.03.2012 05:15:34 | После КАТАР ни следува САТАР...........ништо друго........... |
| давор, 27.03.2012 07:54:20 | Катарските шеици пред дваесетина дена беа и во Бугарија и нашите источни соседи протегнуваат раце за да ги огрее некакво катарско сонце. И нивните јагниња биле подготвувани за катарските трпези и тоа со констатацијата дека биле супериорно најдобри. Сепак, ако им се верува на нашиве владини шејтани, македонските јагниња биле недостижни, бидејќи блее��е по партиски ноти, што било посебен услов за извоз. Едно мало стадо пастирот деновиве лично повел на аудиција во Ккатар. Нека види светот колку кротки јагниња сме. |
| od ostrijot, 27.03.2012 09:08:12 | posetata na katar so investori nema nikakva veza ona ima sosema drug karakter grujevski i stavrevski otidoa po insperaciji za novi falbi i lazi. |
| Mudrec, 27.03.2012 10:11:17 | I povtorno da prasham - ako se pokaze deka greshite, ke se izvinite li? Da odgovoram na vcerasnoto prasanje na lukaviot - 24 mil. Evra vo Halkbanka Skopje od strana na Halkbanka Turcija. |
| Fintite na Garinca i pogonot za vuvuzeli., 27.03.2012 10:33:52 | Dobro bre Makedonija odednas , otkako pocna ovaj patuvacki turisticko-investiciski sou cirkus, stana heliocentricka tocka na zemjinava topka. Site se ispotepaa da investiraat kaj nas. amante ludje, ! Pa kade ce najdeme tolku prostor ? se znae kolkava e makedonija, pa molim te Grujo namali malku so ovaa buica od investitori. Ce treba nie Makedonciote da se selime za da im obezbedime lokacii na site ovie silni investitori. od Katar, Germanija, Portugal. A.nglija,, Malezija Indija i kade ne. a zosto ne se otvorete i od Juznoavricka Republika za proizvodstvo na vuvuzeli. I onaka ovie ne na pravija da zuime kako vuvuzeli.Sepak alal vi vera kako uspevate vaka kaka Garnica na isti finit da gi manipulirate ludjevo?!A davore ne se igraj. Navistina onie nasi ovci koi gi vodese pastirot na audicija, se pokazale kako pomuzikalni od bugarskite i sekako ce go osvojat pazarot. |
| milan, 27.03.2012 10:36:29 | Po se izgleda vo Evropa ne gi igraat pa se svrtija kon Katar.Dobra turisticka tura nema sto. |
| do Itar Pejo i drugi, 27.03.2012 12:20:16 | Vakvi krupni prikzni sme slushale vo poslednive godini, bezbroj. Ama ako ne se ofajdime od nim nie site makedonci, se ofajduvaat poedinci. Ete,iako sé uste ne zapocna portugakskata investicija za hotelskiot kompleks na Prespanskoto ezero, nagradata za *dogovorot*, Plevnes odamna si ja dobil. Neli taka se pravi koga nekoj ke napravi zdelka, pa dali e ostvarena ili ne, nema da bide vazno. Vazno e da se zemat onie X%,a *posrednikot* slatko si rucase zaedno so gostite i premietot Buckovski na kogo mu vetuval kojznae sto, vo edna sledna Vlada( na kukovo leto) Ama go biva covekot P. nema sto kako i onie sto napravile prosetka do Katar! |
| Резилов, 27.03.2012 15:04:03 | Чуму толкава иронија?Зарем мислите дека нештата сами ќе дојдат?Зарем не вреди човек да се обиде? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 11°C
Делумно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 3°C
|
Недела
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
|