Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
29.03.2012, 17:42

Карлос Слим ќе го види Музејот на ВМРО

Слим утре ја почнува својата тридневна посета на Македонија, а ќе престојува во Скопје и во Охрид

Сања Наумовска
Веле Митаноски

Најбогатиот човек на светот, мексиканскиот милијардер Карлос Слим, во својата тридневна посета на Македо��ија ќе го прошета Музејот на ВМРО, а се очекува да го посети и Плаошник и уште неколку културно-историски знаменитости на Охрид.

Слим утре ја почнува својата тридневна посета на Македонија, а ќе престојува во Скопје каде што ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и во Охрид, каде што ќе претседава со Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и УНЕСКО. Попатно, најбогатиот човек на светот треба да ги разгледа и убавините на нашата земја, а можно е да го посети и Музејот на ВМРО, бидејќи како голем љубител на музеи, и самиот поседува еден. Слим се' уште не ја потврдил, ниту ја одбил агендата која му ја понудиле македонските домаќини и во која се предвидуваат повеќе прошетки низ Скопје и Охрид. Доколку му дозволат обврските на Конференцијата, Слим би требало да го посети и Плаошник и уште некои културно-историски знаменитости на Охрид, пред да си замине на 2 април. За време на целиот престој во Македонија за милијардерот и неговата придружба ќе има специјален безбедносен третман во движењето на поворката до хотелот каде што ќе биде сместен, и се разбира и низ Скопје и низ Охрид.

Се очекува, Слим со својот приватен авион утре да слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и да замине на најавената средба со премиерот Никола Груевски и економските министри во Скопје. Според најавите од Владата, на средбата со милијардерот ќе му се понуди соработка на повеќе значајни проекти, пред се' во енергетиката, телекомуникациите, хотелиерството и експлоатирањето минерални суровини. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на чија лична покана Слим доаѓа во Македонија, минатата недела најави дека во Владата се подготвени за сите теми да дискутираат со Слим.

„Ние веќе имаме предложено неколку проекти, кои ќе ги ставиме на маса и за кои ќе продискутираме. Се надеваме дека дел од нив ќе бидат интересни за него и за неговите компании“, рече Ивановски.

На листата, според министерот, се дел од најголемите владини капитални проекти. „На оние што ќе дојдат со Слим ќе им предложиме да ги разгледаат проектите детално. Се надеваме дека ова нема да биде прв контакт и дека по посетата ќе имаме можност повеќе да комуницираме со претставниците на неговите компании“, нагласи Ивановски.

Следните денови Слим ќе престојува во Охрид, каде што ќе биде дел од Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој. Освен него, на собирот за информациски технологии, во земјава ќе дојдат и нејзиниот копретседавач - претседателот на Руанда Пол Кагаме, како и комисиските членови, меѓу кои и извршните директори на најголемите светски компании кои се двигатели на информатичкото општество, како „Интел“ „Ериксон“, „Телефоника“, „Циско“, „Алкател лусент“, „Хуавеј“ и многу други.

Според магазинот „Форбс“, Слим е најбогат човек на светот, трета година по ред, а неговото богатство е проценето на 69 милијарди долари. Тој своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, трговијата, финансиите, суровините и енергетиката. Мексиканскиот бизнис-магнат и филантроп е претседател и главен извршен директор на телекомуникациските компании „Телмекс“ и „Америка Мовил“ и има огромни имоти во други мексикански компании преку својот конгломерат, „Групо Карсо САБ“, како и бизнис-интереси на друго место во светот. Седумдесет и двегодишниот Слим сега работи и во секторот на малопродажба, финансиите, суровините и енергетиката. Во последните години мексиканскиот магнат купи големи удели во странски компании како што е синџирот на стоковни куќи „Сакс“ и издавачот „Њујорк тајмс“.

Подготвен апартманот „Јуниор“ во „Инекс Горица“


Како што дознава „Утрински“, Слим ќе биде сместен во апартманот „Јуниор“ во хотелот „Инекс Горица“, каде што и се одржува конференцијата. Луѓе од неговиот тим веќе се во Охрид неколку дена. Како и тој, сместени се во „Инекс Горица“. Куриозитет е што тие не го одбрале најновиот, туку, според времето на изградбата, најстариот блок од хотелот, иако и тој е најсовремено уреден. Милијардерот сакал малку и да се одмори, да има посебен влез и помалку одвоен, изолиран дел. На располагање ќе му стои апартманот „Јуниор“, кој во поглед на опремата, вклучително и неповторливата визура на езерото и погледот кон Охрид, не заостанува од вкупно шесте резиденцијални, односно претседателски апартмани.

Милијардерот ќе проба македонски специјалитети, вино и охридска торта

Управителот на „Инекс Горица“, Климе Ристески, за „Утрински весник“ открива дека Карлос Слим не побарал ништо посебно и ништо поразлично од преостанатите гости. Со министерот Ивановски и премиерот Груевски ќе се дружи исто како и останатите. Ќе го јаде истото телешко мени, истата надалеку позната охридска торта, што на тој начин, традиционално се подготвува само во овој објект. Ја пробале многу крунисани глави, а на времето, велат дека токму тука се сместил и поради тортата, еден од поранешните руски патријарси, кога бил во Охрид и Македонија.

„Не доставија никакви барања, освен да бидат заедно со придружбата, во посебен блок. Ќе јадат карпачо од телешко месо, како и сите други. Веднаш по пристигнувањето в сабота навечер, гостите ги чека коктел, со македонски народни специјалитети и со најдобриот избор од македонските винарници. В недела е работниот ден, од 8,30 до 13 часот, по што следува пауза за ручек. Попладне уште една работна сесија и вечера, некаде во стариот дел на Охрид“, вели Ристески.


Статијата е прочитана 3018 пати.

Испрати коментар



Бендевска не го признава судот на Коњановски
Лустрација во Албанија без досиеја
Аџиев ќе пали и гаси
Кој да ги штити Уставот и Уставен суд?!
Претседателот сигурен патник за Чикаго
Владата пак се задолжи
Регионот бара Македонија да влезе во НАТО



Itar Pejo, 30.03.2012 02:58:01
Ima sto da vidi !
Od Svedska, 30.03.2012 06:40:35
Muzejot na VMRO????????? neli e toj muzej na Makedonskata istorija. od kade vakvi gluposti...............
mile, 30.03.2012 08:36:19
Е чудо големо што ќе видел?????????????
генерал миди, 30.03.2012 08:47:55
Карлос Слим ќе оди да ја види нај назадната архитектура на планетата. Архитектура со која оваа власт не стави на столбот на срамот пред светската јавност. Уште галиите фалат во Вардар и оној идиотски мост со 280 скулптури и после ќе доаѓаат да ни се смеат од цел свет...
Janko, 30.03.2012 09:34:22
A ke se sretne li so Itar Pejo?
Regan, 30.03.2012 10:06:17
Многу често Ви се случува да ставате тенденциозни наслови инспирирани од една политичка опција.Музејот за кој зборувате има друго име, а Вие упорно го нарекувате “Музеј на ВМРО“.Бидете фер према македонската историја.Најдете време и посетете го музејот!
Ilija, 30.03.2012 11:40:30
Bravo za Ivo Ivanovski, sepak ova e negov uspeh !!!
voantikata, 30.03.2012 11:47:51
�� на Букефал ке се поклони ли?
Pejo Glupaviot, 30.03.2012 12:09:58
Pozdrav do Regan i do toj od Svedska. Toa ne e muzej na Makedonskata istorija ni na VMRO. Ako toj DisneyLand od ukrainski vosocni figuri est muzej, togas e muzej na ruskoto naivno slikarstvo od XXI vek. Se somnevam deka komentatorive koi sto go narekuvaat Muzej vlegle nekogas vo muzej. Ili ne vlegle vo ovoj.
Се што ке види е македонско и од Македонија, 30.03.2012 12:57:36
И треба да се гордееме што на еден мал дел но остана Македонија после големиот светски злостор од 1913 кога тн христијански браќа подржани од Антантата фактички крвно поврзана кралска Европа ги истераа отоманите ама поголемо зло направија го асимилираа македонскиот народ геноцид извршија Грција и Бугарија посебно со фашистички мерки и затоа е проблемот и денес со име јазик и црква. Сите тие споменици се од луге од Македонија која во 1913 не била ни грчка ни српска ни татарска туку поробениот македонски народ и разни народи помалубројни што во неа живееле но опстанале.
Pejo od Mariovo, 30.03.2012 14:31:35
Indikativno: kaj Wikipedia zborot Musej ne postoi na makedonski. Zatoa ne e cudo sto ova zdanie se narekuva Muzej. http://en.wikipedia.org/wiki/Museum
rajko, 30.03.2012 14:35:14
Zasto ne napisete deka za ovoj covek rabotat deca od 10 godini za eden dolar dnevno
vanco, 30.03.2012 21:09:46
kako na carlos slim ke mu objasnis koj bil vanco mihajlov

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ведро

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 2°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |