Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
02.04.2012, 16:59

Ѓоковиќ: Го играм мојот најдобар тенис досега

Новак Ѓоковиќ по трет пат во кариерата го освои турнирот во Мајами, а по триумфот не криеше дека е презадоволен од својата игра

Со 2:0 во сетови 6:1 и 7:6, Ѓоковиќ во финалето го совлада Енди Мари, доаѓајќи на тој начин до титулата без ниту еден загубен сет на целиот турнир.

Дефинитивно, тоа не беше меч за паметење. И едниот и другиот имаа неспоредливо повеќе грешки отколку директни поени (Ѓоковиќ 38:19, Мари 39:16). Но, светскиот рекет број еден смета поинаку: „Играм во врвна форма. Го играм најдобриот тенис досега. Сега тоа морам да го искористам колку што можам“, прокоментира Ѓоковиќ, кој по трет пат го освојува Мајами (2007 и 2011 година).

„По овој триумф ќе имам уште поголема самодоверба. Успеав да ги одиграм најдобрите поени, точно кога беше најпотребно“, додаде српскиот тенисер, кој не почувствува замор.

„Физички бев одморен и многу подготвен. Имав доволно време да се подготвам за финалето, да соберам сила. Минатата сезона беше неверојатна, особено првите шест месеци. Секоја сезона е поинаква, но се' уште сакам да се борам за секој достапен трофеј“, додаде Ѓоковиќ, кој го освои својот 11. трофеј од серијата Мастерс 1.000 во 19. финале. Со тоа се израмни со четвртопласираниот Пит Сампрас на листата на најуспешни во таа категорија. Пред нив е Андре Агаси со 17, како и Рафаел Надал и Роже Федерер со по 19.

Енди Мари остана на шестото место со осум титули од само десет финалиња. Во меѓусебните дуели Ѓоковиќ сега води со 8:5. Во финалињата се имаат сретнато пет пати - на Ѓоковиќ ова му беше втора победа.


Статијата е прочитана 1548 пати.

Испрати коментар



Унгарски комплекс без крај
Шпанските екипи доминираат во Лига Европа
Ватерполистите на чекор до Олимпијадата
Унгарски клуч за олимписките порти
Македонско знаменце во собата на Федерер
Македонија немоќна против Црна Гора
Вардар и Работнички без предност во реваншите
Челзи и Реал ја комплетираа полуфиналната четворка
Романците не' оддалечија од Лондон
Македонија одбројува до Гетеборг
Либанец постигна 113 коша!
Фени индустри на фајнл форот во Балканската лига
Металург и Вардар Про се избегнаа во полуфиналето на СЕХА лигата
Џејмс и Ентони со сезонски рекорди
Баерн и Барселона во полуфиналето на ЛШ
Замина легендарниот голгетер Џорџо Киналија
Победа на македонските ватерполисти против Холандија
Македонските ватерполисти поразени од Грција
Ракометарите неуверливи пред Гетеборг
Брајант донесе победа за Лос Анџелес Лејкерс
Фени и МЗТ на една победа до финалето во плеј-офот
Само бод за Манчестер Сити против Сандерленд во Премиер лигата
Овации за Фишер во „Стејплс центар“, Оклахома ги доби лејкерси
Милан и Барселона тактички, Баерн подобар во гости
Оклахома не запира, нова вечер за паметење на Брајант
Денис Родман банкротирал и е тешко болен
Реал пресилен за Апоел (0:3), Челси со гол предност пред Бенфика
Одредени двојките за четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони
Раниери доби отказ од Интер



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 7°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 17°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |