Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.04.2012, 20:23
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози



Не може да се поправи во Чикаго она што е пропуштено при 11-те средби на македонскиот со поранешниот грчки премиер

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Треба ли Грција да биде опуштена пред самитот на НАТО во Чикаго со оглед на тоа дека проширувањето не е на агендата, или пак треба да се активира повеќе за да не се случи прашањето за македонското членство да се отвори од држави како Словенија или Турција?

Првиот грчки амбасадор во Македонија, Александрос Маљас смета дека Грција сега, пред Чикаго, е во многу подобра ситуација отколку предходно, пред самитот во Букурешт. Причина, според него, е заедничката позиција на НАТО од 2008-та година од сите лидери на државите членки, па и од оние кои првично не биле пресреќни од ваквата одлука, како поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Консензусот што бил постигнат во Букурешт меѓу сите членки на Алијансата, според Маљас и дава можност на Грција да биде опуштена на престојниот самит во врска со прашањето за прием на Македонија.

„Лично не гледам некаков доказ дека постои некаква процедура, размислување или предлог да се модифицира одлуката на НАТО. Првата причина е дека проширувањето не е на агендата. Втората е дека на премиерот Никола Груевски му беа дадени многу шанси на единаесетте средби со поранешниот премиер Јоргос Папандреу да се најде решение, што е најголем број на билатерални средби на ниво на премиери од 1993 година до денес. Јавно имам кажано дека Папандреу имаше повеќе средби со премиерот Груевски отколку со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози“, вели Маљас.

Според него, на билатералните средби премиерот Груевски изгубил скапоцено време, со што им олеснил на оние во Грција кои можеби немало да се согласат со крајното решение.

„Како лидер и премиер потроши огромен политички капитал. Го велам ова затоа што знам дека постоеле предлози кои можело да доведат до брзо решение за спорот за името“, тврди Маљас.

Тој не верува ни во сценаријата за покана со предуслов фазно да се решава спорот за името, бидејќи одлуката од Букурешт е јасна.

„Во одлуката пишува дека ќе добиете членство штом ќе се реши името, а не штом започне процесот за решавање на името. Пред се затоа што тој процес е започнат уште во 1993 година со одлуките на Советот за безбедност на ОН“, забележува Маљас.

Околу вознемиреноста во грчките медиуми за тоа дека Словенија, Турција па дури и Велика Британија може да побараат да се отвори прашањето за прием на нашата држава, поранешниот амбасадор смета дека не само овие туку и други држави може да побараат прием на Македонија на престојниот самит, но дека тоа не ја вознемирува Грција, зошто не се сомнева во конечниот исход од самитот.

„Основно правило на НАТО е взаемна поддршка меѓу членките, компромис и консензус меѓу нив. Не би рекол дека секогаш важи тоа правило, но треба да се погледн�� каква е ситуацијата сега. Во нашето соседство, овој пат не мислам на Балканот, има проблеми кои се уште не се средени“, вели тој.

Маљас, кој јавно изјави дека Хашката пресуда не беше во полза на Грција, јавно посочи исто така дека би било голема грешка ако Атина ја потцени



Статијата е прочитана 1016 пати.

Испрати коментар



Разр��шени 13 полициски командири во источна Македонија
Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго
Американски борбен авион падна врз станбен комплекс
Русија разместува ракети кај Калининград
За лозарите и овоштарите над 4,1 милиони евра субвенции
Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Делумно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |