Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.04.2012, 17:20

Во Албанија само со лична карта


Веста новинарите ја слушнаа на експресната прес-конференција, која траеше пет минути

Рампата меѓу Македонија и Албанија падна денеска. Македонските граѓани отсега ќе патуваат во оваа соседна земја со лична карта, а истото ќе важи и за албанските кога ќе доаѓаат во Македонија.

Ова како радосна вест го објави денеска албанскиот амбасадор Арбен Чејку, оценувајќи дека со овој потег се дава европска димензија на односите меѓу двете земји и ќе го олесни доаѓањето на нашите граѓани летово на албанското крајбрежје. Прес-конференцијата беше најекспедитивната видена досега во Македонија, бидејќи траеше само пет минути, откако по соопштувањето на веста амбасадорот едвај дозволи едно прашање, на кое избегна да одговори.

Запрашан како го коментира настапот на претседателката на албанскиот парламент Јозефина Топали во Скопје, кога пред пратениците изјави дека главниот град на Македонија за првпат бил ослободен од отоманската окупација од Албанецот Дервиш Цара во 1844 година, амбасадорот одговори дека нејзината посета била многу значајна, бидејќи дошла три недели по посетата на шефот на дипломатијата Едмонд Хаџинасто и три недели пред посетата на претседателот Бајрам Топи.

Според Топали, Цара влегол во Скопје со 10.000 албански бунтовници, го ослободил и побарал автономија. Скопје, Битола и Дебар потоа станале центри на албанското ослободително движење, кое се развивало паралелно со тоа на Македонците што доведе до Илинден.

Во македонскиот Институт за национална историја ова тврдење го окарактеризираа како политика, а не наука, со објаснување дека Цара бил турски заменик во Гостивар, кој никого не ослободувал, туку се противел на мобилизација на муслиманите во османлиската војска. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 829 пати.

Испрати коментар



Разрешени 13 полициски командири во источна Македонија
Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго
Американски борбен авион падна врз станбен комплекс
Русија разместува ракети ��ај Калининград
За лозарите и овоштарите над 4,1 милиони евра субвенции
Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



ALBANIZACIJA na MK bez granica!, 06.04.2012 22:57:17
Otkako so Srbija se otvori granicata za Latas da ne srbizira slobodno, sega ALbanija moze da prodolzi so albaniziranje na okupiranite teritorii BEZ PRECKI! Ostanuva samo so Bygarija da bideme neprijateli i so Grcija da se borime za SVOETO egejsko prasanje! Eh sto ti bese VMRO DPMNE, ah Ljubco Ljubco sto ni napravi sto ja dade partijata... Sega Branko ke ni bide vinoven?
Od Mene, 07.04.2012 03:30:23
Bamir Topi se vika Pretsedatelot na Albanija - ne Bajram... Do koga ke imame volku nesposobni i nisko pismeni novinari vo Makedonija?? Ni imeto na Pretsedatelot na edna sosedna zemja ne umeat da go prenesat? I posle politicarite ni bile krivi.... :(
ОНУФРИЈЕ, 07.04.2012 19:41:44
За влез во Албанија потребна е само лична карта . Целта на Албанцијте е постигната Сосема нормално дека не треба пасош за влегување во своја зелја. Затоа ке биде потребен пасош за влаегување во Скопје и Куманово

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Делумно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |