03.04.2012, 17:46 Два нови случаја на педофилија
Две девојчиња на возраст од седум и 14 години биле жртви на педофили во Виница и во Охрид. Случаите се откриени деновиве, кога блиски роднини на девојчињата ги пријавиле случаите во полиција.
Во првиот случај во Виница, 60-годишен маж го допирал по телото седумгодишното девојче на неговите пријатели. Тој го однел детето во месноста каде што имал направено пластични фолии за одгледување зеленчук. Таму почнал со недозволените полови дејства. За случајот детето и' кажало на мајка си, таа пак пријавила веднаш во полиција. Педофилот од Виница е приведен и му е одреден 30-дневен притвор.
Во вториот случај, жртва е 14-годишно девојче од Охрид. Таткото на девојчето пријавил дека тоа било силувано од 36-годишен маж. Насилството, според првичните сознанија, се случило во куќата на неговата сестра во Охрид, каде што девојчето било на гости. Според сознанијата, нападот врз малолетничката се случил пред очи на други луѓе. Полицијата во Охрид информира дека е приведен стружанецот и со него се разговара. Во исто време се преземаат и други истражни дејства. Се' уште не е познато дали девојчето е силувано или, пак, вонбрачно живеело со привед��ниот. (Х.Р.)
|