05.04.2012, 18:31 Си велам
Февруарскиот поход на Црвенковски
Ерол Ризаов
Митска позиција на Груевски како единствен заштитник на името
Февруарскиот поход на опозицијата за спасување на Македонија тргна од спореден колосек само со неколку товарни вагони и локомотива која работи на водна пареа. По една година партизански марш, машиновозачот Бранко Црвенковски е убеден дека неговиот воз ќе протатни низ Македонија како симплон експрес. Искршените вагони и старата машина сега одвај влечат испуштајќи многу дим, па не може да се види кој се патниците. Но, по патот на слободата, по првите угорнини, старата крнтија ќе збрефта силно и ќе се претвори во синиот воз на Јосип Броз на кој ќе му мавтаат илјадници граѓани како на единствена надеж. Во тоа е убедена опозицијата. Власта, пак, вели дека Бранко не знае да управува со современа технологија, дури ни со возот на Тито иако одамна е во музеј. Некогаш, пред години, Црвенковски возеше шлепер со кој силно нагази за жаба да прегази, која одеднаш скокна, а камионот се преврте. Жабата што го тумбаше шлеперот сега е коалиционен партнер. Чудни се патиштата господови, уште почудни на политиката.
Да нема голема концепциска разлика за иднината на Македонија, иако целта е иста, а патиштата различни, сигурно дека една цела година пред локални избори, малкумина, освен партиските штабови, би се возбудувале толку многу со тоа што подготвуваат опозиционерите. Нивното групирање во јавноста би се пречекало со поголем дух и спокојство. За жал, не се во прашање само различните патишта за иднината на државата и дијаметрално спротивставените оцени за сегашноста. Македонија ја тресе длабока криза по сите основи, но и омраза, целосна партиска поделба на општеството и по хоризонтала и по вертикала, лична нетрпеливост, но и страв. Патолошки страв дури и од тоа да се изгубат комуналните избори што може да навести пораз на наредните парламентарни избори, што се претставува, од една страна, како спас и ослободување од една диктатура и крајно лошо и штетно расипничко владеење, а од друга страна, ако се врати Бранко на власт, тоа би било трагедија рамна на катаклизма и крај на опстанокот на Македонија. Мајките почнаа да ги плашат децата со: Бранко е пред вратата. Како во стариот Рим: Ханибал анте портас.
Што можеме да очекуваме наредните месеци при вака зовриени страсти и целосно спротивни поимања на битката за власт која во Македонија стана од поодамна многу поважна од иднината на државата. Да се освои власта е рамно да се биде или не. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одамна препознаваат во Бранко Црвенковски најголем непријател на Македонија, главен виновник, за сите несреќи што ни се случуваат на долгото патување од еден во друг општествено, економски и политички систем што на Запад му ставија име транзиција. Низ тој тунел поминаа речиси сите земји од Исток и поранешна Југославија, но таму најдолго остана Македонија. Значи, повеќе од сигурно и на овие локални избори, како и на сите избори во Македонија, главни ќе бидат персоналните судири Бранко и Никола, големите теми Европа и НАТО, демократијата, слободата, диктатурата, стравот, злоупотребата на власта, сиромаштијата и бедата, криминалот, разузданоста на власта. Главната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат се сведува персонално на Бранко Црвенковски. Подготовката на силна оркестрирана медиумска кампања и компромитација на Црвенковски се потпира на анализите и оцените дека се' уште тој е најсилниот кохезионен фактор во СДСМ и во опозицијата кој има харизма и ораторска моќ и искуство што може да и' нанесе пораз на оваа власт. Салонските комунисти и интелектуалци на СДСМ и лидерите на помалите коалициони партнери, генерална оцена е на власта, кажана зад затворени врати, е дека без Црвенковски би биле лесен појадок за Никола Груевски и Али Ахмети. Затоа со сите сили треба да се удри против Црвенковски, но притоа главниот удар треба да го дадат медиумите со свои божем самостојни истражувања и откритија , бидејќи власта не сака да покаже колку стравува од враќањето на Црвенковски. Доктрината е од тоа треба да стравуваат граѓаните, оти ако се врати Бранко, ги чека потоп.
Но, што како одговор нуди Црвенковски. Дали е доволна најавата за широка коалиција на леви и десни партии и тие од центарот дека со здружени сили власта ќе падне на локални избори и со тоа ќе се отворат вратите за предвремени парламентарни избори по кои би требало да стаса конечно слободата и демократијата и веднаш ќе се тргне по вистинската насока кон Европа. Тешко е да се поверува во тоа, не само поради толку различните интереси на коалиционите лидери и големата концентрација на суети на толку мал простор. Не е толку во прашање ни самата сензација од политички лидери на иста маса кои толку многу гнев и омраза истуриле едни врз други, не толку одамна. Не е клучно ни тоа дали Црвенковски ќе вети дека по поразот на Груевски на евентуални следни парламентарни избори нема да го заземе премиерското место, такво нешто веќе вети на претходните избори. Дури, Црвенковски да вети дека по поразот на Груевски би се повлекол од политиката, нема да биде ни малку пресудно за падот на оваа власт.
Во што е тогаш фабричката грешка на оваа се' уште несудена коалиција. Самата идеја дека е таа од типот на српски ДОС за уривање на вождот не држи вода. Пораз на Груевски, па се' друго, е погрешна опција која нема да помине на македонската политичка сцена. Големата идеја за пресврт и промени мора да почива на пораз на политиката на Никола Груевски, а не со идентификација и уривање на Слободан Милошевиќ. Колку и да се препознаваат сличности, разликите се огромни. За да се изнесе на чистина резултатот од политиката на Никола Груевски пред локалните избори, со тогаш веќе изминати седум години на власт, потребни се објективни и точни мерила кои треба да се одработат чесно и филигрански. Потпирањето само на нараснатото незадоволство од сиромаштијата и бедата, разузданоста на власта, споменикоманијата и антикоманијата нема да ја урнат Владата на Груевски. Нема да ја урне ниту блокираните патишта кон Европа и кон НАТО. Сите тие страдања во немаштија и осамено чмаење на Балканот исчезнуваат пред митската позиција на Никола Груевски дека тој е единствениот заштитник на уставното име на Република Македонија. За тоа опозицијата нема одговор.
Посебната нервоза кај актуелната власт деновиве не расте само поради активностите за здружување на опозицијата од сите бои, туку се поголемата употреба на вмровскиот јазик кај социјалдемократите и лажните интелектуални наклапања на вмровците својствени на левицата, особено во чувствителните меѓуетнички односи што, исто така, иако носи поени, е дел од фабричката грешка. Тоа што му личи на ВМРО, не му личи на СДСМ. И се разбира обратно. Политиката на преродбата и на Груевски може да се урне само со подобра политика на опозицијата и на Црвенковски ако таа се понуди така што лесно ќе ја препознаат граѓаните. Да, ама тоа е најтешкиот дел од работата. |
|
Статијата е прочитана 2583 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 06.04.2012 00:35:59 | *Политиката на преродбата и на Груевски може да се урне само со подобра политика на опозицијата и на Црвенковски ако таа се понуди така што лесно ќе ја препознаат граѓаните. Да, ама тоа е најтешкиот дел од работата.* Tokmu ova e receptot. A i ne e do tolku tezok. Vo momentov VMRO sobira poeni(dobri)edinstveno so ovie apsenjava koj gi zapocnaa(i toa e vo red)i narod ke gi podrzi. No ima edno golemo NO. Pokraj toa sto e dobro od nivna strana sto apsat i rascistuvaat kriminalci, mnogu pobitno e, koj KRIMINALCI ne gi apsat. E tuka SDSM/opozicijata, ili bilo koj drug, mnogu poveke ke se*proslavi*ako zapocne da sproveduva sega svoja*paralelna*akcija. Normalno treba da se poceka, neka rascistat na mira so kriminalcite, da vidime do kade ke odat i na kogo ke treniraat postenje, a potoa da vidime kogo ostavile da ajdukuva i ponatamu. E tuka treba potoa da prodolzi opozicijata, i da udri.No SDSM ima problem so ovoj vid*udiranje*. |
| ЛИДИЈА, 06.04.2012 01:32:07 | Бранко внимавај кои луѓе ќе БИДАТ поставени на листите за советници,а особено за градоначалник.Особено внимавај во ПРИЛЕП.Немој да биди кандидат со вештачка насмевка и лажна љубезност,а во душата полн со злоба,љубомора и алчност.А токму еден таков НАГОЛЕМО СЕ СПРЕМА ВО ПРИЛЕП.ВНИМАВАЈ БРАНКО ,ОВА Е ПОСЛЕДНА ШАНСА И ЗА ТЕБЕ И ЗА МНОГУ ДРУГИ ВО ПАРТИЈАТА. |
| respekt, 06.04.2012 02:07:52 | Одлична анализа Ероле, само сега(со критичката опсервација и на СДСМ и на Б.Цевенковски)ДПМНЕ-вските ,,труби,,ги оставаш без текст.По мене, најголемо зло на овој народ и земја и донесе партизацијата на ,,се што мрда,, во државава.За жал, тоа го практикуваа сите партии(влади) што беа на власт а овие ДПМНЕ-вциве тоа зло го надградија со уште едно зло-- поделба на граѓаните на патриоти и предавници.. Оттука, лидерот(лидерите)на опозицијата треба да излезе(зат) пред јавноста, да тропне(нат) на маса и да рече(чат):,,кога ке дојдам на власт, ПРАВАМ ДРЖАВА,,а тоа значи дека правам влада од НАЈСПОСОБНИТЕ грагани на РМ, без разлика на партиската припадност,,. П.С. Во РМ и онака партиската припадност всушност е, борба за власт а не идеалошка. |
| FELIKS, 06.04.2012 09:44:06 | Комична е метафората за парната локомотива со 2-3 вагона тотално руинирани топтан со се машиновозачот а со брзина на симплон експрес.Но сепак имаат патници кој му веруваат на машиновозачот да има знаење и умеење да овој раскупусан т.н воз го дотера и сите топтан некогаш ги истовари на ,,перону среќе,,. Многумина велат а и јас дека локомотивата и вагоните можат да се поправат но стариот машиновозач не може.Тој е укалупен во едно минато и никако не прифаќа да одстапи од возењето во кое скоро една деценија ги шашардиса сите.Од тоталното руинирање на композицијата па се до патниците кој сиромашките се задоволни од ваквото џомбасто возење по петти пат,вероватно така им било судено. |
| Podobri ponudi, a koi?, 06.04.2012 10:40:31 | Spored tebe Erole, pogresna e tezata da se pobedi Gruevski, no potrebno e da se pobedi politikata na Gruevski, pa go sovetuvas Crvekovski da ponudi podobra pobednicka politika i ponuda kon gradjanite.E mnogu jak sovet?! Toa e isto kako da kazuvas sto e postaro jajceto ili kokoskata.?Ako Erole znaese i imas vo glavata skroeno podobri politicki ponudi i opcii, togas kazi gi ,a ne vaka verbalno da kazuvas deka se poterbni podobri ponudi kon narodot. Kazi konkretno koi sprema tebe se tie ponudi , vo koja nasoka i kakvi treba da bidat?Vaka mi zalicuvas na Emilijan Stankovic, a te mislam deka si poiskusen i popameten. |
| Treno, 06.04.2012 12:07:35 | Brate jas prvin bi ja isekol rakata otkolku da glasam za Branko koj zaedno so crniot Grujo ne dovedoa do pekol. Ke glasam moze bi za Ljupco ako ne bide vo ista kocija sa crniot Branko. Grujo i Branko se za l.... a ne da vodat drzava. Ne opustosija, ne upropastijam ne unistija. Ni ja unistija idninata. Ni gi unistija semejstvata. Poradi niv ni iscezna nasmevkata ....i pak baraaat. Bozeee........... |
| od ostrijot, 06.04.2012 12:08:40 | skapani vagoni stara lokomotiva a i star masinovozac no sepak poleka ama sigurno odat napred dodeka ovije od vladata so novi lokomotivi i mladi masinovozaci mesto napred odat nazad. |
| Добро е!, 06.04.2012 12:54:45 | Мило ми е што мама Феликс се врати од породилно! Додуша , уште не знаеме кој е таткото , Бранко (по кој трчаат сите вмровки) или непознат („ин витро“)! |
| Do Erol Rizanov, 06.04.2012 15:41:28 | Браво Ероле до сега се што имаш напишано ти е исто како во решето вода да носиш па на крајот пак жеден и ти итвоите миленици СДСМ овци кои ништо апсолутно не нудат само бараат власт.А и да нудат кој е будала да им верува.Народот е веќе изитрен лесно не се лаже.Од секоја куќа по еден вработен.Тоа одамна помина на таа карта Бране ги доби изборите ама тие беа последни за век и веков. |
| Stoje, 06.04.2012 16:15:08 | Sest-sedum pati lepi B.C. gi vozi negovite patnici i non stop vozot zavrsuva istumban vo kukuruz, a ovie pak sakaat da se vozat(vo kukuruz)Vakvo dejanie ,inace se narekuva mazohizam..I smesno i glupo.Nesto gi fali ,a ni samite neznaat sto.Pa um vi fali be, eve da vi kazam. |
| deko, 06.04.2012 16:54:45 | Dobro e sto se razbudija so komentari za ovaa staro nova tema vrakanjeto na papata toest Brane na vlast.Sto ocekuvate novo od nego i bliskite koalicioni partneri so nego,pa do vcera site plukavte po niv a sega vidi molim te ke gi vrakate na vlast.Pa daj togas da gi vratime site stari direktori,ministri itn. i sto so toa.Kako Lubco sto bese isplukan od novinarite vo makedonija nemalo nieden drug politicar.No sega e drugo, istite tie novinari plateni od sdsm se najubavo ke pisuvaat za nego.I Milan proba so stari fudbaleri da napravi nesto no vidovme kako projde. |
| коментатор на читачите на коментари, 06.04.2012 22:16:13 | Ероле.Немој да погрешиш во избалансираното возење.Шините подеднакво се опасни и за нови и за стари возови,особено при раздвојувањето. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Ведро
|
Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
„Погледнете и слушнете ги моите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“ |
|
|