Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
05.04.2012, 17:02

Полемика

Е, ако де...

Паско Кузман

(Повод: Ерол Ризаов, Паско, ќе зажалиш повеќе од Пруст, „Утрински весник“, 2 април 2012)

Словенската материјална култура во македонсаките простори речиси ја нема. Ние само го збогатуваме словенскиот елемент во македонската идентитетска маса. Без разлика како вие го разбирате тоа


Господине Ризаов, еве повторно ти се обраќа „државниот археолог“ (како што упорно милуваш да ме нарекуваш), за да не мислиш дека си ме „смачкал“ само со еден удар со твоето „метално“ и „ментално шкрипење“ и, уште повеќе, за да не мислиш дека „преку мене“ си ги смачкал сите мои истомисленици и за да не мислиш дека преку мене си ја „изудирал“ неподносливата ти власт татковинска.

И не знам зошто ми се закануваш уште со насловот дека ќе зажалам „повеќе од Пруст“, толку ли си убеден во моќта на твоите „камшици“, во моќта на твојата „жива сила“, о Ероле! Не очекував да се спуштиш на толку жестоко ниво, но ако тоа го објаснува твојот ментален склоп и колку повеќе се обидуваш да бидеш посилен, пожесток и „побрилијантен“ во намерите да удираш со толчник (по мојата глава), толку повеќе самиот себе се удираш како со бумеранг.

По малку и ми е жал, бидејќи очигледно се јадосуваш додека ми се обраќаш, па те обзема некаква жолчност, а тоа не е доволно достоинствено и не ти прилега на годините со журналистички стаж. Но, верувам дека ќе ти помине, дека ќе размениме мислења и ставови кои нема да не' повредуваат самите нас, ниту нашите истомисленици (не до сосем, се разбира).

За да ја потспуштиме напнатоста, ќе ти раскажам една шеговита случка од вистинскиот живот. Една наша позната новинарка, пред настап на премиерна претстава, му се обратила на еден наш познат артист и го прашала како се чувствува, дали е возбуден и дали има трема пред настапот. Овој и' одговорил: „��е јади л....“ Новинарката навредена утредента отишла да се пожали кај директорот на театарот, писателот Живко Чинго. Овој и' рекол: „Добро де, не ти рекол да јадеш л...., ти рекол да не јадеш л....“ Така и ти, со мене, пријателе. Ми велиш: „Паско, со многу големи имиња се идентификуваш. Не ќе да е на арно. Де со Пруст, де со Пушкин. Набргу ќе посакаш да станеш Моцарт, а јас, разбира се, злобниот Салиери“.

Сега, добро паметам (или можеме да погледнеме), јас тебе ти напишав, просто, дека не сакам да бидам Пушкин, не ти реков дека сакам да бидам Пушкин?! Згора на сето, ти уште ми го надодаде и Моцарта, па веќе нема смисла. Зошто ми префрлуваш дека со големи имиња сум се идентификувал? Ти, очигледно, не си ги разбрал моите „Прустовци“, „Пушкиновци“ и „Дантевци“, аман бре, не разочарувај ме! И не си ја разбрал суштината на моето кажување, за која стопати тврдам, не го негира никако нашиот идентитет, ако сакаш, ниту твојот ниту мојот, туку ги спојува и ги покажува нашите заеднички особини, нашите сличности, нашата заедничка приказна, која се случуваше „под муренката, каде што си игравме како деца...“

Ех, се подбиваш со „романтичарските вознеси“ на балканските народи и ги наведуваш таквите идеологии како причини за „крвови до колена“, но јас ќе те потсетам да навлезеш подлабоко во причините за војните и на Балканот и во светот подалеку, па и меѓу Световите (во филмовите!), па ќе видиш дека тие „романтичарски вознеси“ никогаш не биле главните иницијали, туку многу, многу погрди, поалчни „материјалистички вознеси“ создавале држави, империи и царства со „крвови до колена“. Ало, ти зборува археолог, а ти си историчар (по вокација), нели? И како таков, да те потсетам дека во историјата е познато, дека секој народ, ако ги нема, ги создава „романтичарите“, ако за ништо друго, барем да ја поттикнат науката да се развива, да ги проверува фактите (како на пример: дали навистина во „Илијадата“ се идентификувани „најмалку 83 зборa“ идентични со слични зборови од македонско-старословенскиот јазик). Ајде сега, не запаѓај и немој да се залетуваш, позеленет како бронза, од триумфалност, со која, всушност, ќе сакаш да ме исмееш.

Немој Ероле, жити мајка, па зар не гледаш дека само те навлекувам. Значи, сигурно ќе се сложиш, „романтичарските научници“ ги поттикнуваат, ги иницираат и ги инспирираат вистинските научници да ги расветлуваат недоволно светлите теми во науката. А една од најнедоволно светлите теми во археолошката наука е словенската материјална култура во македонските простори. Речиси ја нема. Исклучително темна тема. Но, тоа не значи дека јас, или ние, го запоставуваме словенскиот елемент во македонската идентитетска маса. Ние само го збогатуваме, без разлика како вие го разбирате тоа. Ако не ти е доволно јасно, ќе се обидам да те убедам со мислите на Стојан Христов (на кого, во оваа прилика, ме упати мојот „брат Мемати“ од „Долина на волците“, Кочо Ф): „Една нација не е само предел од земја со луѓе што пасат како стадо. Ниедна нација не е само земја и куќи и народ. Луѓето што го заслужуваат името нација се вдахнати со заеднички дух и ги обогатуваат своите духовни и морални вредности, своето културно наследство. Должност на учените и научниците на нова Македонија, должност на државниците на нова Македонија е да трагаат по секое делче македонско наследство, да го најдат каде и да е скриено, под каква било маска, колку и да е изменето, и да го вратат на неговото вистинско македонско место, да му го вратат неговиот вистински македонски изглед, на тој начин новата нација да се здобие со длабина, дух и димензија“ (ова е од „Современост“, 1-2, 1985,17, а го има и кај Г. Старделов, македонска книжевност, избрани дела, VIII том, 42).

Ова е вистината која треба да ја знаеш, иако е искажана многу одамна, сега е актуелна, сега е исто така движечка сила и мисла која влече, оти „ние и' припаѓаме на земјата пред таа нам да ни припадне“ (Роберт Фрост, кај Старделов, цит. дело, 43)

И кога сме кај словенскиот дух и време, ти си зеде за право да ме навредуваш со најмизерни и најнископопулистички квалификации за мојата личност, парафразирајќи ми ги зборовите, дека го „обвинувам и исмевам“ првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, дека го „исмевам“ Љупчо Георгиевски, човекот околу кого сум трчкал како „кутре околу неговите нозе на Плаошник“, кој ме оставил „слободно да минирам историски споменици кои се под заштита на државата“.

Ах, Ероле, ти којшто патиш од „античкото отровно семе што го посеавме со власта“, ти којшто своевремено му се обрати на мртвиот Димче Коцо за да му го покажеш твоето силно „исламско родољубие“ и бедното „христијанско мракобесие“, за да му покажеш како „твојот пријател археолог“ мирно минира царска џамија за да воздигне некакви темели од некаква „нецарска“ Светиклиментова црква, ти којшто си мислиш дека си храбар колумнист „како Емил Зола во аферата ‘Драјфус’“, ти веќе си подостарел и тешко ги контролираш твоите алатки за егзистенција – зборовите; ти не си разбрал дека јас, всушност, ги пофалив (навистина со иронија, но ги пофалив) политичарите-претседатели и политичарите-поети за нивната силна „словенска антитеза“ (имајќи ја предвид словенско-венетската сторија, секако, не само словенската).

А што се однесува до личноста на Киро Глигоров како прв претседател на Република Македонија, на кого не сум му „ни до колена“ (како и ти, фала ти) и до личноста на Љупчо Георгиевски, експретседател на Владата на Република Македонија, „околу кого трчкав како кутре на Плаошник“ - на двајцата јавно им искажувам големо уважување и почитување, искрено, наспроти твојата злобна интерпретација на моите коментари. Верувам дека и ти го мислиш истото за овие уважени господа, дури и за вториот, и покрај твоите јавни закани за „тупаничење“ со него покрај кафеанска маса во времињата кога тој беше харизматичен лидер на опозицијата во Македонија.

Сега и овој лидер на позицијата не го поднесуваш, а знам и зошто. Ти, всушност, стар мој пријателе, не ги поднесуваш оние четири букви зад кои стојат тие двајца носители на функции во оваа татковина. Најверојатно, корените за таа нетрпеливост се подлабоки, а јас не сум во состојба да ги сознаам, оти се тие длабоко во тебе. Но, тоа е твоја работа, мене воопшто не ми пречи, јас повторно би те поканил на ракија, питулици и ѓомлезе кај мајка Петра на улица „Крсте Мисирков“ број 8 во Охрид.

На крај, би сакал да ти спомнам само уште една работа во врска со „идентитетскиот земјотрес“ и со нашето словенско минато. Како тоа, Ероле, потписникот на овие редови, заедно со неговата (за жал и твојата) власт и заедно со многу други луѓе од оваа земја и Словени по род, ја возобновија Светиклиментовата црква „Св. Пантелејмон“ на Плаошник и сега го возобновуваат целиот комплекс „Светиклиментов универзитет“, ако го отфрлаат словенството од идентитетот и ако ги отфрлаат оние 300 милиони луѓе од Евроазија со словенско потекло, кои ти ги спомнуваш, како тоа овие луѓе ги „трошат народните пари“ за епопејно воздигнување на словенството наспроти нивната „сурова стратегија“ за предизвикување „идентитетски земјотрес“ со барање на идентитетските корени во античка Македонија, како тоа ќе успееш да ги раздвоиш или, уште појасно, како ќе успееш да ги споиш овие две „антиподни“ идентитетски појави во Македонија?

(Авторот е архитект и директор на Управата за заштита на културното наследство)


Статијата е прочитана 4637 пати.

Испрати коментар



Буџетот се сопна пред да прооди
Февруарскиот поход на Црвенковски
Полжав во полн трк
Малите луѓе во големата слика
Такси -(про)тест



just A, 06.04.2012 00:37:49
Го почитувам Ерол зошто често знае оправдано да ја критикува сегашната влада, а го почитувам и поддржувам Паско зошто македонштината не е само словенскиот период. А ова е апсолутна вистина - Ти, всушност, стар мој пријателе, не ги поднесуваш оние четири букви зад кои стојат тие двајца носители на функции во оваа татковина. Ерол никогаш нема да го разбере ВМРО и секогаш ќе го идентификува само со популистичките лидери а не со суштинското значење на тој збор за македонецот.
jovan, 06.04.2012 00:40:13
Najdobro vie dvajca da si se pronajdete na face book, ponudete si prijatelstvo, i na tanane na private chat dopisuvajte si se.
Homer e nas, 06.04.2012 00:41:46
Komparacija i metaforicno izrazuvanje so l.... ti e navistina voshituvacko.No i Erol ti rece slicno kako Cingo na akterkata, da ne se kompariras so Prust, so Puskin-oti toa e bolest..Za drugite tvoi naucni soznanija znae ne samo celokupnata mak. arheoloska no i istoriska javnost ,no i vrapcinata. No gledam deka si stanal ekspert lingvist. Vo Ilijadata si nasola samo 83 zbora identicni so makedonskiot. Mora da e nekoja greska. Pa cela Ilijada Pasko e makedonska, a ako zapnes ti od petnio zili i ce dokazes deka Homer bil anticki Makedonec. Ce prokopas i ce mu najdes i izvod od maticna kniga na rodeni napisana na koza ili pergament. Znaes ti vece Pasko kako toa da go napravius. Ako dokazes deka Ilijadata e nasa, toa ce prestavuva vrv na svetslkata istorija na stariot vek! Slicno i Sliman golemiot otkrivac na Troja posle iskopuvanja vo Mikena otkri grobnica so zlatna maska pa vo zanes mi napisa na grckiot kral deka gledal vo liceto na Agamemnon. Pokasno si go potkasal jazikot.
xcfgyhuiop, 06.04.2012 00:50:43
Rizaov si zema za pravo(ne samo sega tuku sive ovie 20 g.) da deluva po poznatoto fudbalsko pravilo:topkata ke mine a igracot nikako ne smee. Od licno iskustvo imam kazano:toj sto snae da igra, znae i da faulira.No nekoi voopsto ne gi interesira topkata i vestinata za nejzino upatuvanje vo celta, tuku nivna cel e protivnikot kako ziva neprijatelska sila.Razlikata e ogromna i kvalitativna a nekoi ja narekuvaat i civilizaciska. Zatoa takvite imaat problem so haskiot sud koj ne ja osuduva restavracijata i re/prezentacijata na antikata. A za razlika od Rizaov i takvite,K Slim cisti cevli na kelneri.
sloven, 06.04.2012 02:18:55
ova kolumna nema vrska, Pasko ne se gradi identitet vo 2010 nieden narod ne go menuva identitetot so menuvanje na vlasta
boki, 06.04.2012 04:05:45
nekoi luge mozat da zboruvaat mnogu a da ne kazat nisto....vo makedonija tie se uspesni i srekni ...
pameten, 06.04.2012 05:42:47
да го најдат каде и да е скриено, под каква било маска, колку и да е изменето, и да го вратат на неговото вистинско македонско место, да му го вратат неговиот вистински македонски изглед.... Tochno e deka ovie obidi prodolzhija so deceni. I tokmo vo niv e skriena deneshnata tragedija na Makedonija. Filip i Aleksandar bile helenizirani no za nas ovo bilo samo maska, Carot Samoi, prerodbenicite i VMRO do Vtorata svetska vojna se objavuvale za Bugari, ama ovo bilo samo maska i t.n. Kakov e rezultatot? Spor za imeto, spor za identitetot, blokiranje na Evrointegracijata, deneshnata mizerna materialna kultura. Makedonija denes ima potreba od soochuvanje so istorijata takva kakva shto bila.
Nikola, 06.04.2012 06:47:48
Европа и САД за историјата на Македониjа - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html
seirdzija, 06.04.2012 07:55:51
Cisto kameleonstvo od Makedonskiot Indijana Dzons,izvrteni tezi i zborovi.Istorijata e prosta rabota za prosecno intelegenti ludje.Komplicirana e samo za budali!!Makedonskiot prostor bil pod vladenie na Rimskoto carstvo, Vizantija i Otomanskata imperija(FAKTI) i kako takov bil periferna teritorija.Isklucok e carot Samoil od kogo ostanale tvrdinite vo Ohrid.Kopajki podlaboko niz antikata se plasam deka Pasko moze da otkrie deka ustvari poteknuva od MAJMUN i deka tie geni seuste dominiraat vo nego!!!
Super lepak, 06.04.2012 08:22:41
Pasko totalno odlepil! Ne veruvam deka moze da mu se pomogne! Ni jas ne go mozam toa!
Miki, 06.04.2012 08:45:47
NE NE, ne mi se veruva-Pasko konecno prizna DEKA SME SLOVENI PO ROD!! A toa sto kazuva-deka lisicata nasetuva deka naskoro ke duvnat novi vetrista i deka treba da se i ma otstapnica, ideoloska i profesinalna! Ama kako ke obezbedi otstapnica i toj i tajfata okolu nego za UKRADENITE PARI so banditska Antikvizacija-e tova ic ne e jasno!
dobro utro..., 06.04.2012 09:04:03
... g-ne Kuzman, neka bide dobro, i mene i vami i na čitateli na UV. 1. Vie, barem prema slika, ste prilično star gospodin, a prema tradicija na Balkanot toj što e (po)star e i (po)mudar. Sepak se nadevam, nema da ve navredi moj prelog: svoi lični stavovi, razbiranja i nedorazbiranja da si gi raskažuvate so g. Rizaov nasamo, kaj Petra, ili na drugo mesto, a da ne se dopišuvate poveke preku UV, oti sve što e mnogu, nečini. 2. Spomnuvate obnovuvanje na crkvi, univerziteti - crkvata vo Ohrid ja imam videno. Ovo e moj ličen stav, vie, kako i sekoj, imate pravo na svoj: toa e za mene bezvredno. Da sočuvame, što ostanalo od starite vreminja, toa, što LIČNO go rabotale starite majstori pred stoletija. Replikite se samo repliki, bez duh, bez duša. Majstorska raka e od 21. vek. Bezvredno e. Poarno novo, korisno, što ke se vklopi vo ostanato staro, nego replika što naviše košta milioni eura a nedonesuva baš ništo. Čemu služi replika - crkva vo Oh. koga toj e poln so originalni!! stari crkvi?
kumanovec, 06.04.2012 09:31:17
Gospodine Erole,zoshto ne go upotrbuvash marfievoto pravilo koe veli,ne polemiziraj so b--ala bidejki ke te poistovetat so nego.Zarem ne gledash deka chovekot zabegal.Toj mora da go odraboti ona za koe e zemal dobri pari i mesto na koe se naogja.
Istocna Makedonija, 06.04.2012 10:56:22
I povtoren apel do dvajca elokventni luge,so re- nome i reputacija vo nivnive vokacii.Polemiki da, konflikti ne,a osobeno ne za ini interesi i agendi. Dovolno ste kompetentni,rutinirani i so takt i sens za razlika od mnogu drugi!Pozdrav!
ДИРЕКТНО Е ПРОИЗЛЕЗЕН ОД АНТИКАТА, 06.04.2012 11:07:21
Маската наречена Паско Кузман е цел зивот во тотален промах. Барајки ја антиката, човекот озбилно забегал. На калето ја бараше Јустинијана прима,залудно.....колку работа со колку луге,со колку пари????????? Во тунелот или злато ненајде или си го најде и го скри,засто никој зив не го виде,нити некој од неговите НАААААЈБЛИИИСКИИИИ ЕЕЕЕЕЕЈ !!!
Што да ви кажам а да не ве излажам, 06.04.2012 11:43:54
Многу ми е јако дека од кога се ВМРО на власт, тогаш се освестивме дека сме маќедонци. Па и демек - антички. Додека вие се занимавате кој е поголем маќедонец од некој друг, државата ни тоне а некој на таа сметка се богати. А сето тоа е супер спакувано во една бајковидна приказна како ние сме расата што владее со светот и најпаметниот и надревниот народ за да се палите и не мислите на тоа дека се оди по ѓаволите. Луѓе, освестете се ве молам, и согледајте дека сте предмет на исмејување и перење на мозок, доста веќе со тоа кој сме и што сме. Ако самите вие не сте свесни за своето јас и својот идентитет тогаш ви е џабе. Инаку, додека ви пишувам, во бугарската амбасада во Софија 300 луѓе ДНЕВНО чекаат на бугарски пасош. Досега се издадени повеќе од 120.000 бугарски пасоши на македонци. И сега? Кој е патриотот? Кој сме ние македонците? За корка леб патиме до тој степен што идентитетот си го порекнуваме. Е
Mnogu filozofija, 06.04.2012 11:49:45
Mnogu filozofija a malku argumenti! Antikvizacijata voopsto ne se ni debatira, poveke se odi na licni diskvalifikacii. Licno ocekuvav poveke od dvajcata antagonisit. Daj be luge pisuvajte logicki i drzete se do temata antikvizacija i mak.identitet: Argu.-1 (obrazlozenie) Argu.-2(obrazlozenie) Protiv argu.1 pa 2 pa 3..itn. Ne razovodnuvajte...
Adem, 06.04.2012 12:35:25
Covekot definitvno e izvrten i zabegan iako izigruva pisatel. Uffff.
Pasko, 06.04.2012 13:06:37
Kutri Pasko.Nedostoen si da mu pariras na Erol.Bi te prasal sega.Dali jazikot na koj zboruvame e slovenski ili e jazik na tvoite Hunzi. Izgleda i dvata casovnici ti go meram samo antickoto minato. Bi te zamolil vo tvojot iden komentar da pisuvas na antickiot makedonski jazik!!!!
Маркос, 06.04.2012 13:34:46
Како и бидува, „полемикава„ (очекувано) влезе во памфлетски води. По мое, да се разберат работите, сосема е доволно да се прочитаат два текста – „За идентитетскиот земјотрес во Македонија„ на г. Паско Кузман (31 март), и „Паско, ќе зажалиш повеќе од Пруст„ на г. Ерол Ризаов (1 април). Меѓутоа, чинам дека во денешниов текст, со проѕирен маневар, г. Кузман стапна во многу поопасни води од памфлетските. Тој му забележува на г. Ризаов да не го поднесувал лидерот на позицијата (веројатно поради острите критики, небаре е „лидерот„ света крава). И тоа било поради оние четири букви (демек ВМРО), и било длабоко во Ризаов. Ова е отров-храна за оние кои и на веб-страниците на „Утрински„ на г. Ризаов му оспоруваат право да допира теми во врска со македонскиот етникум. A тoa е до толку посрамотно што е г. Ризаов на дело многу поголем политички Македонец од мнозинството етнички Македонци.
Jon, 06.04.2012 14:06:53
Zosto Pasko e vo pravo i vo prednost pred vistinata i pred Erol. prvo vo otsustvo na naucni arheoloski istrazuvanja predanijata se edinstvenata alka koja moze da te odnese od segasnosta do najdalescnoto minato. Dedo na sin na vnuk i tnt gledaj so jazikot verata tradiciite a vtoro se dobiva vpecatok deka Erol vrsi usluga na opozicijata, kako i drugite opozicioni partiski kolumnisti na mojov omilen i cesto posetuvan utrinski vesnik Ona sto predanijata ni go donele do den denesen Erol i drugite klumnisti obvrznici na SDSM tesko deka ke mozat da go izbrisat. i predanijata imaat sila i biblijata se zasnova i gi stiti. predanijata
kan1952, 06.04.2012 15:13:21
ако се подложи паско кузман на детектор на лъжата машината ще загрее.
do koga vaka duri se mozi, 06.04.2012 16:11:41
Slovenskata materijalna kultura stvarno erol neja razbira za dae razbere treba dae Makedonec a nee dovolno da ima Makedonsko drzavjanstvo i tesko da mu dokazis a i stvari nesaka da razberi zatova stoe platenik na komunjarite i tie sve ke prodadat za ede kufer dolati erole koj ti dade pravo da frlas kamenja po nas resigi problemite so tvoite kurdi sigurno kete blagosoat...............
Ајван Доктор®, 06.04.2012 17:24:55
Поставеноста на науката во стилот дека,трагањето по „деловите“од македонското наследство скриено под „нечија маска“и враќањето на неговиот „вистински идентитет“,била должност на учените и научниците,е проблематична во својата основа!Ставот подразбира дека сè што ќе се пронајде на овие простори треба и мора да е македонско,иако историјата ни го докажува сосема спротивното — неспорно е постоењето на туѓи,па дури и несловенски култури на овие простори кои немаат никакви допирни точки со македонството!Токму согледувањето на овој факт како хендикеп,наместо како несомнено богатство, е она што ги поттикнува ваквите бесполезни расправии!Произлегува дека римското,грчкото,куманското,хазарското,австро-унгарското,постоењето на Сасите и Келтите на овие простори,наместо да се прифатат како дел од богатата историја на овие простори,се прифаќаат како наша маана што во целост е погрешно гледиште проектирано од искомплексирани души желни за себепотврдување и автоидентификација со личностите о�� минатото!
bitolchanec za Makedonija (vtor del), 06.04.2012 17:53:11
Pasko, vo prviot moj komentar (prv del), na pochetokot napishav Quot capita, tot sententiae, i deka vo raspravata nema mesto za mnogu izrecheni zborovi. Nazalost sé prodolzuva po staro, duri ushte pozestoko. A i ti Erole, vo tvoeto posledno pishuvanje ne si nishto podolu od ova deneshnoto na Pasko. Vo edna vistinska debata, dvajcata, bi trebalo da mu pomozite na obichniot gragjanin da razbere koi se najglavnite igri vo vrska so problemot so imeto. Vashata rasprava mi lichi na ona aromanskata Ul qirum cale tu ubor (Go zaginavme patot vo dvorot). Jas sum apsolutno za Makedonija, i na mnogupati vo ovaj vesnik ukazav so fakti (normalno so moi) zoshto. I napomenav jasno deka ne poradi toa sho sme Antichki Makedonci. I napomenav jasno deka dali sme tie takvi ich ili poveke, nikoj ili site, ili ponekoj od nas, ili kolku se toa grcite, deka toa e drug rebus. Ochekuvame vo ova rasprava vashi mislenja, so fakti, bez nadmudruvanja, bez navredi. Imajte dvajcata dobar den.
Veselin, 06.04.2012 19:34:13
Pak do Erol.Kazi dali vo komunizmot smeese da se izucuva antickata istorija na Makedonija.Ili ne daj boze posocuvanje na bliskost na nekogasnite i denesnite makedonci.Jas nekolku pati posocuvam deka nema nikoj da se otkaze od titulite steknati so zadkarpatskoto slovenstvo i helenizmot,kako helenite prvi evropejci.Vo komunizmot ne se izucuvaa ni starite jazici,samo za da ne se citaat starite knigi.Inace vo SSSR nivnata akademija vrsese antropoloski ispituvanja vrz makedoncite begalci od Eg.Makedonija.I utvrdi deka se isti so antickite.Dali e toa slucajno?D-r L.Slavevska posoci ruski uceni koi tvrdat deka ako imalo doaganje sloveni na Balkanot,tie se povratnici.I posoci na recisi identicni pisma na makedonskata i koptskata azbuka.Pa i mnogu slovenski zborovi vo koptskite ranohristijanski tekstovi.Jas licno imam razgovarano so Kopt(star egipetjanec) direktor na osnovno uciliste od Sidnej i toj tvrdi deka pismoto so 33 bukvi im e od Makedoncite,a ne Grcite,kako tvrdi naukata.
Виктор, 06.04.2012 19:56:15
Оф мори мајко, како мало дете кога ќе се збуни па не знае што да каже попрво. Нафрлани зборови, никаков редослед, ни логичен ни структурен. Јас разбирам дека моравте да ги објавите чкрабанициве, бидејќи господинот Кузман беше лично прозван, ама ова на се личи, на колумна или на одговор не личи. Всушност, Паско Кузман не дава одговор на ниедна од забелешките и критиките на Ризаов, се обидува да биде духовит (безуспешно), се обидува да го навреди (невешто) и на крај го кани на питулици и ѓомлезе (неискрено). Се’ на се’, ништо подобро и не можеше да се очекува од Паско Кузман.
Toni Radovis, 06.04.2012 20:34:47
Mongu cudno komentari ovdeka covek moze da procita posebno od nekoj ajvani i slicni negovi klonovi.Zaremn imeto MAKEDONIJA e slovensko???Ta samo toa e dovolno da se traga pod maskite i da se iskopa nasiot skrien identitet koj zdusno vo poslednite vekovi go krieja od nas nasite dusmani!!
Kокале, 06.04.2012 21:03:29
Браво Паско. Умот царува , а не празноречието на ,,јакиот,,колумнист.
Баронот од Палермо, 06.04.2012 21:25:43
Потребна е историска ревизија поткрепена со факти, научни дебати и учество на научници од Македонија на форуми насекаде во светот. Но која е вистината за Македонија и кога малцинствата од Македонија ќе ја сакаат, ќе се борат (интелектуално) и ќе работат за доброто на Македонија. Време е да се освестиме, живееме во паралелен свет не се познаваме едни со други. Слатки зборови кои бегаат од реалноста знам но еден ден сум сигурен дека сето тоа ќе се промени.
Tommy, 06.04.2012 21:57:35
Gos.Pasko neznam zosto se zamaras da polimizizas so zabeganoit t.n. kolumnist Rizaov.Mislam toj ne zasluzuva voopstto so nego i da se razgovara. Ako toj za tebe veli si bil potrcko , jas za nego znam uste vo osum,desetite godini sto bese - nikoj i nisto., pomnam so pok .Nikola Kirkov pred kogo bese makovo zrno.
Dzani, 07.04.2012 02:16:08
`DO KOGA VAKA DURI SE MOZE`Gospodin ili gopspoga sto i da si oslepen si od omraza.Kakva vrska ima Erol so Kurdite. Erol e Makedonski drzavjanin i po cesen makedonec od tebe,mozes da bides siguren vo toa.Bidejki ti si od tie koi samo za cetri godini go menuva svojot identitet. Pretpostavuvam dokolku se smeni vlasta ke stanes najgolem slovenec. Rizaov ne e gastarbajter vo ovaa zemja pa nekoj kemu dade ili odzeme pravoto da komentira pa duri i po prasanjeto za identitetot.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 24°C, Мин: 7°C

Среда
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |