Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.04.2012, 19:03

Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена

Освен Георгиевски и Жерновски, во „Пелистер коалицијата“ се и други лидери на мали партии

Светлана Унковска

Четирите партии на опозициската десница заедно со партии од центарот вчера и официјално ја одржаа првата заедничка средба, откако претходно имаа одвоени средби за како што самите велат, меѓусебно испитување на пулсот.

Во центарот на Скопје, во ресторанот „Пелистер“ на маса се најдоа првите луѓе на партиите на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски, на Достоинство Стојанче Ангелов, потоа Наталија Ивчева со дел од партиското претседателство на Обединети за Македонија и на ЛДП, Андреј Жерновски.

На оваа средба не само што не беше поканет лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, кој упати покана за формирање на сеопфатен опозициски фронт, туку, како што брифираат, за време на разговорите воопшто не станало збор за идни разговори со првиот социјалдемократ. Иако се вели дека во оваа, се уште неофицијална коалиција нема лидер, лидерството му припадна на Љупчо Георгиевски за кој неофицијално дознаваме дека бил на чело на разговорите.

Иако се уште нема усогласена платформа на дејствување, од „Пелистер коалицијата“ тврдат дека до платформа ќе дојдат лесно бидејќи го надминале најважното, а тоа е дека се договориле разликите да ги остават настрана и да се концентрираат на она што ги спојува, односно како да се спротивстават на лошите политики на власта.

Дали оваа коалиција од “Пелистер“ ќе биде сериозна закана по примерот на хрватската „Кукурику“ коалиција која исто така се договараше во ресторанот по чие име потоа и беше наречена. Хрватската „Кукурику“ коалиција се обедини од четири партии (СДП, ХНС, ИДС и ХСУ) која на парламентарните избори успеа да ја симне од власт владејачката ХДЗ.

Во едноиполчасовната средба, како што информираа, се разговарало за главните проблеми во државата кои според нив се недостатокот на демократијата, демократијата и притисоците врз медиумите, како и евроатлантските интеграции.

„Најинтересно е тоа што оној кој нас не спои, да седнеме сите заедно, не е тука со нас, туку тој е во Владата“, изјави вчера Жерновски пред почетокот на средбата. Според него главните проблеми во државата, како што се економијата, меѓуетничките односи, демократијата, назадувањето во евроатлантските интеграции се прашањата за кои имаат исти ставови и на кои ќе се концентрираат во заедничкиот настап.

За сега се уште нема најава кога и дали ќе се одржат некакви првични контакти и разговори со лидерот на најголемата опозициска партија Бранко Црвенковски, кој прв ги упати повиците за опозициско обединување. Се чини дека постои голема резерва на помалите партии за тоа каков ќе биде односот на СДСМ кон нив.

„Се уште е рано да дојде до средба и разговори со СДСМ, не сме размислувале за скорешна средба и мислам дека е рано за еден поширок фронт“, рече Жерновски.

Првите оцени на посматрачите се дека состанокот во „Пелистер“ на кој се слу��еше пица, ќе ги поремети плановите за поширок антивладин фронт кој е идеја на Црвенковски.Нема сомнение дека Георгиевски, ако веќе е принуден да коалицира со некогашниот лут противник Црвенковски, решил политички скапо да го наплати можниот идеолошкиот карамбол.


Статијата е прочитана 8085 пати.

Испрати коментар



Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



Ana, 04.04.2012 20:21:21
Mozat i da bidat najgolemata opozicija vo R. Makedonija no nema fajde od toa toa se politicari so pominat rok narodot ne im veruva Gruevski i sam da ostane ke gi pobedi site
девичанецот, 04.04.2012 21:44:08
Кој ќе сади бостан со пензионерот Б.Ц. повеќе од сигурно е дека ќе бере тикви.
ljubco, 04.04.2012 21:57:35
Barvo be ljubco,be,bugariste staro!I ovaj branko penzionerov ne znae na kaj tera!stojance do vcera pirati brkase ,sega Nikola ke go pobeduval!Branko za gradonacalnik na sk!
aleks, 04.04.2012 22:21:51
ke mu gi zimaat parite sto gi zdibpli na ljubco ovie dvajca :))
Jug, 04.04.2012 23:00:39
Super,,,,,nema loso vo toa. Politika . Iako mali sepak se nesto. Pobitni se vo sekoj slucaj od Amdi Bajram , Pavle Trajanov, i drugi sitni sto se kaj Gruevski.
jovan, 05.04.2012 00:22:35
Pozelno e nekakvo osvezuvanje na politickava scena vo drzavava, pred se vo opozicijata, no negledam ovde nisto novo. Sporedbata so Hrvatskata koalicija, takanarecena *Kukuriku*, nema nikakva slicnost. Vo Hrvatska se zdruzija site, i Vladeackata HDZ bese raskrinkana*do daska*. Cel kriminal i bese razotkrien i izvaden pred javnosta. Ovde ako ostanat da se zdruzuvaat bez SDSM, togas kako najgolem neprijatel ke go imaat tokmu SDSM, bidejki na SDSM mu odgovara da bide edinstvena opozicija.Zosto?!, toa e veke siroka tema.Ako se zdruzat so SDSM, togas SDSM ke bide*glavniot*, a toa pa ne im odgovara na ovie pomalite, no ni na drzavava e dobro. Ke imame koalicija koja non-stop ke bide vo meguseben konflikt, nekoj posebni programi za rascistuvanje so segasnava situacija/kriminal, nemaat(pogotovo SDSM), del od prebeganite SDSMovci vo VMRO, ke se vratat(prv Latas i Zingo), pa spored toa ke imame apsolutno se isto. Ovde se potrebni svezi sili, koj za zal, vo momentov jas ne gi gledam.
prav makedonec, 05.04.2012 00:40:57
Konecno I makedoncite-bugarofili dobija svoja poseriozna politicka koalicija no sega ke moraat da vlezat vo presmetka so antickata-srbomanska koalicija predvodena od dpmne-sdsm
pameten, 05.04.2012 06:39:03
Vrakjaneto na Ljubcho na vlast e poslednata shansa za Makedonija! Toj e najpametniot politichar vo Makedonija. Prv posaka nezavisnost. Prv sfati deka Jugoslavija e gotova i deka Srbij nema povekje da bide faktor kaj nas. Prv sfati deka so Albancite mora da se dogovori razvod i kolku pobrgu, tolku podobri kje bidat uslovite za AMkedonija. Osuduvajki ja politikata na Grcija prv sfati deka dodavkata Severna ili Gorna ne se zagroza za Makedonskiot identiotet i deka sporot mora da se reshi. I prv napravi hrabriot chekor da objavi deka Sloveno-Bugarskite koreni na Makedonskiot narod se realnost i deka Bugarija e edinstven mozhen sosed strateshki sojuznik. Kolku do lradenje i korupcija - site politichari se isti....
zrak, 05.04.2012 06:56:06
,poslem novite izbpri ke se navrsat 22g od politika so isti faci i dolar patrioti,koj iako napravija golem kriminal nitu odgovaraja nitu se trgnaja od krimpolitikata.
do: Stojance Angelov, 05.04.2012 08:08:31
Stojance, imame visoko mislenje za tebe...te molam ne si go valkaj liceto so ovie sto te gledame na fotopgrafijata.Pozdrav.
Istocna Makedonija, 05.04.2012 08:16:47
Hipoteticki,ako sum ,,fanna vlastodrscite,zosto tolkava vreva za ovie ,,maliopozicioni partii.Ne bi trebalo Barsa da se plasi od Hajduk od Kula! Iako dominacijata ima vremenski cenzus,kako vo sportot,taka i vo politikata.Se trae 3-5,7 godini, nisto ne e vecno.Duri i koga uspsi ima!Mozebi ovde lezi pricinata za panika.Bidejki,kaj nas vlast se praktikuva kako slast!.Bilo koi da ja imaat!
Sara, 05.04.2012 08:17:53
Samo site gragjani na nashava ubava Makedonija zaedno so ovie politichki partii moze da ni ja podobrat zivejachkata.PANTA REY.POZDRAV DO LDP I G.ZERNOVSKI
Радован, 05.04.2012 08:22:32
Виџи, виџи соколови. А, онај у сријеини, са малим брковима и браду ка мој дједа, је ли наш чоче? Богому ко да није. Нека, нека. Имамо и ми коње за трку.
Miki, 05.04.2012 08:48:57
Ha ha ha znaci imaat strav od Lubco! Dezurnite komentatori od Centaro prvi se naredile, kako penzioneri za mleko! E mora lepceto da se zaraboti, ami kako :-)! Inaku se gleda deka se rastreseni i toa zdravo, ne tolku od ovdesnive koklku od strancite, a so niv Bogami nema igracka, ke ima desavki!!!
Miroslav K V, 05.04.2012 09:34:00
Luzer do luzer ,koga gi slusas i gledas tragikomicni se
Dlno Vodno, 05.04.2012 09:34:34
Sekade niz svetot koga opoziciskite partii se voedinuvaat, uspehot e zagarantir, iako vo nasiot slucaj so straot koj ni go stavija vo koski vladetelite,moze da se sluci da bideme isklucok. Poradi toa, malive voedineti partii, neka razmislat dobro,dali i zosto ke se *cenkaat* so SDSM koj ke bide*prvi - ja do njega*. Vazno e da imaat zaednicka cel, PRVO SPAS OD SEGA, a vnatresnite problemi ,po toa.Imame nadez od Zernovski deka nema da ja napravi predhodata greska da si ja meri sam silata, na edni idni izbiri. Neka ne gi prifati pogresnite soveti od nekoi razocarani SDSMovci koi se proshetaa niz drugi partii, pa nazad.Tj e perspektivna licnost, no se uste ne zrel za edno vodecko mesto vo opozicijata.Takvo nesto se ocekuva i od Stojance koj ima kuraz da se bori daleku od Mk. ama neka se izbori i za voedinuvanjeto na CELATA opozicija,so SDSM.Ako na BC uspesno mu se stavaat sopki i go *trioshat*,za sega e edinstven koj moze daja spasi MK,so opsta pomok na narodot i malite partii.Kuraz momc
PATROT, 05.04.2012 09:36:10
SO ZAEDNICKI NASTAP OVIE CETIRI PARTII NA LOKALNITE IZBORI KE OSVOJAT NAJMALKU 150000 GLASOVI,SO STO KE STANAT KLUCEN FAKTOR VO SITE OPSTINI VO MAKEDONIJA.
citatelka, 05.04.2012 10:13:28
Me razocara Zernovski - se ujdisuva so dusmanot na Makedonija - LjuBco, sledbenik na Vanco Mihajlov........:((((((((((((
Vistinski vmrovec, 05.04.2012 10:29:44
Ljubco vistinskite vmrovci se so tebe. Samo napred do novi pobedi.
elena, 05.04.2012 11:23:39
Georgievski dobro go primenuva Makijaveli.samo gledajte gi nastapite na georgievski na bugarskata televizija i ce vi stane jasno kakva individua ja gazi makedonskata zemja.a ovie okolu nego i onoj koj se skril vo dupkata na glusecot i ceka oroto da go pocnat se za na gjubriste. Makijaveli go sovetuva vladetelot da go iskoristi sekoj moment na slabost na svojot sosed i da go napadne, zatoa sto ovoj bi mozel da go iskoristi takviot moment i toj da go napadne nego. Koga bi vladeele vernosta i cesnosta bi bilo poinaku. Ne smeeme da se nadevame na toa, pa zatoa ne smeeme nitu da gi primenuvame, bidejci toa ne se isplaca. Ist e slucajot i so raspravata. Ako mu dadam pravo na protivnikot koga se cini deka ima pravo, verojatnosta deka toj ce go stori toa za mene e mala. Toj ce postapi povece per nefas, znaci taka moram i jas da postapam.
сашо, 05.04.2012 12:17:53
Одлична вест.Само обединети како трета политичка опција може да станете значаен фактор на мак.политичка сцена.Само напред.
ФЕЛИКС, 05.04.2012 12:59:40
Дотичниве ,,големи партиски играчи,, им прилега по адекватно ,,изборната дружина од бифето,,Титаник,,( може и ,,Андреја Дорија ) ,, кога би се направил сублимат од нивните колосални успеси на последните парламентарни избори.Инаку секоја споредба со ,,кукурику,, коалицијата во Хрватска е чист мазохизам,оти овие тукукашниве се неспоредливо лоши во споредба со нив,а и со тамошната опозициона ХДЗ.
Никола, 05.04.2012 13:09:33
Bravo Ljubco, samo napred ! Site vistinski vmrovci se so tebe.
od marko, 05.04.2012 14:30:12
lele za zalenje se ovie site!greota!ovie li mislat deka ke pobedat,abe ajde begaj tamu pa ovoj bugarofilov LjuBco nemozam da go gledam!
pero negotino, 05.04.2012 18:42:31
Кога би се обединиле цела опозиција од Македонија од Србија од Бугарија и од Грција Груевски нема да го победите залудно сонувате власт и децата ви се смеат.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Претежно облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |