Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.04.2012, 18:48

„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата

Дивидендата за минатата година изнесува бруто 6,1 милијарди денари, или 100,2 милиони евра

Сања Наумовска

Државниот буџет ќе се здебели за нови 38 милиони евра дивиденда од „Македонски телеком“. Годинава Собранието на телекомуникациската компанија одлучи да подели дивиденда за минатата година во бруто-износ од 6,1 милијарди денари, односно 100,2 милиони евра. Владата ќе добие 2,3 милијарди денари, односно околу 38 милиони евра, како акционер кој поседува 38,7 проценти од акциите во „Телеком“. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот меѓу 25 април и 7 мај годинава.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера изјави дека парите од дивидендата се очекуван прилив во буџетот. Тие немаат специфична намена, туку, како што потенцираше Ставрески, и ќе се искористат за многу буџетски потреби.

Во вкупниот бруто-износ на дивидендата за 2011 година се внесени и 20 милиони евра од добивката на „Т-мобиле“ која се префрла од 2010 во 2011 година. Се очекува најм��огу пари од дивидендата да добие фирмата „Камени мост“, како најголем поединечен акционер, поседуван од унгарскиот оператор „Матав“. На оваа компанија и' следуваат 51 отсто од акциите на „Телеком“, а веднаш по неа е Владата со околу 38 отсто од акциите.

Дивиденда, исто така, ќе добијат и 3.900 македонски граѓани кои се сопственици на 2 отсто од акциите во македонски „Телеком“ и 29 граѓани од странство, инвеститори, кои поседуваат 0,03 отсто од сите акции на „Телекомот“. Според официјални податоци, еден на 500 државјани на Македонија поседува акции во „Телекомот“. Вкупната сума што компанијата ќе ја исплати на сопствениците на акции, изнесува 1,78 милиони евра. Тоа значи дека просечно секој домашен акционер – физичко лице во „Телекомот“ поседува 493 акции за кои ќе добие 456 евра во денарска противвредност. Странските физички лица во просек ќе добијат дивиденда од 825 евра за акциите на компанијата.

„Добивката годинава се состои од две компоненти. Едната е добивката на ’Телеком’ со тоа што имаше и исплата на дивиденда од ’Т-мобиле’ за 2010 година, која излегува во консолидираните извештаи на 2011 година“, изјави по седницата претседателот на Собранието на акционери, Горан Торбаков.

Во дивидендата за 2011 година од 6,1 милијарда денари, односно 71,46 денари по акција, вклучен е данокот на добивка, персоналниот данок на доход и данокот по задршка. Право на дивиденда за минатата година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во книгата на акционери на македонски „Телеком“, на 11 април 2011 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за минатата година е петок, а прв ден за тргување без право на дивиденда за 2011 година е 9 април годинава. Добивката на „Телеком“ и на „Т-мобиле“ Македонија лани изнесуваше 80 милиони евра.


Статијата е прочитана 1264 пати.

Испрати коментар



Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 15 отсто
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќ��јка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



Пеплосан и вчера и денес, 05.04.2012 08:17:24
100.000.000 Алоооо? Имали некој свесен во РМ, БЈРМ, дијаспората, „привремено вработени во странство„? Не не пеплосаа на нас народот туку не оголија како банана. Државава наша мила мисли на нас, ние што ги плаќаме сметките од џеп а пратениците од нашите џебови кои се по цел ден на мобилен. Ама арно, од поарно. Алшкосун македонски народе, ти имаш душа и срце, хуманост, бедниот да небиде беден и затоа му даде 100.000.000 ЕВРА.
Istocna Makedonija, 05.04.2012 08:26:11
Ovoj baksis,veke e potrosen!
Todor, 05.04.2012 09:45:39
Најдоа село без кучиња и го пљачкаат народот со енормни цени....
Баба Ката од Секулицу, 05.04.2012 12:40:32
Куде нас у Секулицу овуј работу изгледа овакој.Прво ќе ти ѓи украдев паре од џеп, а отпосле ќе те одведев у продавницу до бившу “Иднину“ и ќе ти рекнае: Баба Като ќе те частев едно пиво.Ај да не кажеш дека смо стипце еве ти и едну ресану! Ту да ви и... мајку на сви од одозгор до доле, до нас...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 7°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 17°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |