05.04.2012, 12:53 Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
Сириските сили почнаа широка воена операција во предградието на Дамаск, Дума при што убија две млади лица, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Според организацијата во Дума се водат борби меѓу сириската армија и дезертерите, а регионот е нападнат од тенкови.
Локалниот активист за заштита на човековите права Мохамед Саид изјави дека тоа е една од најтешките воени операции во тој регион од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад , кој почна во март минатата година.
Во два напади во северната провинција Алепо и во јужната Дера се убиени петмина војници.
Од понеделникот, кога Обединетите нации објавија дека Дамаск ветил дека итно ќе го примени планот на меѓународниот пратеник Кофи Анан за запирање насилството, во Сирија се убиени околу 170 лица.
|