05.04.2012, 17:33 „Црно енд бело Србија“ во МСУ
Во Музејот на современата уметност вечерва во 19 часот се отвора изложбата „Црно енд бело Србија“ на авторите Жељка Момиров, Владимир Ристивоевиќ и Љубомир Вучиниќ, која е организирана во соработка со „Блок-галерија“ од Белград, како реципроцитет на изложбата „Погледи“ со која МСУ гостуваше минатата година, тројцата автори се наоѓале во скоро паралелен систем на доживување на промените што се случија во 90-тите години на минатиот век и на самиот почеток на новиот милениум, а нивните реакции на неодамнешните настани се ублажени во нивниот пристап кон презентираното дело.
Изложбата е најавена како само една од можните варијанти на едно место да се прикажат релативно диферентни погледи кон уметноста, поврзани со една тема и инкорпорирани во единствена, поврзана целина. Куратори се Марика Бочварова-Плавеска, Ива Петрова и Благоја Варошанец. (К.Р.) |