03.04.2012, 16:16 Ќе добијам уште еден автомобил
Тони Спасеноски од Ѓорче Петров, Скопје е добитник на вториот Цитроен Ц1 од играта на среќа Експрес лоз „Среќни вести“
Родителите на 29 годишниот Тони Спасеноски од Скопје испратиле на негово име коверт со пет недобитни лоза за играта на среќа „Среќни вести“, но заборавиле да го известат. Сепак, среќните вести стигнаа до Тони.
Тони Спасеноски од Ѓорче Петров, Скопје е добитник на вториот Цитроен Ц1 од играта на среќа Експрес лоз „Среќни вести“. Среќниот коверт го извлече Натали од препоплниот сад со пристигнати коверти на Џамбо Бинго на Канал 5.
Тони беше затечен од информацијата дека добил автомобил. Неговиот татко испратил коверт со пет недобитни експрес лоза „Среќни вести“ но заборавил да го информира дека неговото име е вметнато во ковертот.
„Навистина сум изненаден. Добивката не ја очекував но пресреќен сум што е мој Цитроенот Ц1. Моите родители редовно читаат Дневник, Вест и Утрински весник и редовно играат игри на среќа. За „Среќни вести“ одлучија секоја недела ковертите кои ги испраќаат да бидат на мое име или на име на моите ��ве сестри. Овојпат среќниот извлечен коверт беше со моето име. Им благодарам на моите родители, на Државна лотарија на Македонија како и на Медиа Принт Македонија за оваа прекрасна добивка“.
Автомобилот сега за сега ќе го вози Тони, но набргу неговата сестра Кате ќе седне зад воланот. Нивниот татко сепак ни порача дека нивната среќа тука не запира: „Ќе ви земам јас уште еден автомобил! Продолжуваме да играме.“
„Сакам да им порачам на сите да ги читаат дневните весници Дневник, Вест и Утрински весник, да играат Среќни вести, да испраќаат пликоа за да можат како мене да добијат автомобил или некоја друга добивка“. |