05.04.2012, 13:10 Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Меѓу Австрија и Словенија може да се случи ново влошување на односите, овој пат не поради словенечкото малцинство, туку поради назив за колбаси.
Словенија сака да го заштити називот за колбасите Krainer (Крањска) врз основа на потекло, а тоа име се користи и во Австрија за одредување вид колбаси. ЕК, како што соопшти Заводот за патенти, веќе добила барање од Словенија.
Прифаќањето на барањето на Словенија би значело дека во Австрија нема да може да се користи називот Krainer.
Австрија најави дека на барањето на Словенија ќе вложи жалба.
„Забраната за користење на називот Krainer за австриски колбаси би донело големи загуби кај австриските производители и би значело големи трошоци за промена на името“, изјави Фридрих Редлер, шеф на Заводот за патенти.
|