04.04.2012, 15:19 Кемал Монтено мора на трансплатација на бубрег
По вградувањето на стент во јануари оваа година, сараевскиот пејач Кемал Монтено има нови здравствени проблеми
Како што пишува хрватски „24 часа“, долгогодишната борба со дијабетесот ги оштететила и неговите бубрези и сега Монтено мора да оди на трансплатација.
„Стигна пролет и среќен сум. Имам ведар дух и добро се чувствувам. Наскоро ќе ме стават на листа на чекање. Се надевам дека ќе ме оперираат во Загреб. Дијализите се како вежбање во теретана. Ќе одлежам неколку часа и подобро ми е“, изјавил Монтено, кој не покажал загриженост што повторно ќе се врати во болница.
|