03.04.2012, 13:50 Пронајден најстариот жичан инструмент
Археолозите веруваат дека парчето дрво, старо 2.300 години, е мост од лира
Најстариот дел од жичан инструмент пронајден е во пештерата Ские во Шкотска. Делот од инструментот кој поточно е издлабено парче дрво е старо 2.300 години и археолозите веруваат дека е мост на жичаниот инструмент лира, кој се користел во стара Грција.
Археологот Греам Лосон рече дека откритието на делот на инструментот навистина е важно затоа што ја потврдува љубовта кон музиката меѓу западните Келти.
Лосон додаде дека жичаните инструменти кои обично се правени од дрво ретко се пронаоѓани затоа што не одолевале „на забот на времето“.
Научниците веруват дека луѓето во тоа време исто така биле свесни за силината на ехото и дека затоа се собирале во пештерите.
Проектот на ископување и претставување на најстариот дел на жичан инструмент е одржан во соработка со Организацијата на Шкотската историја и Националниот музеј во Шкотска. |