28.03.2012, 13:41 После 30 години игри на среќа, конечно добив автомобил
Клучот од првиот извлечен автомобил Цитроен Ц1 од играта на среќа Експрес лозот „Среќни вести“, е во рацете на Добрилка Ваканска од Берово
Добрилка Ваканска од Берово, последниве 30 години упорно играла на сите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија и конечно овој понеделник и се падна големата неделна добивка од играта на среќа Експрес лоз „Среќни вести“ – автомобил Цитроен Ц1.
„На сите читатели на дневните весници Дневник, Вест и Утрински весник и на сите играчи на игри на среќа сакам да им порачам да продолжат да читаат весници и да играат игри на среќа, затоа што само тој што игра тој добива. Еве јас денес добив автомобил, претходно сум добивала само поситни парични добивки. Навистина сум среќна и бескрајно благодарна на Медиа Принт Македонија и Државна Лотарија на Македонија што ми ја донесоа оваа среќа“.
Ова не е првата голема добивка на 64 годишната Добрилка, претходно имала среќа да и се падне седумка на лото, но за жал не успеала да ја пријави добивката на време и не ја подигнала.
„Сега прв пат имам голема добивка на рака. Со вас имам сигурно искуство. Некаде во 90те ми се падна седумка на лото но јас бев на боледување дома и не успеав да го проверам ливчето кое испадна дека е добитна комбинација. За жал, рокот на пријавување на наградата веќе беше поминат и не успеав да ја подигнам. Сепак, денешниот клуч на рака за автомобилот Цитроен Ц1 е само доказ дека моето упорно играње игри на среќа конечно се исплати“.
Добрила ќе продолжи да игра. Во Берово сите ја знаат, таа и на најголем студ излегува надвор да уплати лото или да купи гребка. Вели, сака да се коцка со државата, а има и среќа.
Дневните весници Дневник, Утрински весник и Вест бездруго редовно ги чита. Сега, Експрес лозот „Среќни вести“ прилепен на нејзините омилени дневни весници и е дополнителна добивка како редовен читател а и голема мотивација како редовен играч на игри на среќа.
Автомобилот Цитроен Ц1 ќе го вози нејзиниот сопруг, бидејќи таа не вози. Сега е во пензија и ужива чувајќи ги своите две внучиња.
|