28.03.2012, 13:31 Уставниот суд укина 12 члена од Законот за лустрација
Лустрацијата се укинува за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница укина 12 члена од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, односно за лустрацијата.
Лустрацијата се укинува за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори.
Уставниот суд за оспорените одредби од Законот за лустрација поведе постапка во јануари, годинава. |