04.04.2012, 13:31 Металург и Вардар Про се избегнаа во полуфиналето на СЕХА лигата
Металург во првото полуфинале на 14. април ќе игра со словачката екипа Татран Прешов, додека Вардар Про за противник ќе го има тимот на Загреб
Во Загреб денеска напладне беа одредени полуфиналните двојки на завршниот турнир во СЕХА лигата. По извлекувањето македонските претставници на завршниот турнир, Металург и Вардар Про се избегнаа и нема да играа меѓусебе за влез во финалето.
На 14 април (сабота) Металург во првото полуфинале во 15 часот и 30 минути ќе игра со словачката екипа Татран Прешов, додека Вардар Про во 18 часот за противник го има тимот на Загреб, кој важи и за прв фаворит за освојување на титулата во ова натпреварување во првата сезона.
Следниот ден, на 15 април (недела) во истите термини ќе се одиграат и натпреварите за 3.место (15:30 часот) и финалето (18 часот). Сите натпревари ќе се играат во „Арена Загреб“.
Македонските екипи до крајот на регуларниот дел на 11 април во СРЦ Кале треба да го одиграат натпреварот од последното коло Вардар Про - Металург.
|