03.04.2012, 12:14 Замина легендарниот голгетер Џорџо Киналија

Италијанецот ги доведе својата репрезентација и Лацио до големи успеси во седумдесеттите
Легендарниот италијански фудбалер Џорџо Киналија, напаѓач на Лацио и италијанската репрезентација од седумдесеттите, почина од последици на операција на срцето. Последните години тој живееше на Флорида, САД.
Тој беше еден од најголемите и најхаризматични голгетери на Лацио, а во 1976 почна да игра во САД во тимот на Космос во кој играше и Пеле. Претходно Џорџо Киналија, го доведе Лацио до првата титула и беше познат како најдобриот фудбалер на Италија.

Џорџо Киналија и Пеле |