02.04.2012, 18:03 Мое ќоше
Пресметка кај О.К. Кочани
Ерол Ризаов
Пресметката со криминалот и криминалците мора да биде еднакво жестока и со извршителите, но и со нарачателите
Конечно стасаа добри вести од Кочани. Ги чекавме цели три-четири години. Зададен им е тежок удар на бандите со тркалезни глави, дебели вратови со тешки синџири. Така барем може да се чуе од телевизиите и да се прочита во весниците. Со години обичните и чесни луѓе во градовите живеат во страв соочени со терор од криминалци и најдолен човечки слој, кој речиси непречено го земаат законот во свои раце. Тие судат и пресудуваат. Ова е мачно секојдневје на преплашената јавност. Медиумите пишуваат редовно... како во приказната со карванот и кучињата. Премногу долго државата и нејзините институции беа неми поддржувачи на оваа анархија и царство на гангстерите. Убиства, киднапирања, уцени, комар, проституција, трговија со луѓе и со дрога, рекет, лихварство, наплата на долгови, претепување луѓе е само еден дел од арсеналот на злосторства против граѓаните кои не ја чувствуваат државата како заштитник.
Неисе, никогаш не е доцна. Акцијата на полицијата во Кочани, Виница, Крива Паланка, која според првичните сознанија е добро осмислена, е за секоја пофалба. Да се надеваме дека и во другите градови ќе се стега обрачот околу криминалците и силеџиите кои ги тероризираат граѓаните. Ќе биде тоа враќање на долгоочекуван долг на власта кон огромното мнозинство мирно и чесно население кое одвај врзува крај со крај и живее во сиромаштија. Згора треба да плаќа данок на кабадахиите и башибозукот. Меѓутоа, сите мораме да бидеме свесни дека апсењата на криминалците во Кочани, Виница, Паланка.... и оние што допрва ќе уследат по македонските градови и населени места е само последица на една трагична состојба во која се наоѓаат жителите на Македонија и во која се наоѓа целото општество. Причините се многу подлабоки и се директно поврзани со нефункционирањето на правната држава, со процутот на организираниот криминал и со спрегите на политиката со подземјето. Нема човек што за време на предизборните кампањи, митинзи и прослави на изборни победи на градските плоштади не ги видел тие сурати и јајчести глави во близина на највисоките функционери и политичари. На една таква прослава е убиен Мартин Нешкоски на плоштадот во центарот на Скопје. Во меѓусебни пресметки на криминалци беа инволвирани и луѓе блиски до обезбедувањето на политичкиот врв. Се разбира, оваа симбиоза политика – криминал не е нова и не може да се препише само на една политичка партија. Таа тргна поизразено со македонската транзиција за овие години да го доживее процутот.
Одлуката на полицијата да почне со расчистување на последиците што ги сеат зулумќарите и арамиите низ Македонија навистина е во последен час и се доживува со големо олеснување. Гледано од тој агол, министерката Гордана Јанкулоска и надлежните полициски служби заслужуваат честитки и охрабрување да продолжат со своите акции. Останува да се сработи потешкиот дел од вистинската пресметка со злото. Тој се наоѓа во политичките кабинети каде што седат луѓе со бели јаки и со вратоврски, убаво дотерани во костуми по европски терк. Ни слично на оние градски битанги и насилници. Во тие кабинети треба да се изгради политичката волја за создавање амбиент конечно во Македонија да профункционира правната држава, да почнат да важат законите за сите граѓани еднакво, за луѓето да се чувствуваат сигурни, безбедни и слободни. Без таква поширока акција која зафаќа повеќе сегменти од животот, образованието, културата и повеќе институции на системот, а не само полицијата, не е можно изградба на правна држава, пристојно и безбедно живеење на населението. Создавањето амбиент за постојана пресметка со криминалот и криминалците бара да се удри еднакво жестоко и по причините и по последиците, односно и по нарачателите и по извршителите на злосторствата. Ако полициските спектакуларни акции се сведат на парада и апсење само на ситните улични крадци и џепароши, без приведување на големите босови и без ефикасна судска разврска, тоа нема да биде ништо друго туку само предизборна кампања. Во градовите нема нешто што може да се скрие. Луѓето многу брзо ќе видат дали полесно се дише или ова е само привремено вештачко дишење. |
|
Статијата е прочитана 7245 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Игор, 03.04.2012 00:18:09 | Ерол не 3-4 години, туку 13-14 години. |
| Ako Bog dade !, 03.04.2012 00:22:11 | Erole! Kocani e samo vrvot od santata mraz.Slicni takvi gi ima po site gradovivo Makedonija. Azderot na organiziraniot kriminali i mafijata dobi ogromni dimenzi i stana opasnost i za gradjanite i za mirot vo zemjata. Takvi lica so kvadratni glavi, kusi vratovi i uste pokratki i fitili na palenje, a minimalna siva masa vo mozokot ,vece podolgo vreme gi gledavme vo pridruzba na vrvnite rakovoditeli i lica so visoki funkcii i bea izvrsiteli na valkanite raboti na politicarite. Pri toa da biodam jasen, toa se odnesuva i na dvete politicki opcii. Setete se uste na Hard Rock ili Ace Ciganot ,, pa Kondovska grupa , a sega gi imaat isti takvi tipovi so drugi iminja Bikce Kapka i sl.Tie se bodi gardi na onie vratvorsksanite , a povremeno si vrsat i svoj biznis.Da se nadevame deka akcijata najposle zapocna i ce dade plod i zastita na cesnite gradjani. Insalah ! |
| milan, 03.04.2012 00:35:37 | Sekoja akcija za suzbivanje na kriminalot e za pozdravuvanje. Megutoa se plasam da ova ne ispadne kako sminka, pa prikrienite bosovi na dolinata na volcite da prodolzat so rabota uste poorganizirano.Koga se priblizuvat izbori od nasite politicari (posebno vo vlasta) se moze da se ocekuva. |
| jovan, 03.04.2012 00:39:42 | Odlicen tekst. Vakvi apsenja ke ima uste, koj kako kec na desetka ke dojdat za predizborieto. Vakvi ulicni banditi ima vo sekoj grad vo drzavava, osven vo Skopje, bidejki ovde veke ne nosat teski zlatni lanci okolu vrat, a i ne se sisaat veke kelavi. Ovde se veke *pocivilizirani i ponapredni* i se vrsi nasilie so tenderi, perenje pari, i zemanje direktno od drzavnata kasa. Kako i da e, podrzuvam vakvi apsenja i rascustuvanje so kriminalot(od nekade mora da se pocne), no dlaboko vo sebe, mislam deka e obicna predizborna dobro smislena farsa za da mu se pokaze na narodot deka, eve najdovme sto e problemot i SAMO sto zapocnavme da rascistuvame. Dajte ni vreme i Glasajte ne pak. I ke gi glasaat, a rabotite ke si prodolzat isto, pa i poloso. Nema da ima kelavi tipovi, ke gi zamenat onie so svileni kostumi, a obicno tie se uste pogolemi banditi od ovie ulicnive. |
| deko, 03.04.2012 00:48:20 | Me cudi kako kriminalnata grupa 10-tina god. operirala i reketirala vo kocanskiot region a ne bila otkriena do sega i zatvorena,zarem koga bese sdsm do 2006god.na vlast ne znaele za niv ili pak sorabotuvala so niv.Ete ti Erol tema direktno da go prasas Brane zasto ne gi zatvoril toj,tuku ovaa nedemokratska vlast spored tebe, samo ona zatvara kriminalci,a demokratskata vlast na sdsm ne se bavese so kriminal,bidejki spored sdsm ako ima kriminal ima i demokratija vo eden sistem. |
| Peco 3, 03.04.2012 01:12:25 | Кога ке видиме и дочекаме Пресметка и кај О.К. театрот, филмот, ТВ. г -дин Ризаов. Што со новонастанатата пресметка со водечките актери во македонските театри, филм и ТВ која пресметка трае повеке од 4 години. На некои водечки актери кои не се ,,подобни,, слободно може да се каже дека им е ,,забрането,, да настапуваат во своите театреи затоа што не биле ,,талентирани,, што со тој политички рекет. Тие актери некои од нив го воделе успешно репертоарот кој 10, кој 20 или 30 години и сега одеднаш не се добри и е извршена пресметка во О.К. театарот. Едноставно не смеат да се појават на своите сцени па некои заминаа надвор од Македобија... |
| creativeway, 03.04.2012 03:09:30 | sve u redu, ama pishuvash kako u 4ta godina raskaz. |
| doki, 03.04.2012 05:48:37 | nema so da se cudite. nis ne funkcionira. tepacite tepaat, policijata si molci ne podnesuva krivicni ili pak gi krie itn. ova go ima i vo drugite gradovi. koga ova ke se sredi moze i da se sredat nekoi raboti vo drzavava. |
| analiticar, 03.04.2012 06:24:22 | Dobro be, dali Vie navistina mislite deka ovie luge nepreceno operirale 10 tina godini? Ma znaela vlasta za toa, i toa kako, no ne prezemala nisto, bidejki najverojatno i tie imale svoj del od kolacot. E sega, doslo vreme koga na druga strana im se otvorile poarni biznisi, pa si rekle, aj da sobereme nekoj politicki poen, ke gi uapsime ovie, ionaka veke ne ni trebaat. A popat i ke go odvleceme vnimanieto na narodot od vistinskite problemi...Bravo za MVR!! Jankulovska spasitel !! Dodeka narodot go izvikuva ova, Gvujo na raat si gi polni dzebovite...Nazdravje! |
| Bogomil(ec), 03.04.2012 07:02:14 | Тие тип(бик)чиња, со бричени глави, се дел од ешалонот насилници на кој му покровителствува криминализираниот сегмент од машинеријата на власта. Нивните прсти се во здравството, просветата, урбанизмот, градежништвото, во градоначалничките кабинети, и за жал, во полициските и царинските редови.Зарем градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски требаше да го чека соопштените на полицијата за постоењето на сејачите на страв, па дури тогаш, и тоа со половина уста, да проговори јавно за тортурата на бандата во неговата Општина. Тие момци биле добро познати фаци од неговиот двор, без доволно сива маса во черепите, но застрашувачки богато опремени со револвери и ками во појасите. Тие се само дел од онаа платеничка армија за лично и семејно обезбедување ангажирана од политичари, директори, бизнис олигарси и кумови од криминалното подземје. По број, го надминуваатлегалниот државен безбедносен апарат. Неопходна е генерална чистка на таа мускулеста багра. |
| seirdzija, 03.04.2012 07:33:50 | Kampanjska i populisticka borba protiv kriminal,bez idejno resenie i volja za sistemsko odstranuvanje na kriminalot vo opstestvoto.Se iznaslusavme na golemi iminja kako Pepel,Kaldrma,Zmisko oko i slicni cirkuski kampanji od vlasta.Vo medjuvreme brojot na kriminalni delikti e zgolemen povece pati... |
| Petko, 03.04.2012 08:02:38 | Sega bi bilo dobro da go iskorenat organiziraniot kriminal vo Brzata Pomos Skopje. |
| Декамером, 03.04.2012 08:09:02 | Сега е април 2012 година, Деко!погледни во календар , ако не веруваш! Не е прашањето што правел СДСМ во 2006 година , туку што правевте вие од 2006 година.Сопругата на еден од уапсените е ваша пратеничка и горда послушничка , на друга е брат итн. Разбуди се , деко! |
| kalugjer, 03.04.2012 08:56:37 | gi ima sekade,samo da se pogledne i vo instituciite na drzavata i lokalnata samouprava...i vo prilep imame lokalen sherif koj partal pravi vo urbanizmot vo lokalnata |
| Gargamel do Deko, 03.04.2012 08:59:11 | More Deko,aj do 2006 Brane,ama od 2006 do denes se organiziraa aktuelnive za racija.Ta i onaa Beti,pretstavnickata na narodot vo parlamentot,ne znaela so kogo ja deli postelata i sofrata,a?So mestenje na istragi,sudenja dojdovme do ovaa deredje.Ta Urko,ta Bucko,ta Daravelski,ta onoj stecajniot profesor,ta ... mnogu gi ima i crno crveni i plavo zolti,vo site boi gi ima,zasto kriminalot e kriminal bez razlika na boite.Dobro e da pocna,no sto,i zosto i do kade?Nem amilost koga idat izbori,biko kakvi.Makedonija i se e mozno. |
| toni, 03.04.2012 09:43:57 | ova se vmrovski bandi koi sega gledat deka im tone vlasta i se prepukuvat megju sebe...vnatresna presmetka vmrovska pomegju bate sase i gujo/urko,zabegaa deckite skros,neznam samo narodot do koga ke gi trpi ovie vmrovski bandi,pa i pratenici i nivni sopruzi i brakja se vmesani vo ova i toa site od vmro,zaedno sorabotuvat so policijata i inspekciite,pa tie gi stitat,vlasta i instituciite im go dozvolila toa...zatoa site zaedno protiv ova kriminalna bagra. |
| Liki, 03.04.2012 09:48:01 | Без разлика на мотивите, ја поздрав��вам оваа акција. Ова , верувам ќе претставува удар врз долгогодишното кочоперење и глумење сила на разноразните коцкасти глави и дебели вратови, кои ги има по сите градови. Тие во најголем број на случаи и немаат и немале некоја реална сила, туку само ги злоупотребувале имињата на некои функционери со цел да ги плашат граѓаните. Во секој случај, добро е и треба да се продолжи и во останатите градови кои се заробеници на овие кабадахии. |
| elena, 03.04.2012 09:53:24 | . Treba da vi kazeme deka ne treba da raspravame so koj bilo, tuku so onie koi gi poznavame i za koi znaeme deka imaat dovolno pamet za da ne kazat neshto apsurdno so shto bi ne posramotile; koi znaat da raspravaat so fakti, a ne so argumenti koi pozivaat na moch, pritoa da gi slushaat pricinite i niv da gi razgleduvaat. Konecno, treba da ja cenat vistinata, da imaat dovolno trpenie da go podnesta toa sto nemaat pravo koga vistinata ce se najde na sprotivnata strana. Ottamu sleduva deka od stotina, samo e eden vreden da se rasprava so nego. Ostanatite gi ostavame da zboruvaat sto sakaat, bidejci covecko pravo e da se bide nerazumen; toa se odnesuva na vas g-ine erol rizaov. |
| bezanec, 03.04.2012 10:08:12 | До Деко! Тој маркентинг што со го прави вмровската власт,која народот го донесе до просјачки стап,на луѓето што мислат со сопствена глава а расудуваат со свој памет,им е јасно дека се спремаат за локалните избори. Само заслепените вмровци,научени на трошките што му паѓаат на вождот,трачаат по него како поговорката „„Кога лисицата цело време трчала по кочот,де ваму де таму ќе му паднаат топките„„. Македонче време е да се разбудиш,бидејки ја поминавме и грција со долговите,само што на грција има кој да им помага а нас ќе не продадат со се. |
| Трпе, 03.04.2012 10:45:05 | Ова акција на македонската полиција е за пофалба.Само се плашам да не е ова акција за истурање на пепел и прикривање на некој друг уште поголем криминал.А се прашувам дали вакви силеџи постојат само во источниот дел на државата.Тоа е многу слично со затварање и казнувањето на мали гранапчиња во источниот дел од земјата а таму каде има албанско население се е чисто,додека шлепери се товарат и истоварат без никој да знае како ги минуват границите.Вака е со дрогите 50 килограма ке се запленат а 500 ке поминат.Имаше по медиумите дека и претпријатијата за обезбедување се окрупнуват,земајки ги малите под своја капа ако сакат да опстанат. |
| pile, 03.04.2012 11:21:53 | G-din Erol, ocigledno vo docni casovi ste ja pisuvale kolumnata.Svezjinata i koncentracijata ke ja dokazjevte ako tekstot zavrsese so poznatata izreka,,Docna stigna Marko ...Zarem cenis deka ovaa se iskreni zjelbi za vospostavuvanje na pobezbedni sredini za zjiveenje.Ma toa e samo maska veke videna vo 6 godisnoto vladeenje na DPMNE, bez isklucok i na satelitite vo vlasta.Za temeliti i sustinski seopfatni promeni na podobro vo sistemot ovaa vlast se dokazja deka nema kapacitet.Tempiraniot vremenski tajming na akcijata vo Kocani ne e slucaen,i ima povekekratni celi, megju koi treba da preovlada stravot kaj gragjanite, vo uslovi na okrupnuvanje na desnicata i formiranje na DOS, ili serioznosta na izjavata na Stevce Jakimovski za neprodazjbata na ELEM.A porakata do izmameniot elektorat e isporacana.,,Se znaeme za Vas, eve sto ke ve snajde,,.Koj sme vo pravo, Vie ili Tie, za kratko ke se vidi.No neophodno e da sme BUDNI i normalno svezji,sepak prolet e 2012,veligden e na povidok. |
| jovan, 03.04.2012 11:35:03 | Ne znam kako ne go cudi prijatelov deko kako mazot od pratenickata od vmro bil povrzan so kriminalcite, a taa da ne znae tolku godini i uste e vo vrvot na politikata. |
| Istocna Makedonija, 03.04.2012 12:07:37 | Ne e samo Ko;ani,ima i drugi O.K! |
| Од источна Македонија, 03.04.2012 13:30:56 | Пред да зборувате и коментирате било што, Ве молам прво позанимавајте се со собирање на информации за дел од уапсените луѓе и за тоа кои се, со што се занимаваат и како изгледаат! Се изнаслушав и изначитав глупости овие денови и секакви дезинформации по весниците, па еве еден апел до новинарите: Поработете малку на своето новинарско истражување пред да пишувате или да го препишувате она што ви го пласира МВР! Кои рекетари и насилници и дилери на дрога од Виница? Вистинските сега шетаат по улиците, додека другите шепотат наоколу и се плашат гласно да проговорат за да не се и тие прислушкувани па да завршат во филмот на МВР изрежиран од најголемиот режисер на сите времиња- вработен во МВР со дебело криминално досие, Кочанчанец кој себеси се смета за Бог! Дел од уапсените не се ни познаваат меѓусебе! Единствено заедничко што имаат им е заедничкиот непријател: Градоналачаникот на Кочани и неговиот штитеник Дацо! Чиста политичка конструкција и покажување сила и моќ! Браво! И Срамота!!! |
| bb, 03.04.2012 17:46:45 | ednas veke dadov pofalba i bravo no ja molam vlasta da ne gi sortira sega zaradi toa sto e nekoj ili necij,na nikogo da ne mu se gleda kroz prsti |
| Anonimen, 03.04.2012 22:59:34 | Luge ne se zalazuvajte vo Kocani ne e ni edna cetvrtina storeno. Ima mnogu od Kocani sto ne se fateni ili ne se gi ni trazile. Zosto ne e uapsen Lazo Portokalo? bratuced mu Duljano? Penco? Bubo od klanot na Daco Belskiot, zosto ne e uapsen Daco Belskiot? Kaj e DraganRistov Muceto?niven blisok bogatas milioner Kuze ? i mnogu mnogu drugi..... Samo za info na tie sto ne se zapoznaeni. Vo kovani postojat dva klana Edniot e ovoj sto delimicno gi fatija bozem a pola ne se gi ni trazile a drugiot klan e klanot na Daco Belskiot koj i e protivnik koj poveke da zgrabi od gradot. Poradi sto Daco go podrzuva Skopskiot klan kako Urko i slicni na nego, i e povrzan so Vlasta , gi namesti da gi fatat ovie kako bi toj imal odvrzani race da pravi sto saka. Negoviot Klan e mnogu posurov i polos od ovoj sto bozem go razbija. samo sto ovoj klan kako i mnogu drugi raboti od poduemjeto gi stiti Kasirski i Mijalkov od redovite na MVR i KGB. Lugeto sto se vo begstvo ke si ziveat sega na svoite veke luksuzni |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Ведро
|
Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
|
|
|
|
|
|