Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.04.2012, 16:58

А оставка, пратеничке?

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Кузмановска, која се прослави со легендарната изјава дека се гордее што е послушник на Никола Груевски, не навестува оставка

Светлана Унковска


Гордата послушничка на премиерот Никола Груевски, по што пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Кузмановска остана запаметена, деновиве изјави дека не гледа причина да даде оставка на функцијата пратеник и на тој начин да понесе морална и политички одговорност за криминалните активности на нејзиниот сопруг.

Пратеничката на владејачката партија со ваквата изјава покажува дека функцијата народен избраник нема ништо заедничко со дадената доверба од истите граѓани кои нејзиниот сопруг, според кажувањата на полицијата, ги тероризирал.

Во акцијата на МВР „Детонатор“ покрај голем број роднини на пратеници од власта, во притвор заврши и сопругот на Кузмановска, а групата е осомничена дека ги тероризирала сите оние фирми кои ги одбивале услугите на нивната агенција за обезбедување. Но, за ваквите криминални активности на нејзиниот сопруг Кузмановска не гледа никаква поврзаност со неа и не смета дека сама треба да си поднесе оставка како чин на морална одговорност.

Четириесет годишната пратеничка Кузмановска е родена во Штип а живее во Кочани. По професија е дипломиран професор по предучилишно воспитување, а дипломата ја добила на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, каде и магистрирала во областа дидактика. Пред да седне во пратеничката фотелја била советник во општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа пред две години од позицијата на локален советник инсистирала да се разреши командирот на полициската станица, поради криминалот во општината. Кузмановска во Парламентот се прослави најнапред со легендарната изјава дека самата лично се гордее што е послушник на нејзиниот партиски шеф, Никола Груевски која ја кажа лани во август, само неколку месеци по изборите. Пред две недели, пак во истиот стил на горд послушник, на собраниската дебата за годишната програма за одбележување на важни настани цинично предложи во годишната програма за одбележување на важни настани да влезе и одбележувањето на роденденот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

„Можеби ќе беше во ред ако предложевме амандман за прогласување државен празник 50 години од раѓањето на Бранко Црвенковски. А јас ќе ве замолам вие да побарате од Црвенковски виски и малку кокаин, за да прославиме подобро“, рече тогаш Кузмановска.

Меѓутоа нито една од овие нејзини изјави не можат да бидат покритие за нејзината морална одговорност, но уште помалку треба да претставуваат доволен кредит за партиските органи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот шеф Груевски да не и' побараат одговорност и да поднесе оставка.

Во светот, пак, бројни примери покажуваат дека во случај на скандали во кои се вмешани потесни членови на семејствата на политичари, гневот на јавноста се ублажува со оставки. Притисокот за оставка доаѓа од внатрешни структури на партиите кои се загрижени за разнишаниот углед на нивната група и поените што ќе ги собере противничката страна портретирајќи ги како блиски до криминалот. Сопругата на еден претседателски кандидат во САД имаше ангажирано куќна помошничка која работела на црно во САД, а медиумите го растргнаа претседателскиот кандидат. Но, тоа не е случај и во Македонија каде оставката станува мислена именка.

Така, во ВМРО-ДПМНЕ велат дека угледот на нивната пратеничка и на целата пратеничка група не е тема за внатрепартиска политичка дискусија. „Нема најава дека ќе имаме некаков состанок за Кузмановска“, вели нејзиниот колега од пратеничките клупи Илија Димовски.

Опозициските партии вчера реагираа на последните случувања во Кочани. Нивните коментари се дека случајот во Кочани е всушност внатрепартиско препукување во борбата за преземање на бизнис интересите со агенциите за обезбедување. Социјалдемократите велат дека македонските граѓани перманентно се жртви на криминални банди, заплашувања и своевидно државно рекетарство, под директно спонзорство на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ тврди дека источна Македонија е под заложништво на цела криминална структура која очигледно не само што била толерирана од страна на судството и полицијата, туку и политички била заштитена од власта.

„Пресметката со криминалните банди е всушност борба во ВМРО-ДПМНЕ за превласт врз приватните агенции за обезбедување и контрола над партискит�� обезбедувачи. Јавна тајна е дека веќе подолг временски период постои судир меѓу шефот на тајната полиција и личниот телохранител на премиерот“, вели потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев. Криминалот, како што посочи Георгиев, е толериран од полицијата.

Оставка никој не споменува, веројатно поради фактот што таква пракса во Македонија не постои, а уште поверојатно е дека меѓу пратениците е присутно непишано правило на солидарност, се разбира на штета на оние што ги избираат и им даваат доверба да ги претставуваат во народниот дом.


Статијата е прочитана 15184 пати.

Испрати коментар



Ховит
Срѓан Керим
Писмото до Обама е важно, но косензусот во НАТО е поважен
Јанакиески најавува „европска“ контрола на медиумите
Димовски
Јанкулоска
Семејството Кузмановски не живее во луксуз
Најбогатиот човек во Македонија
СДСМ бара уставни измени, како услов за лустрација



kris, 03.04.2012 21:17:52
Ете што си дочека Македонски народе??? Зарем оваа креатура од послушник е за пратеник во Собрание????? Има ли оваа Бети ОБРАЗ или ЃОН, изгледа ќе да е второво........Се надевам дека Феликс ќе излезе од илегала...............Феликсе!!! пак ли се криви тие од Бихаќка???
Mark, 03.04.2012 22:02:22
Ostavka?!?!? A be ajde, pa VMRO-vka e zenava, kaj niv ova se poeni za unapreduvanje!
Secko, 03.04.2012 22:11:25
Ostavka???? pa koj bara ostavka od pratenickata Kuzmanovska? Neli taa javno kaza deka se gordee sto e poslusnicka na Nikola Gruevski?Zar toa ne e dovlna garancija za da nema ostavka?G-djo Kuzmanovska,covek so visoko obrazovanie magistar,no bez trunka sram i sovest!!!!PS Pa mozda ne znaese ti so sto se bavel tvojot soprug i zosto sega ti da davas ostavka od funkcijata pratenik ida se lisis od sobraniskata udobna i unosna fotelja, em od taa pozicija ke mozes da , mu pomognes na soprugot ,ako si zamines,gotovo e nikoj ne te poznava!!Epa ako imas moznost da biras medju ostavka i otanuvanje,odberi si,a nie obicnite smrtnici brzo ke zaboravime ina narednite izbori pak ke te glasame!!!
od mene, 03.04.2012 22:51:19
Luge ne se zalazuvajte vo Kocani ne e ni edna cetvrtina storeno. Ima mnogu od Kocani sto ne se fateni ili ne se gi ni trazile. Zosto ne e uapsen Lazo Portokalo? bratuced mu Duljano? Penco? Bubo od klanot na Daco Belskiot, zosto ne e uapsen Daco Belskiot? Kaj e DraganRistov Muceto?niven blisok bogatas milioner Kuze ? i mnogu mnogu drugi..... Samo za info na tie sto ne se zapoznaeni. Vo kovani postojat dva klana Edniot e ovoj sto delimicno gi fatija bozem a pola ne se gi ni trazile a drugiot klan e klanot na Daco Belskiot koj i e protivnik koj poveke da zgrabi od gradot. Poradi sto Daco go podrzuva Skopskiot klan kako Urko i slicni na nego, i e povrzan so Vlasta , gi namesti da gi fatat ovie kako bi toj imal odvrzani race da pravi sto saka. Negoviot Klan e mnogu posurov i polos od ovoj sto bozem go razbija. samo sto ovoj klan kako i mnogu drugi raboti od poduemjeto gi stiti Kasirski i Mijalkov od redovite na MVR i KGB. Lugeto sto se vo begstvo ke si ziveat sega na svoite veke luksuznio i
respekt, 03.04.2012 23:40:16
Гатанка: Нема црно петно во животот а има сопруг шеф на мафија? (пратеничка во македонскиот парламент)
jovan, 04.04.2012 00:03:57
E, da e ziv Branislav Nusic, pa da gi opise vakvite likovi.
Stranec, 04.04.2012 00:16:33
Toa e nasata banda od pratenici.Sekoja mu cest na onie postenite ama vakvi kako ovaa gospodja ne zasluzuvaat da bidat na sloboda a ne vo parlamentot.I sigurno site se ubedeni deka taa ne znaela sto pravel mazot i neli??? Mizi da te lazam!! VMRO kako partija mora da ja prinudi da si dade moralna ostavka ili da se privede kako clen na organizirana banda i da mu bide vo Idrizovo pratenik na zitelite vo narednite 30god. Taka bi napravile vo drzavava vo koja ziveam a ima li tamu drzava???
goce, 04.04.2012 01:37:58
DECKOTO SO JA PISUVAL STATIJATA SIGURNO NE E OD KOCANI!!! DA BESE KE JA ZNAESE VISTINATA...A TAA E SUROVA I NE ODI VO PRILOG NA SDSM :)
Liberom, 04.04.2012 03:47:10
Sto e kriva pratenickata ako mazot i e kriminalec, dali utrinski pobara ostavka od verusevski za negovoto razgaleno since
Zvonko, 04.04.2012 05:57:19
Pak selektiven priod kon rascistuvanje so kriminalot,ne samo vo Kocansko Vinickiot region tuku vo cela Makedonija.Mnogu me interesira dali nekoj nekogas ke se osudi da cepne vo Tanusevci,Tetovo,Gostivara,Struga i Debar.Dali nekoj smee da pipne vo Kratovo i dinastijata Zingo,Staninov proba pred 12-13 godini i nisto od toa,tresla se gora,rodio se misse mi se cini i ova ke bide taka,ke nastradaat samo sitni ribi.
albanec, 04.04.2012 05:57:58
a be greska e kriminal ima vo zapadna makedonija ne vo istocna!!! ahahha vo istocna ziveat samo iskren narod koj plaka danok i e primeren.Ne e mozno ova da se sluci na istok ova e nekoja aprilska smeska.E more makedonicista ziveete vo omraza naj mrazen narod vo evropa ste.
Nikola, 04.04.2012 07:33:36
Gospodjata ne znae kade i e mazot i ne ja interesira!? Ova potsetuva na stalinovite chistki koga zenite se otkazuvale od mazite, koga samite gi kodoshele i sl. Samo ovaa ne prochitala takvi knigi, chita samoherz romani!
Igor, 04.04.2012 07:36:43
До Гоце Ако Гоце добро ја процитал статијата, барем по името и презимето ќе познаел дека статијата ја писувало женско, а тој го нарекува дечко-каква диоптрија!!! ц ц ц ц
kocani, 04.04.2012 07:57:19
мозеби е веке фраза ама за се е крив Бранко. во насиот град тие и слицните на нив се створени со намера, во девеесетите години,од ВАНЦО ДЕЛИКАТЕС за да донесуваат изборни победи ама и за негов лицен интерес. Доволно се глупи тие децки ама силни,заститени за нивните дела, и изврсуваа негови наредби. во поцетокот беа само срекни со се со него а покасно поцнаа да го наплатуваат тоа.
jimmy1, 04.04.2012 07:59:23
Od ovaa li ocekuvate ostavka??? Ova nema obraz tuki ima slonski dzon. Neznam dali narodot e tolku slep i zalutan sto izbira vakvi duduci za pratenici. Ovie luge se bez stram i namuz, nemaat nitu trunka mozok. Neznam kako ovaa magistrirala, (po se izgleda kako Grujo, diploma na poklon) a uste poveke me zacuduva kako mozi vakvi stoki da ucat i da vospituvaat ucenici. Mozebi i togas bila nekakov si poslusnik. Kriminalni familijarni bandi od familiite na pratenicite e kradat makedonija a protiv toa nisto ne se prevzema. Stom policijata e partiska i nema sto da se ocekuva za suzbivanje na kriminalot. Policijata treba da se ocisti od partiskite poslusnici i da se zozdade nezavisna policija koja ke gi zastituva graganite a ne interesite na partijata. Za partiski poslusnici ne treba da ima mesto vo policijata, sudstvoto i vo drugite drzavni ustanovi. Ako site pratenici ni se kako ovaa koza i kako Ilija Dimovski tesko si nas, pravi duduci. Dali nekoj bi e dal na Kuzmanovska ovci da mu cuva???
PAVLE ALIMASKA, 04.04.2012 08:12:53
Почитувана Пратеничке КУЗМАНОСКА,мене не ми остави силен впечаток,ниту ме изненади Твојата изјава за слепата послушност кон Груевски,но посебно ме изненади и вчудоневиди Твојата легендарна дискусија за Бранко Црвенкоски за да му дадат КОКАИН и ВИСКИ.Само не кажавте Вие пратеничке дали побаравте кокаин и виски од МАГАЦИНОТ на Вашиот Сопруг во кој има големи резерви од овие НАМИРНИЦИ.Сакам да Ви кажам уште нешто:Човекот,за разлика од некои други живи суштества се разликува по тоа што поседува СВЕСТ И СОВЕСТ,а и ДОБЛЕСТ.Доколк�� ги нема овие особини ШТО БИ БИЛ тој ПОЧИТУВАНА ПРАТЕНИЧКЕ ?????
dedo dimo, 04.04.2012 08:30:37
Da mozda sve vopravo ,moda kuzmanovska treba da si dadi ostavka .No dali zaev treba da si dadi ostavka ,ne zaboravete i toj e od istochna Makedonija .Pisatelov na statijata treba da se vrati okolu 15 godini pa da se zaprasha zosto koga beshe pokushan ATENTAT na predsedatelot Kiro Gligorov ,ministerot za vnatreshni raboti ne si dade ostavka ili ne beshe odstranet od parlamentot ili potoa koga napadna fizichki devojka devojka za parking ? Site izgleda vo Makedonija sve Kriminalci pa zatoa zemjata ne odi napred.
Nazim ,Labunista, 04.04.2012 08:32:22
Vcera vo Italia podnese ostavka blagajnikot vo Severna liga,partija koja koja e vtora po jacina vo italijanskiot parlament.Toj e obvinet deka partiski pari daval za privatni rboti za familijata na nivniot lider.Za mene ova e samo ena od poslednidnite ostavki sto skoro sekoj dnevno se slucuvaat vo zapadna Evropa zaradi moralna odgovornost,koja na zalost kaj nas ne postoi.Kaj nas pod zastita na vlasta pagaat site moralni nacela,zatoa nie takva i drzavata.Posle se cudime kako nemame nikakov napredok vo evpropskite integracii,zaboravajki deka sekoj cekor od vlasta e dobro razgleduvan od avropskite institucii
ljupka, 04.04.2012 08:49:10
Нели според правото непријавување на незаконити и криминални дејанија се вика соуччесништво и е казниво исто како и дејството што го извршил во овој случај сопругот? Па во чиј кревет спие пратеничката?А за вискито и за кокаинот дали мислела за набавка од сопругот?
брамони, 04.04.2012 08:57:00
До КрисЧ Не секирај се, Крис, не слушаше вести? Се јави веднаш пропагандниот штаб на Гебелс и кажа дека овој продавал кокаин, ама во содејство со оние од СДСМ. Што да прави кутриот човек? Сосила го натерале, пак Бранко е крив. Феликс ќе се јави, не бери гајле, чека да му го достават коментарот.
kumanovec, 04.04.2012 09:06:13
Kakov apsurd da se bara moralna ostavka od pratenichkava.Pa shto mislite ako dade taa ostavka od moralni prichini i po nejziniot pat pojdat site pratenici od nejzinata partija parlamentot ke ostane bez mnozinstvo.Znae taa shto raboti.Narode zmisli taa ne znaela shto raboti nejzinio maz,ake znae za sirotiov narod kako zivee.
Aleksandar Sveti Nikole, 04.04.2012 09:07:28
Narodot vo Kocani kazuva sosem druga prikazna- nema vrska tuka nitu Mijalkov,nitu Urko nitu pak Kasirski,tuku uapsenite se bagra koja vo najgolem del pripagja na SDSM!!!I ne postojat od lani,tuku od mnogu poodamna!Site zaboravaat edna vazna rabota-koga se raboti za kriminal,tuka nema politicka pripadnost,nitu pak etnicka pripadnost-ednostavno interesot gi vrzuva kriminalcite,tokmu zaradi toa i treba da se apsat site sto se ucesnici bez razlika na PARTISKA ILI DRUGA PRIPADNOST!
benjie, 04.04.2012 09:12:28
za razlika od nekoi drugi partii vmro ima muda da se spravi so kriminalcite vo svoite redovi. A, ostavka e moralen cin. Ne veruvam deka pratenickava ima moral na visoko nivo, ama kje ima partiski pritisok, taka da porano ili podocna kje si odi od parlamentot.
Kavadarci, 04.04.2012 09:16:19
Zenava e defitivno zalutana ovca, najobicna malogradska komformistka, koja ete odrabotila na teren nekogas i sega e tamu kaj sto e. No sto pravime so ona sto go napisa OD MENE uste kolku takvi gi ima vo Kocani, uste kolku gradovi kako Kocani ima vo Makedonija. Tuka treba da bidete novinari i da istrazete malku, pa blagodarenie na vasite rezultati da inicirate uste akcii, da go zasramite MVR. Ocigledno deka vlasta e lesno da se praktikuva bez hrabar i gladen narod, bez javnost, bez novinari, bez studenti, bez stecajci...so eden zbor Makedonci
aurora, 04.04.2012 09:22:05
Vo eden civiliziran svet/ne kako nasiov/, za vakva afera na soprug-sopruga ili del od potesnoto semejstvo- i najgolemite drzavnici davaat ostavka. Ovaa kocanka-didakticar, so zaslepen VMRO-vski um,-muva ne ja lazi. Si ja drzi cantickata si, so frizurceto si-paradira i dava lakonski prostacki izjavi. Ete narode- za kogo glasase-taka ti treba! Pa neli zivee pod ist krov so kriminalec, neli deli ista postela so kriminalec, logicno e da go deli i kriminalot so svojot soprug. A mozebi i ke se razvede ako i nalozi liderot-samo da ostane vo zakonodavniot dom so svojot pomracen um.
Stojko, 04.04.2012 09:23:41
Gospogjata pratenik Beti Kuzmanovski , ako ima lice i obraz ne treba da se pojavi vo sobranickite stolcinja da sedne , bidejci taa e soucesnik preku svojot soprug vo kriminalot sto se pravel vo Kocani. Gospogjo , zatvorete se vo domasen pritvor i voopsto ne se pojavuvajte vo javnosta , taka ce bide najdobro za tebe i lugjeto slobodno ce ziveat vo Kocani.
Istocna Makedonija, 04.04.2012 09:29:04
Ma kakva ostavka,doblesen politicki kolektivitet ja brisi od svoite redovi,oti nosi kompromitacija!I na samata forka,evidentno e deka g-gata e ljubitel na vlast,mok,lazna velicina...Ostavka?! Za ovoj visok moralen cin na odgovornost treba da se ima doblest,sens,etika...!
bb, 04.04.2012 10:11:23
ovaa pratenicka ne treba da se kaci ni na prvata skala od sobranieto so nejzinite glupi izjavi i mestoto voopsto ne i e tamu a sto se odnesuva do lugeto vmesani vo ovoj kriminal ,veruvam deka site ke bidat kazneti i onie sto ne se uste fateni ,bez moj tvoj
tatu, 04.04.2012 10:26:35
Одело не одело во прилог на СДСМ г-дине Гоце (ако ја знаете вистината, кажете ја, а ако само декларативно и во загонетки пишувате коментари не Ви доликува), санкции си се санкции за секој кој ќе се огреши пред законот. Г-ѓата треба да си даде неотповиклива оставка чисто од морални причини. Инаку, ниедна факултетска диплома неможе да биде детерминанта за моралот и доблеста на една личност. Тоа е до домашното воспитување и совеста што личноста ја поседува. Кој ни е крив кога имаме вакви аморални типуси во парламентот? Затоа вака ни се движи државата - надолу во секој поглед.
Karokan, 04.04.2012 10:28:24
Она што го наведува коментаторот goce,донекаде одговара на вистината,односно дека ова почна и со него се служќеше и сега опозиционата партија.Беше под закрила на некаква агенција за безбедување. Веројатно овој г-дин се сеќава дека во тоа време беше на повидок и меѓуградска физичка пресметка (Кочани-М.Каменица).Очигледно е дека истиот или поаѓа од некакви тесни политички интереси или пак интелектуалниот капацитет не му дозволуива да го погледне проблемот од сите страни (од секој аспект).Проблемот со таквото насилничко однесување постојано и постојано прогресираше,а се сменија неколку различни партиски гарнитури.Па нели за санација на таа “болест“ донесовме нови “доктори“ (нова политичка гарнитура):Во што се променија работите (Само немој да ме убедуваш дека со ова акција работата е санирана,како што беше и е санирањето на малолетничката и детската проституција во Штип-се ловат макроа,корисници на услуги и сл.,а таа одново и одово се појавува и опстојува).Многу прашања,без одговор!!!!!!
Goran, 04.04.2012 10:29:45
Ama svetot i Makedonija ,kako i site drugi EX YU državi operirani se od MORAL , predsedateli,premieri,ministri,pratenici,direktori na javni pretprijatija,gradonačalnici,novinari,sudii nemaat ni M od moral i zatoa sme kaj sme so po nekolku bogati familii i ostanata siromaštija i bezrabotica,prefrleni na šverc,droga,prostitucija,nemoral samo za da se dojde do nekoj denar za da se preživee.Treba site vo Državava da se zamislat,a od toa ne e izzemen ni B.C. so svoeto SDSM i odnesuvanje,a isto i VMRO,za albanskite da ne zborime oti tie i taka ne gi interesira što nie pravime,gledaat oni samo kako da si napravat Golema Albanija.A ovaaa pratenička VEDNAŠ bi trebala da go napušti Parlamentot oti ne i e mesto tamu.
od ostrijot, 04.04.2012 10:45:19
kakva ostavka kakvi bakraci zenata si znaje sto praje ednas godisno ke priznaje oti e poslusna a dvanajset meseci kezema plata badava.
prist, 04.04.2012 10:48:15
eve vaka: bojchevski general na makedonska policija voedno i gazda na OSA, mesto plata deli sirenje:) vmro-urko-LUPUS no coment:) vladimir buchkovski so negoviot shef na obezbeduvanje toni gazdi na agencija KOTA blagoja bivsh pratenik gazda na agencija NIKO sega zaedno so bugarski SOT a presmetkata pomegu mijalkovi i urko hmmmmm mozebi e novata agencija na mijalkovi, pa sega konkurencija. prashajte go alen ili urko poveke znaat od mene
Jug, 04.04.2012 11:39:59
E Kocani i Vinica si trpite teror so godini.Alal da vi e izigravate macenici. Pa zosto vi se tie SOS telefoni . Javete se ,,,pobarajte resenie za spas od lokalni kriminalci. Jas tvrdam deka funkcioniraat . Imav i jas slucaj na covecko ludilo koj misli deka moze da pravi se no posle toj povik se se sredi. ne treba narod vo ova vreme da trpi nepravda no ne e mozno i sekogas da se bara pomos od Skopje ako tie ne se informiraat kako sto treba. Spored mene gradonacalnicite na Kocani i Vinica se odgovorni za ovie mafijaski godini vo tie gradovi . Da sum na mestoto na Gruevski bi pobaral od niv odgovornost i zaminuvanje od partijata zaradi prespienost na mandatot. Sigurno tie znaele se za vo nivnite gradovi.
moral, 04.04.2012 12:11:02
Za da se dade ostavka od moralni pricini, treba da imas sovest i moral. Pocituvanata pratenicka neznaela deka vo podrumot na nivnata ku]a nejziniot soprug cuval hemikalii za vestacki alkohol, a kolicinite, barem kako bese objaveno, bile za 500 litri. Zar toa pratenickata nemozela da go vidi?? Verovatno e kusogleda.Ako taa ne si podnese ostavka, nejzinata partija treba da prezeme sootvetni cekori i da ja prisili da podnese ostavka.
jovan, vlada ®, 04.04.2012 12:19:50
ДО СИТЕ ШТО БАРААТ ОСТАВКА: 1. ДАЛИ ФРЧКОВСКИ ДАДЕ ОСТАВКА ПОСЛЕ АТЕНТАТОТ НА КИРО ГЛИГОРОВ? 2. ДАЛИ ДАДЕ ОСТАВКА БРАНКО ЦРВЕНСКОВСКИ КОГА ПУКНА ТАТ АФЕРАТА? 3. ДАЛИ ДАДЕ ЧОКРЕВСКИ ОСТАВКА КОГА ИСЧЕЗНА КОКАИН ОД ДЕПОТО НА МВР? И ДА НЕ ПРОДОЛЖУВАМ ПОНАТАМУ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ РАБОТИ ОД ВМРО ИЛИ СДСМ ПОЕНТАТА МИ Е ДО СИТЕ НАПАЛЕНИ И ЗАПАЛЕНИ ПО ОВАА ТЕМА ДА ВИ НАПОМЕНАМ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА НИКОЈ ДО СЕГА НЕ ГО ПОЧИТУВАЛ ИНСТИТУТОТ МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗАТОА И СМЕ НА ОВА ДЕРЕЧЕ НА КОЕ СМЕ. ПОЗДРАВ
Од редовен читател, 04.04.2012 12:45:20
Жално е ��акво буниште направивте од Македонија за изминатите 20 години, па дали едните или другите, резултатот ви е ист, а читателите (можеби на некои од нив толку им е дарбата за размилсување) само се препукуваат разединети до даска. Јазот е ископан уште многу одамна и тешко сега да се поправи. Сиромаштијата и мизеријата полека си го наплатуваат данокот а властите контролирано дозираат по некоја аферичка за да го одвлечат вниманието на сосем друга страна. Никој нема намера да воведе ред и да ја направи државата да функционира според законите.
Mudrec, 04.04.2012 12:52:05
Toa sto go kazala za branko e ok i e realen odraz na negoviot lik i delo. A za ostavkata moze da go citira branko pred grujo i da mu reche - abe brat, i da sakam ne mozam da podnesam ostavka. Shala na strana, treba da podnese ostavka. Ako ne saka, treba od partijata da ja pritisnat.
od mene, 04.04.2012 12:56:47
ТАА НЕМА ЧУВСТВА И ИЧ НЕ ЈА БОЛИ,ДАЛИ МАЖ И БИЛ БАРАБА, ОН БАРАБА А, ЈА ВИЛА
Каменица, 04.04.2012 13:28:26
Во Македонска Каменица има 6 (шест) нелегални казина од кои едното е на Мончо од Кочани кои е во бегство,едното на директорот на затворот Идризово и претседател на ОК нас ВМРО ДПМНЕ Тони Јакимовски.Едно е на Гоце Захариевски - Чарли и Митко Миленковски од Делчево инаку Раководител на надворешна канцеларија за криминалистички работи при СВР Штип.Друго казино е на Сашо од М.Каменица кој пред два месеци беше депортиран од Австрија поради дилање дрога.Друго казино е на Александар Дончевски - Дундо сопственик на агенција за обезбедување ПАТРИОТ и некој си Ени од Кочани инаку личен пријател на Каширски и т.н.Господа од МВР повелете и во овој град и спречете ја мафијата,ве очекуваат чесните граѓани.ПОЗДРАВ.
Ana, 04.04.2012 14:06:14
Od gospozava ne veruvam deka kje docekame sovest pa sama da si podnese ostavka, ama se nadevam deka VMRO barem malku vnimava na ugledot na partijata pa sam kje se ottarasi od vakov plevel. Inaku ova so firmive za obezbeduvanje izleguva od kontrola, i zalno e sto najvisoki lugje od vlasta se vmesani pa nikogas nema da se vovede red. Trgnete od Kashirski, Mijalkov, ubiecot Zekirov i sekako famozniot Urko - lepotan do lepotan, 3 oktavi nad zakonite
Трпе, 04.04.2012 14:59:21
Ма каква оставка кога е верно куче на пастирот,па може да гокаса кого сака.Вакви верни кучиња се унапредуват и на нивните блиски се дозволува да работат што сакат.Само да не случајно нејзиниот и откажал послушност ја изневерил па самата го пријавила на овчарите.
verag, 04.04.2012 19:53:52
Зашто да даде оставка па таа е типичен вМРО-овец, а исто и нејзиниот сопруг.
Skopjanec, 04.04.2012 22:43:32
Ma lugje nemojte ve molam pa od kade da znae taa deka maz i e KRIMINALEC ???? Gledate li kolku raboti vo sobranie i kolku pametni raboti kazuva... kakva selendra u sobranie ima ama ova e nesto nemoguce opinok do opinok

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...
(ИНТЕРВЈУ) Најприроден е патот во кој нема калкулација
„Нашата кинематографија ги насочува младите автори да бидат конформисти“, вели Владимир Блажевски, режисер и сценарист...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |