03.04.2012, 16:59 Семејството Кузмановски не живее во луксуз
По „Детонатор“, во Кочани и во Виница полесно се дише. Кочанци раскажуваат кои се приведените сограѓани
Иван Бојаџиски
Семејство од средна класа, кое не живее раскошно и во луксуз. Вака во Градот на оризот го опишуваат семејството на Горан Кузмановски, кој беше приведен во последната акција „Детонатор“, и неговата сопруга, пратеничката Бети Кузмановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие поседуваат семејна куќа од родителите на Горан во која живеат двајцата браќа со семејствата и нивната мајка. Ништо луксузно, ништо специјално. Бети Кузмановска беше избрана за советник од ВМРО-ДПМНЕ во два мандата, а во еден период беше и претседател на Општинскиот совет. На последните парламентарни избори таа се најде на добитното место во тројката и стана пратеничка“, ни кажа граѓанин на Кочани, кој е добро упатен во политичките состојби на својот град.
Сопругот на пратеничката пред една година, наводно, бил фатен во шверц со алкохолни пијалаци на кои лепел лажни бандероли на брендирани марки, па евтино купеното го продавал по значително повисоки цени. Нема информации како завршила оваа афера во судските органи. Една година пред неговата сопруга да стане пратеничка, тој стариот автомобил со заменил со ново луксузно возило, раскажуваат кочанци.
Во Кочани и во Виница се чувствува големо олеснување по успешната акција на македонската полиција под името „Детонатор“ во разбивањето голема криминална група од овие два соседни града.
Кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски вели дека сите граѓани на овој град ја поздравуваат акцијата на МВР. На наше прашање зошто досега не се реагирало, Димитровски вели дека тие како локална власт немале ингеренции во оваа област.
„Кај нас директно никој не се имаше пожалено на насилство, на тортура. Некои процеси стигнаа и до суд по тужби на граѓани против одделни членови на бандите, но сведоците не се појавуваа и целата работа немаше завршница. И сега има судски процеси меѓу членови на двете банди, за тоа имаме само неформални информации, бидејќи ние, како општинско раководство, не добивавме никакви информации од надлежните органи. Се обраќавме до Општинското јавно обвинителство и од судот со барање информации за процесите кои таму се одвиваат во однос на криминалните структури во градот, ама за тоа не добивавме повратен одговор“, објаснува Димитровски. |
|
Статијата е прочитана 9595 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 04.04.2012 00:07:01 | Ooooo, pocnavme veke i da gi sozaluvame. Svasta. |
| IGor, 04.04.2012 00:27:43 | hahahahha Smesno e ova .. ne ziveele luksuzno .. a Sinok na Goran i na Beti, na uciliste odi so CRN JEEP :D :D :D ... Prosecno semejstvo :D |
| Зумбул, 04.04.2012 00:36:01 | Нека си види народот за кој гласал и кој го преставува во македонскиот парламент. Жива брука. Зарем со такви ке одиме во Европа? Па од цело Кочани немаше ли нешто поасално, покултурно, позаслужно да ги преставува туку ја избраа „гордата послушничка“? |
| kole, 04.04.2012 07:11:23 | Е Ратко Ратко...... си немал ингеренции........ а зошто си седнал во таа фотелја бре труп незаделкан??????? За да немаш ингеренции или и ти да делиш од колачот??????? |
| Нормален, 04.04.2012 07:57:55 | Поздрав до ВМРО-ДПМНЕ, со заложба да расчистат со сите криминални дејствија. |
| девичанецот, 04.04.2012 08:06:17 | Не берете гајле, во Европскиот парламент има и многу полоши пратеници, и по своето минато и по својата сегашност.
И примаат мито за лобирање, и со симпатии кон фашизмот....
Мислите ли дека Европа е цвеќе за мирисање?
Од цвеќето одгледано во својата градина, нема подобро.
|
| jimmy1, 04.04.2012 08:24:16 | Nee mozno edna zena da neznae sto pravi soprugot. Ako sinot odel na uciliste so crn dzip, nemozam da svatam sto se podrazbira pod Семејството Кузмановски не живее во луксуз. Pa kakov lukcuz treba da bide, da poseduvaat avion, da imaat lift do neboto??? Znaci ovaj gospodin od poodamna se bavel so kriminal, znaci poseduva golemo kriminalno iskustvo, a kako sto rece eden od sogovornicite ne seznae zavrsnicata za kriminalot so alkoholot, znaci prikrivuvanje. Kuzmanovska bez nikakvo mislenje treba da podnese ostavka, stom soprugot e kriminalec (nemozi taa da ne znae za toa) i taa e kriminalka vo istata grupa. Kako pratenik taa trebase samata da go prijavi soprugot za vmesanost vo kriminal, a ne da lajat kako besni pesoj i da ne ubeduvaat deka se borat za suzbivanje na kriminalot. Mozebi se borat ali protiv protivnicite da tie samite e prezemat celata kontrola. Ovaa mi lici na VOLK vo ovcja koza, nisto poveke. |
| Богомил(ец), 04.04.2012 08:25:12 | Се присетувате на пример на информации од ваков вид - клошар - милионер. Овој текст е крајно дефектен. Колаж од ништо, или бегање од вистината. Треба да ни дадете шамивчиња да си ги избришеме солзите од жал за неповолниот социјален статус на семејството Кузмановски. така звучи и изјавата на градоначалникот, кој очигледно ги затворал очите и ушите за да не го види и слушне тоа што им се случувало на неговите сограѓани. Градоначалникот, како и неговите советници не се икебани за гледање и за мирисање, поставени во општинските фотелји од граѓаните-гласачи. А за полицискиот апарат и судската постава во Кочани и Виница, нема друга оценка, освен дека се претопиле во дел од мафиозите. Ако полициските информации се штури, новинарските треба подлабински да го скенираат ,,детонаторот,,. Ова што го прочитавме не спаѓа во ниту еден новинарски род - ,, сакам кажам - не сакам речам,,. |
| Istocna Makedonija, 04.04.2012 09:36:49 | Ne ziveele luksuzno?!Pa ajde,iljadnicite koi edvaj
vrzuvaat kraj so kraj vo ovaa zemja,nevraboteni-
te,socijalcite,teh.visok neka sobiraat dobrovolni
prilozi za da \iveat uste poluksuzno! |
| сутлијаш, 04.04.2012 10:10:15 | А како градоначалникот глуми изненаџен???? Ајде на кого затвара очи знаеме како се победува у кочани на избори и со чива помош!!!! |
| darko, 04.04.2012 10:22:26 | da ne sakate so tekstov da gi opravdate treba da gi sozaluvame, moze i da se otvori edna linija za pomos ovoj narod da isprkaat pari od sozaluvanje |
| RAMPO,PRILEP, 04.04.2012 10:40:08 | драги македончиња,ова е психологијата на ДПМНЕ- овците,да се релативизираат нивните злодела,а со отровни стрели да се фрла по оние од СДСМ.За жал кај многу прости и евтини луѓе тоа сеуште пминува !!!!! |
| Stojko, 04.04.2012 10:51:02 | Eve ja ureduvackata politika na provladinite spisanija , odma pocnaa da gi sozaluvaat kriminalcite i torturacite na narodot . |
| Karolina Dukik, Kocani, 04.04.2012 11:51:45 | Od se dosega napisano, samo za Kuzmanovski se pisuva, najverojatno zatoa sto zena mu na Goran e pratenicka...nemam namera da gi branam Kuzmanovski...ama pecalenjeto na alkohol i ne e najgolemiot zlostor. Kade se iminjata na terorizatorite koi bea strav i trepet za gradot, tepacistata, reketarite, ucenuvacite, lihvarite? Mislam deka treba da gi izlistate site, ane samo selektiranite slucai. |
| pirin, 04.04.2012 12:58:14 | ne ziveele luksuzno ama pred 10 godini a ne sega........i lubco georgievski ne ziveese luksuzno ama pred 1998......i B.C. ne ziveese ama pred da stane premier i Grujo ne ziveese ama pred da stane minister i sega premier ...i site ne ziveat ama pred da vlezat vo politika posle ni ja e..t majkata.,,DRZAVNA MAFIJA...GOLI OTOK ZA MAKEDONSKITE POLITICARI (MAFIJASI) |
| kriminalec, 04.04.2012 13:37:31 | posto semejstvoto na beti ne ziveelo vo luksuz mazot i pocnal da se bavi so kriminal za da mozat da si kupat nesto za jadenje |
| Трпе, 04.04.2012 14:39:13 | Апел од криминалната актуелна власт.Секој кој сака да живее по луксузно нека се проба во нечесните бизниси.Затоа во РМ има порат на насилство и криминал.Ако во случај се замериш со власта и те фатат,нормално и ке те затворат.Но и затворот е убавина,нема да имаш потреба од плакање на сметки и ке имаш обезбедено храна.Ако порано беше срам да де затворат,сега е чест барем нема да останеш на улица.На народот треба да остане, сам да процени кој се криминалци. |
| Poslusnici i od Dijasporata si donesoa!, 04.04.2012 19:20:38 | Ja brukaat i dijasporata so toa sto si namestija od tamu poslusnici vo falsifikat izbori! Nitu nim nitu na poslusnicite toa im preci da se prosirat vo vratot! Ako samo gi vidite nivnite fotografii pred izborite i denes ke vi stane jasno deka se vo Parlamentot na partiska hrana i partisko (poslusno)goenje! |
| Мето, 04.04.2012 19:42:39 | Очигледна е намерата на владините „спинери„ кои имаа потреба да ја симнат темата „антиквизација„ од полемиката помеѓу Паско Кузман и Ерол Ризаов. Од листата на најчитани и најкоментирани, одеднаш во последните 24 часа беа исклучени колумните на Ризаов и се вметнаа безначајните криминални теми кои секако би требало да се тековни активности на полицијата. Го молам уредништвото на Утрински да не подпадне на влијанијата и да колку толку понуди сериозни и важни теми за полемика на целосно осиромашениот медиумски простор во Македонија. За поздравување е и настапот на Донка Барџиева-Трајковска за да се чуе и стручната јавност. |
| olo, 04.04.2012 23:09:36 | alal vi vera cela godina nikoj nisto ne znael ni ministerkata ni drugi silni luge ni gradonacalnikot. kaj nego nikoj ne dosol da mu sepni, ali ovoj vo kocani zivee ili vo jabana pa ne znae kako disat lugeto tamu. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Ведро
|
Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 21°C
|
Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 24°C
|
|
|
|
|
|