Неделен хороскоп
ОВЕН
На работното место бидете на дистанца од соработниците. Не очекувајте дека тие секогаш ќе се согласат со вас. Ќе постигнете голем успех во креативниот дел од работата, но финансиската состојба ќе остане непроменета. Вашата пречувствителност може да доведе до посериозни психосоматски болести. Никој нема да може да ги разбере вашите бурни реакции и изливот на емоции, како ни она што се случува во вашата глава. На љубовен план сте многу романтични и сентиментални. Конечно, покрај вас е лице што сосема ве разбира.
БИК
Експлозија на емоции. На многу припадници од овој хиперактивен знак ќе им се случуваат работи поради кои не ќе можат да останат рамнодушни. Што и да правите, имате чувство дека грешите. Морате да се жртвувате, а тоа не го сакате. Малку сте себични, барем кога во прашање е работата. Не сте реални. Доколку сте биле болни, ги елиминирате проблемите и влегувате во подобар период. Можеби дел од проблемите се плод на вашата имагинација. Уживајте во топлата семејна атмосфера, тоа ќе ви донесе дополнителен стимул.
БЛИЗНАЦИ
Напредокот во работата ќе биде видлив, a се темели на идната благосостојба. Потребна ви е тимска работа. Бидете претпазливи, бурните реакции може да ве доведат во несогласувања со законот. Форсирањето и преценувањето на сопствените можности ќе ги надвладее заморот. Меѓутоа, проблемот е лесно решлив. Повеќето припадници на овој знак се' уште ги продолжуваат врските од минатото. Иако секогаш велевте дека не поминувате лесно преку некои работи, сепак, вие го правите тоа. Никогаш не вели никогаш.
РАК
Конечно, сфативте дека не е се' во парите, но без нив и не може. Ви се отвораат нови можности за добра заработувачка и подобрување на материјалната состојба. Ќе излезете од кризата. Поздраво јадете, меѓутоа, внимавајте, во спротивно само ќе ставите на себе неколку килограми. Одредено лице ќе го смени вашиот животен тек. Се' зависи од вас. Дали е тоа љубов, или нешто позначајно? Се советува претпазливост и внимателност во сообраќајот. Почитувајте ги правилата.
ЛАВ
Парите сигурно, но полека ќе пристигнуваат кај вас. Во следниве неколку дена ве очекува успешна соработка. Здравствената состојба е добра, среќни сте и задоволни. Не претерувајте со храна и со алкохолните пијалаци. Бидете умерени. Ве очекуваат незаборавни моменти на емотивен план. Вљубени сте и спокојни. Доколку размислувате за потомство, сега е момент. Излезете на прошетка со партнерот и почувствувајте го пролетниот воздух. Ова е совршен период за вас и за луѓето околу вас.
ДЕВИЦА
Иако по природа сте смирени, ве очекува многу работа што ќе се одвива бавно, па ќе ве доведе до ситуација да го изгубите трпението. Подобро организирајте се. Избегнувајте ладни пијалаци, можни се проблеми со грлото. На временските промени сте неотпорни, па бидете претпазливи. Со партнерот не знаете на што сте. Може тоа и ве привлекува кај него. Неизвесните игри топло - ладно ја одржуваат оваа врска. Кон партнерот ќе имате дирекно влијание. Период на депресија. Ќе успеете да седите на повеќе столови истовремено, а никој да не забележи.
ТЕРЕЗИЈА
Искористете ја својата креативност и перфекционизам на адекватен начин. Употребете ги знаењето и талентот. Се' друго се само празни зборови. Засега здравјето ви е добро. Можни се проблеми со хормоните и со нервите доколку премногу го форсирате своето тело. Телефонски повик и средба ви претстои со лице на кое постојано мислите. За оние што се во сериозна врска ситуацијата со партнерот се подобрува. Чувствувате физичка привлечност кон партнерот. Следува богат сексуален живот.
СКОРПИЈА
Моралната стабилност, како и свеста во одредени ситуации ќе ви овозможат успешност и остварување на работните планови. Поради временските промени можни се главоболки. Се' друго е в ред. Ќе ја дополните својата врска, фасцинирајќи го својот партнер. Некои од вас ќе обноват и некоја стара врска. Уживате во прегратките на љубеното лице. Многу пријатни моменти ќе го направат поминатото време незаборавно. Не зборувајте премногу. Мала доза на толеранција би била пожелна.
СТРЕЛЕЦ
Успехот е гарантиран. Унапредување, друштвен и материјален просперитет се само неколку работи што ве очекуваат во овој период. Можни се вирусни инфекции, настинка и проблеми со урината. Емотивно владее хармонија. Од страна на партнерот наидувате на потполно разбирање и поддршка. Избегнувајте ладен воздух и несовесни постапки. Можни се повреди на главата и проблеми со синусите. Страсната врска доживува кулминација. Од партнерот зависат резултатите на некои ваши бизнис-идеи.
ЈАРЕЦ
Материјалната добивка ќе ви помогне во полнењето на буџетот. Она што вас ве интересира е признание од околината. Суетата ви е изразена, но кај кого не е? Среќниот и задоволен човек е и здрав. Единствено е можно да имате проблем со стапалата. Конечно, се спуштивте на земја. Олабавено ќе ги минувате пријатните моменти со саканото лице. Оваа седмица светла точка во вашиот живот е љубовта. Ве очекуваат многу пријатни и незаборавни мигови со љубеното лице или симпатија.
ВОДОЛИЈА
Мора да бидете претпазливи. Контактите со странските работни партнери може да бидат фатални. Не бидете толку напнати. Олабавете се, направете прошетка, излет во природа или спортувајте. Машките припадници на овој знак ги очекува многу возбудлива седмица. Вашиот сексуален апетит ќе мора да биде задоволен. Нови почетоци за воспоставување врска. Сфаќате дека односот со партнерот има потреба од промена. Љубовта е ваша главна движечка сила. Воспоставувате внатрешна рамнотежа.
РИБИ
Ако сакате да го решите својот статус мора да бидете посамостојни во работата. Вашиот успех не може секогаш да зависи од некој друг. И да е крајно субјективен проблемот, вие ситуациите ги доживувате трагично. Нервите ви се при крај. Не секогаш сите се против вас. Во љубовта, вие барем знаете, понекогаш е потребна и пожртвуваност. На љубовен план настапува ќе настапи затишје. На партнерот немате што да му кажете, но тоа не значи дека сте задоволни од емотивната ситуација. Солуција - отворен разговор.
|