Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
29.07.2013, 16:46

„Македонскиот Павароти“ е завет што ќе ме води да успеам

Младиот и талентиран пејач на 13 години стана светски шампион во пеење

Катерина Шекеровска

Вејчеслав Поповски, 13-годишно талентирано момче од Македонија, штотуку се врати од Холивуд, каде што освои пет медали на Светскиот шампионат во изведувачка уметност. Веј��е се стекна со титулата светски шампион во пеење, а во земјава се врати полн со импресии, но и понуди за понатамошни ангажмани во Холивуд.

„Шампионатот траеше 10 дена, а натпреварите траеја два дена во десет сали во хотелот од 9 наутро до 9 навечер. Се натпреварував во категоријата соло-пеење - во пет стила во кои освоив три златни медали во следните стилови: опера, отворен стил и латино, како и два сребрени медали во стиловите: светска музика и поп-музика. Истовремено добив и три златни плакети со кои бев прогласен за „Светски шампион“ во опера, отворен стил и латино-музика. Од сите натпреварувачи кои што освоија златни медали од сите категории, но и оставија посебен впечаток кај стручното жири беа избрани најдобрите учесници од само неколку земји коишто по две селекции имаа можност да настапат на телевизиското шоу меѓу кои бев и јас“, раскажува Вејчеслав по враќањето од Америка.

Тој бил одушевен од Лос Анџелес и од помислата дека таму се случуваат најважните настани од светот на шоу-бизнисот. Тоа го почуствувал и самиот со сместувањето во прекрасниот хотел „Вестин Бонавентуре“ во Даун Таун, кој бил преполн со учесници на фестивалот од дури 53 држави од целиот свет. „Сите земји имаа свои екипи кои се грижеа за сите нивни активности, но јас бев горд што со мене беа моите родители и брат ми, кои секогаш во се' ме поддржуваат и кои за се' се грижеа сами во текот на фестивалот“.

Поповски вели дека Холивуд е големо искуство за него, а фестивалот, шампионатот, го опишува како вистинска олимпијада на уметноста. „Јас на овој фестивал бев многу горд, бев прв учесник кој имаше можност да си ја претстави својата земја на еден ваков голем фестивал, тоа сите го забележаа уште на дефилето каде што целото мое семејство бевме облечени во национална народна носија и сите сакаа да се сликаат со нас. Гордо го носевме нашето знаме за да можат да ја запаметат нашата земја“.

Вејче веднаш бил забележан од стручното жири, учесниците од целиот свет, продуценти и многу уметници. „Бев забележан уште првиот пат со мојот карактеристичен и моќен глас со што ми се отвори патот и ги поминав сите елиминации и резултат беше учеството на финалната гала-вечер, која беше директно пренесувана преку интернет. Среќата ми беше најголема кога водителот ме најави на галата како „момчето со огромна моќ кое доаѓа од Македонија“, а јас со уште поголема сила настапив и успеав целата публика да ја кренам и да ми аплаудираат додека пеев, а кога завршив водителот со воодушевување повторуваше „нели ви реков, ова е моќ“. Бев многу, многу горд зошто кога отидов во салата кај учесниците сите ми честитаа за настапот и се сликаа со мене“.

Младиот пејач настапил пред дваесетчленото жири од врвни имиња од шоу-бизнисот во САД, меѓу кои Тес Тејлор, Џефри Вебер, Шел Сондхаим, Џек Шерман, Марк Вилијамс и други, во преполната сала на хотелот „Вестин Бонавентуре“ во Лос Анџелес. Добил повеќе покани и бил на разговор со нив, но посебно разговарал со Џефри Вебер и Шел Сондхаим кои биле воодушевени од неговиот глас и безрезервно му понудиле соработка за да му направат песни и да се погрижат за негова промоција во САД.

Талентот на младото момче се' повеќе го препознаваат надвор. Дома, пак, зад себе веќе има повеќе први места на фестивали, тој е талент кој ретко се раѓа. Но, како Вејче и неговите родители размислуваат за неговото понатамошно образование и воопшто насока во која би се движела неговата кариера?

„Јас имам тринаесет години и сега ќе бидам осмо одделение деветолетка. Не размислувам многу за тоа што ќе продолжам да учам, а ни моите родители воопшто не ме оптоваруваат за моето образование и за тоа што со мојата иднина. Настаните некако спонтано ми се случуваат и како самите да ми го прават патот, моите дома секогаш ми велат дека треба многу да работам и пред се' да учам, а времето само ќе покаже што треба да правам. Јас вложувам во мојот глас и земам приватни часови кај проф. Славица Петровска-Галиќ од Музичката академија за да се усовршам и да ја надградам техниката на оперското пеење. Моја желба и идеја со професорката е настап со Македонската филхармонија со која би ги извел моите најомилени арии“.

Поповски потекнува од музичко семејство - неговиот дедо, по кого е крстен, е музички педагог од Пехчево, татко му - инструменталист, пее и неговата баба... Вејче вели дека е пресреќен што има семејство кое го подржува во се'. „Од моето најрано детство секојдневно сум опкружен со музика. Мојот дедо музички педагог и голем музичар, баба ми има прекрасен глас, со неа често пееме, а татко ми не' следи на хармоника. На петгодишна возраст сам побарав да ми купат тапан и сам почнав да свирам, имав добро чувство за ритам. На шест години веќе бев фолклорист, играв со голема љубов. Почнав да свирам и на синтисајзер, во почетокот ме учеше дедо ми, а сега веќе сам ги учам песните што ги пеам и да ги свирам. Идејата да почнам да пеам дојде со настапот на „Златно славејче“ во 2010 година со песната „Скопје е мојот град“, каде сите што ме слушнаа, забележаа дека имам глас кој не е карактеристичен за мојата возраст, звучеше моќно. Од тогаш почнав да се интересирам за класичната музика, таа претставува предизвик за секој пејач. Се пронајдов себеси, со невидена леснотија ги пеев песните на големите мајстори, Павароти ме воодушевуваше и полека навлегов во волшебниот свет на музиката“.

Идејата да сними прво солистичко цеде била на дедо му, па така се создадоа и „Бисери“. Веќе има нови идеи за наредниот период, но како што вели, која од нив ќе се реализира зависи од повеќе работи и времето ќе покаже. На 12 август ќе биде дел од Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“ во Струга каде што ќе му биде врачена специјална награда.

Како и секој негов врсник, и Вејче ужива во летото и распустот, време кога се ослободува од секојдневните обврски и си дава слободно време без некои планирани обврски. А најубаво му е - се знае каде. Кај баба и дедо во Пехчево, онаму каде што го најдовме кога го побаравме за интервју. „Во Пехчево живеат баба ми и дедо ми и јас со нетрпение само што слетав од Холивуд веќе наредниот ден бев кај нив. Тука се чувствувам прекрасно, нема ограничувања, секаде владее слобода, без проблем насекаде се шетаме со брат ми, нема голем сообраќај, воздухот е чист, градот е мал сите ме познаваат и се радуваат на моите успеси“, го завршува нашиот разговор младиот и талентиран пејач за кого допрва ќе слушаме.

„Македонскиот Павароти“

„Никогаш нема да заборавам, маестро Кире Костов, Врчаковски, сите македонски музички ѕвезди и јас на разговор кај министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, по повод 20-годишнината од самостојноста на нашата Македонија. Настан кој ќе го паметам засекогаш, кога имам голем настан само се навраќам и ги слушам зборовите на маестро Костов: „Ова е македонскиот Павароти“. Тоа е нешто што секогаш ќе ме води и ќе ми дава сила. На моја возраст да го добиеш тој епитет од човекот кој е еден од најголемите и кој ја гради македонската музика е завет што ќе ме води да успеам“.


Статијата е прочитана 1393 пати.


Испрати коментар



Мајкл Даглас и Кетрин Зeта Џонс се разведуваат
„Вива вокс“ вечерва на „Охридско лето“
Иванов го прими Пендерецки
Самостојна изложба на Коле Манев на 2 август во Лазарополе
„Тралалајка“ за куќни помошнички повредна од една симфонија
Алтстает, Џафери и Галардо на „Охридско лето“
Николина Андова добитник на „Мостови на Струга“
Ќе се бараат инвеститори за новиот„Драмски театар“
Испитување на границите на издржливост
(ВИДЕО) Светот слави 100 години од „Посветување на пролетта“ на Стравински
(АУДИО) Џони Штулиќ се врати со „Гозба“
(ФОТО) Шамсија Хасани, првата улична уметничка во Авганистан
(ВИДЕО) Почина Џеј Џеј Кејл, автор на „After Midnight“ и „Cocaine“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C

Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Понеделник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Вторник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Интервју - Во име на културата, работите проаѓаат некултурно
„Критериум за пулсирањето на ’Скопско лето‘ е публиката“, вели Мирко Стефановски директор на фестивалот кој годинава го ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |