21.03.2012, 16:14 Мое ќоше
Паско, веќе не е смешно
Ерол Ризаов
Добредојде во клубот на вакцинираните од антикоманија
Го читам нашиот весник и не можам да си верувам на очите. Одамна не сум уживал толку во едно интервју како во одговорите на Паско Кузман во вчерашниот „Утрински“. Конечно, родоначалникот на политичката интервенција во науката, која предизвика бура во научниот свет и идентитетски земјотрес во Македонија, вели дека не постои кај нас процес на антиквизација. Велиш, стар пријателе, тоа е смешен термин и ако сме Македонци, треба да се срамиме од еден таков збор. Вџашен ги читам редовите каде што тврдиш дека ти и денес не гледаш смисла во неговата содржина. Не знам кога порано си го кажал тоа јавно, но ти верувам и знам дека го мислиш тоа, кажал, не кажал. Како и да е, сепак, добредојде во клубот на вакцинираните од антикоманија.
И ние неколкумина цело време пишувавме и тврдевме дека ова е смешна и срамна работа. Ама, од поодамна тоа не е смешно. Точно, беше и многу срамно. Но, веќе со години е трагично. Затоа ние станавме предавници и душмани, а ти голем јунак и патриот. Тоа ти следуваше природно оти тоа си го одработи можеби несвесен колкав потрес ќе предизвикаш кога прв ја отвори Пандорината кутија. И сега те разбирам потполно, сакаш лошиот дух да го вратиш назад. Паско, доцна е. Античката пандемија се шири неконтролирано брзо, а трае со векови.
Што уште ни открива нашиот национален археолог и директор на Управата за културно наследство г. Паско Кузман. Тој поставува две значајни прашања: Што можеме да антиквизираме ние. Дали е антиквизација што ги поставивме склуптурите пред Владата..... и нормално следува одговор: бидејќи немаме ниту една скулптура од среден век - да имавме, ќе ги стававме, а имаме само од антички период, па тоа и сме го ставиле. Потоа пак логично прашање ни поставува Паско... зошто кај нас треба тоа да е антиквизација, а кај другите не. И следува уште пологичен одговор: веројатно поради спорот со Грција се смета дека се' што сме направиле сме направиле да ги изнервираме Грците. Тоа нема никаква врска, дообјаснува Паско и поентира: ние презентираме се' што е на оваа почва, се' што е наше на кое ние сега сме сопственици. Не корисници, сопственици сме на македонската почва! Оттука се' што е на таа почва, се' е наше. Ни грчко ни турско, наше е... Не е никаква антиквизација се' што е најдено овде од периодот на хеленизмот, од класичниот грчки период, да го извлечеме и да го покажеме. Досега не можевме да го направиме тоа, заклучува Паско Кузман.
Драг пријателе Паско, иако никогаш не е доцна, еве неколку факти што кажуваат дека многу си задоцнил и дека тропаш на отворена врата.
Прво, никој во Македонија никогаш не тврдел дека културното наследство од сите историски периоди откриено на оваа почва не е наше. Тоа е општо познато правило во светот, регулирано со меѓународни закони. И на пирамидите во Египет денес се наследници Арапите што живеат во земјата на фараоните. И Турците се наследници на Троја и на Кападокија и на чудесните цркви, Италијанците, Французите, Германците се наследници на големите чуда и ремек-дела останати од Римското Царство. Културната оставнина на сите цивилизации и историски периоди од праисторијата и антиката до денес во која било форма припаѓаат не само на народите кои живеат денес на тие територии, туку и на целиот свет. Тоа никој нормален нигде не го оспорувал. Ти велиш дека не е антиквизација да се презентира тоа што е најдено овде од периодот на хеленизмот и класичниот грчки период. Па, разбира се, Паско, не е. И треба да се презентира. Тоа ни е должност и со тоа треба да се гордееме.
Па, каде е тогаш антиквизацијата, поточно аниткоманијата. Драг пријателе, добро знаеш дека проблемот е во политичката интервенција и стимулација дека ние сме единствени и директни наследници на античка Македонија и дека наши предци се Александар Македонски и Филип Втори. Таа иницијална каписла, по која фрливме во неврат стотици милиони евра на овој најсиромашен народ на Европа, ти ја запали кога дозволи античките статуи од музеите каде што им е местото да се преселат пред Владата. Потрагата по сопствено пославно минато е скап опиум што создава тешка зависност. Македонија се навлече на тоа на сметка на словенството и на сите други историски периоди од кои имаме непроценливо културно, историско и идентитетско наследство. Разни шарлатани го прогласија словенското потекло за комунистичка измислица и варварство. А ти за тоа уште молчиш, како што молчат и многу други кои знаат дека словенството и христијанството се главен темел на современата македонска нација, јазикот и писменоста. Тоа е одамна потврдена историска и научна вистина. Нели, Паско. Па, сега ти види кога тоа ќе им го кажеш на новите антички Македонци. |
|
Статијата е прочитана 10380 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 22.03.2012 00:23:44 | Aferim Erole, nema sto da dodam. Iako nemam nisto povece da kazam, cuvstvuvam potreba da naglasam deka 100% se slozuvam so tebe. |
| USA, 22.03.2012 01:00:42 | Istorijata ne e hemiski sostav na nekoj element, pronajden, dokazan i potvrden. Taa e pisuvana od ludje koi isto kako nas se ili bile podlozni na vlijanija. Sto ke bide ako nekoj ekskluzivno ja pisuva istorijata na Balkanot? Sigurno bi bila hemiska reakcija. Samo barame nie licno da dojdeme do zaklucoci bez nametnati gotovi proizvodi. Potvrda: moite predci ne se grci,srbi, bugari ili albanci koi ziveele na ovoj prostor. A, od slovenstvoto go znaele samo SLOVOTO BOZJO. |
| deko, 22.03.2012 01:35:51 | Vo sekoja normalna zemja kade se vrsat iskopuvanja,se naogaat razni artefakti i sl. e normalna rabota samo kaj nas ako se istrazuva istorijata itn.e antikvizacija.Siguren sum deka grckite spomenici vo GR ne se za tebe antikvizacija.Znaeme deka istorijata ja pisuvat pobednicite a ti si ucel od vo 70-tite i zosto mislis deka toa sto ti si go ucel e tocno,i zasto sega ti smeta istrazuvanja od istorijata vo MK dali se plasis deka toa sto si go ucel nema ama blage veze so vistinata i zasto taa tebe licno tolku ti smeta.Sto pati ke poftoram ako mene ne mi smeta toa sto si ti zasto tebe ti smeta sto nie se custvuvame makedonci,kako smees da ne ubeduvas deka sme drugo.Zasto ne napises edna statija pr.deka denesnite grci ne se grci ili ne smees normalno ako tie te plakaat,najlesno e da ne ubeduvas nas sto sme, so koe pravo.Cudna rabota e sto se edni te isti novinari uporno bez zdiv ne ubeduvat uporno da bideme drugi ama nie budalite uporno vikame deka sme makedonci.Identitetot e nasleden. |
| Mapkoc, 22.03.2012 01:44:15 | Имам јак впечаток дека е г. Паско Кузман повеќе од компетентен за полето на кое делува. До толку повеќе жалам што своите капацитети ги впрегнал во остварување на „проекти„ поради кои Македонија трпи и со години ќе трпи штета - материјална, политичка. Верувам дека приказнава, во која г. Кузман има така важна ролја, ќе заврши со фијаско. Неговите патрони - волунтаристи еднаш ќе ги снема (со губење на власта). Нему ќе му остане бламот. Згора, на злобници и „јадачи„ ќе мора да дообјаснува зошто ова било вака или онака. Тоа ќе биде дел од цената за повеќегодишната сервилност. |
| demokrat, 22.03.2012 02:33:38 | Dobro e druze Erole, ovoj pat isprati dobra lekcija... samo dali ke ima glavi da ja razberat!? |
| xcfghuiop, 22.03.2012 03:35:00 | Aman bre do koga so taa antikofobija veke. I na pocvata na denesna Italija ne ziveat anticki Latini, Rimjani pa tie se smetaat i se smetani vo nivni evoluirani naslednici. Od kade pak Erol e tolku siguren deka vo denesnite Makedonci sprotivno na naucnite tvrdenja na svajcarskiot i ruskiot institut, nema anticka krv i osobeno anticki duh? I moze li toa da se snimi so aparat i da bide amputirano. Vi preci na politikata Makedonija tikva bez koren i na prestizot so dominantna velicina. Nesporno e deka Makedoncite bile varvari vo anticko i deka duri i Aristotel ne mozel od Aleksandar da stvori filozof tuku toj ostanal voin kako tatko mu. Grcite uspeale da go iskoristat pohodot na Aleksandar no do den denes ne uspeale nitu da go pretopat nitu da go ponistat makedonskoto varvarsko pleme. Go znaat tie toa mnogu podobro od Makedoncite bidejki bile pismeni i go dokumentirale samo ne go otkrivaat zaradi manipulacija koja denes se potesko im uspeva. |
| pameten, 22.03.2012 03:44:09 | Tochno e deka Antikvizacijata e sramna, a odamna ne e smeshna. No i ovok problem kako sekoj drug ne mozhe da se reshi bez da se analizira. Antikvizacijata se rodi vo diasporata, pred se vo Avstralija, kako emotivno begstvo od vistinskata istorija. Tochno e deka словенството и христијанството се главен темел на современата македонска нација, јазикот и писменоста. No e isto fakt deka 1000 godini po doagjaneto si nashite Sloveni ne se narekuvale Makeodnci, vo nikakva smislai, a kako Slovenite vo deneshna Bugarija prifatile imeto Bugari. Iako Protobugarite da ne bile Sloveni, tie se Slovenizirale i drzhavata na koja shto sluzhele Sv.Klimen i Sv Naum izgradila temelot na Slovenskata kultura. Sovremenniot Makedonski identitet kje opstane samo ako se najde hrabrost da se soochime so celata istoriska vistina. |
| Marioec od Azija, 22.03.2012 03:48:44 | Toa se tezi koi mozes da gi vrtis kako sakas.Erole aj daj dokas deka nemame nisto zaednicko so Aceta i co.Daj dokaz deka si go preplival Dunav a ne si dosol od bliskiot istok,ili nevleces koreni od Rimsko.Istorijata ne e se kako sto e napisano,zatoa sto poveceto e zasnovano na pretpostavki i tezi,i tumacenja na razlicni nacini bez dokazi.So usovrsuvanjeto na tehnologijata i naukata se pobieni mnogu naucni raboti od istorijata za koi se tvrdese sprotivno.Nie se facame za slovenstvoto,od prosta pricina spored jazikot i nekoi pisani raboti,no jazikot ne e merilo za poteklo,ako e taka mnogu zemji treba da se Englezi posto go koristat toj jazik,pa i nekoi vo Afrika i Azija.Makedonija doprva treba da se istrazuva i razrabotuva nejzinoto minato,a Pasko e najcesniot na negovoto mesto dosega sto sme go imale,nekoi na negovo mesto isprodadoja sve sto stignaa vo Grcija i Srbija. |
| naumce srbinoski, 22.03.2012 06:30:00 | Gosp. Rizaov, ne se slagam so denesnava intervencija na politikata vo istorijata i najmalku so Pasko Kuzman, ama imam sa mo edno prasanje, ne do tebe , tuku do istoricarite. Dali na ovie prostori na denesna Makedonija koga dosle Slovenite bilo bezvozdusenprostor??? Ako bilo taka togas jas sebesi se proglasuvam za cistokrven Sloven. A, ako imalo vozduh, i ponekoja ziva dsusicka go disela ,togas, sto sum jas, na ova prasanje ke odgovori samo onoj koj znae koj e postar, kokoskata ili jajceto. Nitu ti a nitu naucnikot Pasko Kuzman. |
| kole, 22.03.2012 06:47:23 | На ова ниту Феликс нема што да додаде.......оваа екскурзија со Паско и Грујо, Македонскиот народ скапо ќе го чини............ |
| Stipjanec, 22.03.2012 07:30:58 | Pasko, Cestitam. Redno e ednas da gi razbudish od slatkiot son t.n PATRIOTI, koi se sramat od svoeto poteklo-Slovenskoto, i zabeguvaat vo nekakvi si imaginacii, se razbira naucno dokazani od Milenko & Company. No sekoja glupost e so kratok zdiv, i mnogu brgu ke bide ostavena vo zaboravot. No, ova so t.n Arhitektura na Skopje, ke ostane VECNA, i ke go krasi gradot so imidj na selski (palanecki) PANAGUR. Pasko, te molam, RAZBUDI gi ovie novo-komponirani kreatori, i da prekinat da pravat gluposti! Da ne go unistime GRADOT 100%. |
| Ne tolku Itar Pejo, 22.03.2012 08:16:36 | Статуите пред Владата не се од времето на Александар и Филип! Тие се од времето кога Македонија била под власт на Римското царство. И во право сте Ерол, да престанеме со антиквизацијата и да смениме името на оваа држава кое бездруго е античко нели! |
| mene, 22.03.2012 08:40:31 | Do Deko.
Drugarce i jas sum makedonka,ama sovremena, ne anticka.A ti od kaj si siguren deka potekloto ti e anticko? Moite predci od damnina (i od Egejskiot del na Makedonija), go zboruvaat slovenskiot Makedonski jazik.Zarem ako sum potomok na Aleksandar (da ne recam sto e-sram mi e da sum tolku vulgarna...) toa me pravi makedonka?Sto si ti konkretno, ke si prasas po doma, ako ima od postarite ziv nekoj. Potekloto ni e SLOVENSKO, moze narodot se mesal posle, ama toa e toa, sakale vie kutri ili ne... |
| Ероле, смешно е!, 22.03.2012 08:45:54 | Ирците, на пример, жалат што римјаните не ги покориле и нив, па денес немаат ниту една градба, ниту една скулптура од античко време. Ние во Македонија ги имаме и треба тоа да го цениме. За жал. луѓе како Ерол Ризаов тоа не можат да го разберат. |
| Грција воведе антиквизација со лаги да го сокрие злосторот, 22.03.2012 09:19:26 | Грција со фикции и лаги не врати три илјади години назад оти нема аргументи. Оти пред сто години Македонија не била грчка. Што е важна антиката кога пред сто години во Александрова Пела Грци немало а Македонци имало. Цела тн егејска е со 75% македонски народ. А зошто сме и за Бугарија проблем тогаш. Затоа што и таа се омрси пред сто години со македонска земја и народ. И лаже исто дека Кирил и Методи биле Татари. И исто со лаги може да не блокира. И да имало доселување на словенски народи не дошле на празен простор се измешал народот и така се доаѓа до 1913 кога немало Грци а Македонци имало. Колумнистов не е во право.Е како бе колумнисту Македонија е грчка и дајте и после злосторот над македонскиот народ да сме попуштиле на тој фашизам заради интеграции. |
| HELENIZAM I ANTIKOMANIJA, 22.03.2012 09:29:25 | Vcera eden seznajko popisan kako Brisel tvrdese deka Helenizmot nema ama nikakvi vrski so starite grci?!Vo enncikjlopedija pisuva :Helenizam e osobenost na starite Grci, obicai, kultura, obrazovanie, jazik, vo potesen smisol na zborot period na starogrckata knizevnost od smrta na Alaksandar do carot Avgust. Helen -sin na Deukalion, pratatko na Helenite po cii sinovi Eol, Dor, Jon i Ahej se nareceni i starogrckite pleminja( Eolci, Dorci, Jonci i Ahajci) Antikomanija:antika-kultura i filozofija na klasicnite starini; umetnost , vospitni ideal na starite narodi( Grci, , Rimjani, Egipjani i i dr) , predmeti na stara umetnost. Manija- dusevno zaboluvanje karakterizirano so bez , agresija, sumanutost , ludilo, nastranost, zansesenosti sl. |
| taka e, 22.03.2012 09:39:20 | I Hatidje sultan gi iskrsi skulpturite vo dvorot na Ibrahim pasa. |
| Veliki, 22.03.2012 10:25:19 | CCCCC Gluposti, kako prvo Erol ne ni Makedonec po nacionalnost.! i zatoa nema pravo da dava ocenki i komentari za nacionalnite cuvstva na Makedoncite. Se nadevam deka komentarov ke mi go objavite !? Da, nie sme naslednici na golemite Makedonski kralevi, a zosto? toa Erol ne go interesira, ne e Makedonec. Bez link so anticka Makedonija NIE ne sme Makedonci ..! Grcite bile pravite Makedonci, zatoa sto bile naslednici na antikata ?, zaradi toa nie nemame pravo da se narekuvame Makedonci. I na kogo mu e ova tesko da go razbere, ili e gl.. ili ne e Makedonec. |
| Miki, 22.03.2012 10:26:25 | O TEMPORA, O MORES! Postoi li pogolem paradoks-Erol Rizaov, Turcin po rod, Makedonec po tatkovina-da ni go brani Slovenskiot rod i Hristijanskata vera od Paskovci, Tentovci, Sutrakovci - Hunzi li se, Anticki li se, gjavola li se?!? Fala ti Erole Rizaov, barem na dva-trojca zameluseni od otrovov da im gi otvori ocite-golema rabota si zavrsil !!! |
| Do Deko i Antickite makedonci, 22.03.2012 10:29:26 | Prvo citajte pa reagirajte. Ni nanesuvate steta na partijata, izleguvame prosti i neobrazovani. Najdobro e da molcite koga ne gi znaete rabotite. Od takvi kako vas ke ja izgubime vlasta. |
| Rezzilov, 22.03.2012 10:33:05 | Господине Ризаов!Ако имаш привелегија да кажуваш јавно се’ што ќе ти падне на ум не значи дека други немаат право да си го кажат своето мислење.Имаш уште една привелегија - да не ги објавуваш коментарите кои не ти се допаѓаат.Кога Словените “дошле“ овде не нашле тотално празен простор.ЛОгично е дека се измешале со античките Македонци,како што подоцна се мешале со други народи - римјани Турци,Бугари,Срби,Албанци и кој знае кој.Никој не ги порекнува ни Кирил и Методија,ни Климент и Наум,нити Самоил,ни Карпош,ни Мисирков,ни Делчев,ни НОБ,ни Ченто,ни Апостолски,итн.,итн.Континуитетот постои од праисторија до денес.Зошто тебе ти смета “поврзувањето“ со античките Македонци и зошто инсистираш на промена на името на нашата држава? |
| Томе Стојановски,д.е.и., 22.03.2012 10:49:59 | Г-не (Г)Ризаов ако Вие не сакате вашите предци да бидат Филип И Александар тоа е ваше право !! Ама Вие немате никакво , ама баш никакво право да ми кажувате кои се моите предци !!! Не морате баш во секоја манџа да се мешате !!! Многу сте се прецениле !!! |
| Mudrec, 22.03.2012 11:09:19 | Najgolema zabluda sto se obiduvaat komunjarite da ja shirat e deka antikata go ponistuva slovenstvoto. Se raboti za sve razlicni epohi, razlicni periodi. Da, denes sme slovenska nacija, no slovenstvoto e istoriski presvrt, ne e pocetok na istorijata. Ako e vistina deka Slovenite se doselile tuka. logicnoto prasanje e sto se slucilo so lugjeto koi ziveele na istata zemja prethodno. Zarem Slovenite site gi ubile i ostanale da ziveat sami? Sto e problemot da pogledneme podaleku vo istorijata? Ke gi nalutime grcite? Ne bidete smeshni ! |
| Makedonalds, 22.03.2012 11:18:22 | г.Кузман, вистинските народи го градили својот национален идентитет во текот на стотици години и многу, многу одамна завршиле со тоа. Забавно е да гледаш како во 21 век некој допрва гради таков.
P.S. Не велам дека причината за тоа е дека македонската нација е вештачка творба, само велам колку забавно е тоа. |
| vapila sirula, 22.03.2012 11:21:17 | Претставници на ДУИ изјавија дека Паско Кузман има албанско потекло, што значи дека навистина е антички мкд. |
| Omar Musa, 22.03.2012 11:22:39 | USA,tvoite pretci mozebi go znaele slovoto bozje, no ti ne go znaes!Ocigledno vo portokalovata glava ti se slucile hemiski reakcii.Nemas mozok ni kolku deko,koj misli deka Erol icel vo sedumdesetite.Erol i togas pisuval.I dvajcata,kako onoj xcfghuiop,ste zreli za vi institut,bilo svajcarski,bilo kineski,pomos vi e neophodna, i toa od strucni lica. |
| canberra, 22.03.2012 12:12:39 | BRAVO |
| Goce USa, 22.03.2012 12:25:26 | Lugje...ako veke ste nepismeni-barem ne se brukajte ovde javno! Sedete si doma i ne otvarajte usta. Ubavo e toa da si imame slavno minato i da sme deca na Ace i ne znam koj AMA tesko ke odi toa.
A zosto sme Sloveni? Zatoa sto licime na sloveni, sme imale i imame obicai kako slovenite, isti bogovi i veruvanja so slovenite, isti jazik so slovenite...
A so Aceta sto imame zaednicko? Osven zelbata da sme golemi i vazni verojatno -NISTO! t.e. Sve ona sto samite si izmisluvame i posakuvame |
| jimmy1, 22.03.2012 13:48:46 | Mozebi vo Makedonija se naseleni poveke etnikumi vo ponovoto vreme, no nemislam deka vo denesna Makedonija nema makedonci so anticko poteklo.
I za grcite se zboruva deka se naselile od Egipet, ali sepak i tamu ima luge so anticka krv. Ako se zeme matematicki od togas do denes se okolu 33 pokolenia (prosecen zivot 70 god.) znaci nee mnogu odamna. Jas licno se custvuvam i se smetam samo makedonec. Kako sto imam citano dedomu na Aleksandar bil roden vo Trebenista Ohridsko a babamu poteknuvala od Bitola. Ohridskiot kraj nikogas ne bil pod Grcija i po nikoja cena tie nemozat da bidat grci. Svetot jasno znae deka onaj denesen nas del sto go ima grcija tie im go poklonija vo 1913 god. ali za zal vo pregovorite nikoj toa ne go ima spomnato. Albancite se doseleno od Azija, mislam provincijata se vikase albana, ali site se smetaat deka se potomci na ilirite iako ilirite bike sosema poinakov narod, ilirite bile napredni, kulturni luge a ne zaostanati i prosti kako denesnive siptari. |
| неутрално, 22.03.2012 14:03:34 | Турски попис на Хилми паша за географска област Македонија 1904г. турци и албанци 423,000 (41.71%) грци 259,000 (27.30%) блгари 178,000 (18.81%) срби13,150 (1.39%) други 73,000 (7.72%) |
| Srbin, 22.03.2012 14:43:13 | Fala bogu sto znam sto sum :) |
| неутрално ти ��и фиљо, 22.03.2012 15:18:36 | Фиљо гркофиљо пописот не го признава и една Турција. Тоа ти е како во Пирин на попис во 1950 биле 200.000 Македонци а во 1954 по договорот Сталин Черчил биле нула. Гркофиљо не скокај со гркосрбоблгарски лаги за македонскиот народ како било во злобната 1913 год. |
| Внимателен читател, 22.03.2012 15:25:53 | Абе, за Ерол знаеме одамна дека ја осудува антикоманијата и антиквизацијата и Грчка и Македонска.
Поентата е што сега Паско Кузман бега од антиквизацијата и ја нарекува смешна и срамна. Тој не зборува во своето интервју за нашето потекло од антички времиња, туку зборува само за презентацијата на античкото културно наследство против што никој нема ништо. Галиба по Паско и Владата ке се откажува од античкото потекло на Македонците. Што поблиску се до промена на името повеќе ке се откажуваат од Александар и антиката. Читајте внимателно |
| Миле - Охрид, 22.03.2012 15:30:36 | „Па, каде е тогаш антиквизацијата, поточно аниткоманијата“? Тоа е измислица на оние кои сакаат да ја оспорат (извртат, ревидираат или релативизираат) пресудата на судит во Хаг, која недвосмислено ги поби тезите на оние кои со клевети, навреди и лични непристојни дисквалификации се обидуваа да му го одземе правото на личности (или групи) да се чувствуваат наследници на народ од територијата на која живеат.
Таа кованица е измислена од мрачни сили, подржувачи на грчките шовинистички уцени за промена на името на Македонија и Македонците, кои сакаат да ја бришат единствената држава на македонскиот народ од картата на светот. Тоа се болни умови кои измислуваат кованици кои не значат ништо, но се употребливи за да им се дадат како „аргументи“ на странските пропаганди за да се користат вораспарчувањето на Македонија. Тие „аргументи“ еднаш се отфрлени од страна на судот во Хаг. Зошто вие упорно и бестрамно ги реафирмирате? Дали затоа што сте пријател на македонскиот народ? Или? |
| Трпе, 22.03.2012 15:44:34 | Јас ги признавам само Адам и Ева и Хомо сапиенс.Останатото се е измешано низ историјата.Денес антиквизацијата, лажните патриоти ја измислија само за перење на пари.Тоа што денес јазикот ни е во групата на словенски јазици не прави словенски народ.Па овие лажните патриоти не се и христијани.Мешањето на народите низ векови е природна појава.Од каде да знаеме во 5 века под турско ропство нашите пра па прабаби не биле силувани од турците.Но сепак сме останале христијани.Но со вакво мешање на историјата и ова мало парче земја кое е со крв створено сакаме да го изгубиме.Од територијата Македонија секој си зел кој дел го има ослободено.А ние кукавиците што имаме ослободено? Ако во федерацијата некој ни го дал на тацна а несакал да не претопи во луге без историја. |
| Vinci, 22.03.2012 15:45:16 | Naravoucenieto sto proizleguva od ovaa kolumna, sto pati da im se povtori na komentatorite kako Deko i slicni ne vredi, tie pak ke si ja verglaat nivnata isprevrtena vistina. Istovremeno e smesno i zalno, kako ovie vlastodrsci /mentori na antikvizacijata/ im go ispraa mozokot na pretezno polupismeniot del od populacijata.Ovie t.n.potomci na Voinot na konj neka iskazat barem edna polza, ako iole imaat gram akal, sto dobi i dobiva Makedonija od antikvizacijata /osven siromastijata i mizerijata/ !!!!!!!!!!!???????????? |
| Crni Grujo, 22.03.2012 15:55:06 | Bravo Erole - svaka cast MAJSTORE! Според сe изгледа некои работи во Македонија никогаш нема да се изменат бидејќи се неодвоиливо, папочно, сврзани со определени личности-протагонисти и фолклористи; и според нив една вистина со еден правец на размислување. За време на комунизмот протагонистите беа во првите борбени редови и нивна главна преокупација беше контролата на умот и колективниот дух. Благодарејќи на тоа денес имаме осакатени генерации во однос на историските вистини и генерации кои генетски како да се предодредени да имаат омраза и гнев спрема секое спротиставување на така конпонираната историја. Тие, протагонистите, тука се немилосрдни и историјата и натаму си ја гледаат како интересна книжевна опсервација податлива за наjсекакви интерполирања и моделирања. Важно е таа и натаму да биде под контрола и пoданиците да не дознаат нешто повеќе за сопственото минато, историја и култура. Еднoставно за тие протагонисти повикот да се дотерува историјата бeше многу посилен од факт |
| Ајван Доктор®, 22.03.2012 17:16:06 | Мора да потврдам,постои огромна разлика во гледањето на културата и пронајдените археолошки артефакти во Турција,Грција,Србија,или било која друга земја,со нашето!Таму,постоењето на други култури се смета за непроценливо богатство,кај нас тоа се смета за маана и неверојатен хендикеп,па одредени болни умови се обидуваат секоја претходна култура да ја избришат и обележат како македонска!Секој кој делувал на овие простори,според национал-социјалистичката пропаганда,е Македонец,нешто што се подразбира,дури и ако самиот се пишал Грк,Србин,или,пак,Бугарин,објаснувањето на историската псеудонаука е дека „тој не бил доволно свесен Македонец“!Кога ќе успееме посоењето на другите култури (вклучувајќи ја и онаа што се развила од Османлиската Империја) да го восприемиме како наше богатство,а не како наша маана,дури тогаш ќе станеме достојни за почит!Паско,направи мизерен обид да го оправда она што не може да се оправда―присвојување на туѓата култура и туѓи уметнички правци како македонски! |
| do vnimatelen, 22.03.2012 17:19:34 | Ti mozebi citas vnimatelno,no si doagjas do pogresni zaklucoci za ovoj denesen tekst. |
| EU, 22.03.2012 18:58:09 |
Iako ne ljubam pisuvanje zaradi pisuvanje, bez da se iznese stav, vo slucajov nema sto da se dodade na komentarot na Rizaov. Odlicna argumentacija protkaena so fina doza na humor. |
| Veselin, 22.03.2012 19:42:39 | Erol e storicar br.1.Vo komunizmot bese zabraneto izucuvanje na antikata.Ili ne bese Erole?J.Borza e najgolem poznavac na antikata.Za nego an.makedonci se drug narod od grcite.Toj za denesnive makedonci mislel se bugari i navistina se od Tito.No videl mnogu grobovi vo SAD na makedonci od krajot na 19 i pocetok na 20 vek.Utvrdil deka se raboti za nas koi se deklarirame kako makedonci.Toj sega e vo penzija.I prati se najnovo.No toj veli deka treba da pominat mnogu generacii,za da novite soznanija izlezat na videlina.Citav mnogu naucni trudovi od venetoloskite kongresi vo Slovenija i Praslovenskata pismenost vo Rusija.I mnogu drugi .Tvrdat deka starosedelcite na Italo-Balkansko-Anadolskiot kompleks se Prasloveni.Borza go posocuvam kako primer deka ne e nisto staticno vo naukata.Ama e Erol e edinstven merodaven za naseto poteklo. |
| Makedonec, anticki ili segashen seedno, 22.03.2012 20:27:55 | Ti drugar Erole, posle Kim Mehmeti ti si vtor najgolem anti-Makedonec i neznam sto i koj ti dozvoluva da lupash gluposti po novinive, za da napishesh nesto pametno na novina treba da imas osnova i treba da ima smisla ona sto go pisuvas a ne samo kontra napadi lupash na Makedoncive a tie pa i jas so niv pa uste te citame tebe [prijatele]. |
| Toso--Stip, 22.03.2012 23:25:42 | decki ne se zabluduvajte i ne terajte voda na komsiska vodenica. Srbija-moze da sme Makedonci ama pod nivna crkovna jurisdikcija,Bugarija--moza da sme Makedonci ama so bugarski koreni,Grcija-moza da bideme sto sakame samo ne Makedonci,Albanija-moza da sme Makedonci ako nie i grcite potpiseme(malo morgen)KOI STE VIE BE BATKI DA MI KAZUVATE KOJ SUM I STO SUM--GOSPOD BOG. |
| cane sokolovski toronto-do USA, 23.03.2012 01:40:15 | Oh, samo slovoto Bozjo, USA? A sto bilo so faktot deka nasite pretci slusale sluzba na staro slovenski? Pagja vo voda tvoeto bozjo. A do drugite sto zborvaat deka sme ja izmesale krvta so antickite Makedonci go kazuvam ova-antickive Makedonci ne ziveele tocno na Makedonskite prostori, togas nemalo granici. Kolku sto nie me izmesale krv, tolku i srbite, bugarite, albancite. Ama jas ne gledam Srbite da vikaat deka se anticki E togas se vikale inaku. Mile povtorno e deluzional i bara stranski krivci koi sakaat da ja rasturat Makedonija. Pak teorii na zaveri. Mile ajde daj ni link i nie da naucime za strasniot crn oblak koj e nadvisnat nad Makedonija. Kolku poprost narod tolku poveke sklonost kon perenje na mozok, tolku poveke slavno minato, tolku poveke neprijateli a seto ova bez i malku skromnost i cuvstvo na humility |
| Mite Obamite, 23.03.2012 03:43:03 | Interesno e shto drugarot Pasko ednash beshe marksist-titoist, pa potoa da stane nacionalist koj ja promovirashe Nacional-antikvizacijata. Sega e verojatno glavniot pobornik na Nacional-Barokot. Koja e slednata negova maska?
Zarem toa ne zboruva deka e patriot i pobornik na ideologijata: od kade veterot duva... |
| Analiza, 23.03.2012 05:15:27 | Citam i se cudam, sekoja statija vo koja ima involvirano istorija prepolna so komentari i dokazuvanja. Ja smetam deka edinstven nacin da se rascisti istorijata od sekakvi vlijanija e da se sedne i da se revidira celosnata istorija koja postoi od praistorija do denes na Megunaroden sobir na istoricari, arheolozi i site involvirani. Mozebi togas nekoi raboti bi stanale pojasni i idnite generacii bi ucele kvalitetna istorija, dodeka vo krajna linija, i sto i ako se rascisti i koi ke bidat pridonesite ako se doznaat mnogu istoriski mutacii i lagi. Toa bi doslo isto ko posle 1000 godini nekoj da uci istorija za ovoj period i za Makedonija.I pogodote sto ke uci? Deka Makedonija ne postoela tuku deka postoel narod koj se smetal za makedonski (dokolku i toa ne bide izobliceno smetajki deka bugarite ne ne priznaavaat ko narod) pa da stoi deka imalo bugari vo drzava koja se vikala FYROM ( i dali togas ke ima lugje koi ke smetaat deka makedoncite ne postojat?) Se vo princip e stvar na samo oprede |
| spektator, 23.03.2012 08:40:17 | Bravo Erole, alal da ti e... eve eden primer... moj drugar od detstovoto mi pisuva..da ti kazam pravo brat sega ne znam sto sum... vo mene bitka bijat eden antik i eden sloven, za posle da rece deka pomilo mu e da e sloven otkolku nevernik , pismenosta ni e slovenska, goce ,dame se sloveni.nikogas ne rekle deka se anticki....delbata se prodlabucuva , zazema nova dimenzija,po patrioti i predavnici ,sledi podelbata na atnticki i sloveni ... gospod napomos |
| Miroslav T., 23.03.2012 11:37:30 | E more EROL drobis zeleni bez mera od stara izlitena kujna.Jades mnogu mrsno a nesmees ti skodi ! Ti i ne si od nasiot rod ostaj ne namira , gledaj opraj gi TVOITE odamna ne gi biva ( dignaa graganite race od niv) |
| denesen makedonec, 23.03.2012 13:22:22 | Ovaa vlada so nivniot sluga Kuzman napravi haos vo Makedonija. Ne znaeme koi sme i od kade poteknuvame. Pisuvaat nova istorija koja e smesna, ne samo za grcite tuku za cel svet. Site Sloveni otidoa vo Evropa, a nie Antickite na sveti-NIKOGAS. Jas sum potomec na Ace, ama nemam leb da jadam. Vie anticki Makedonci samo prodolzete da glasate za ovie ULTRA_NACIONALISTI, vo Evropa ke odite koga ke go pustat Seselj od Hag. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 10°C
Ведро
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 27°C, Мин: 10°C
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 9°C
|
|
|
|
|
|