Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
На прво место

Груевски не се препознава во изјавата на дипломатите

Премиерот ги пренасочи забелешките на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на САД кај поединци што го опструираат Рамковниот документ

Оливера Војновска

Шефот на Владата и лидер на десницата, Никола Груевски, не се препознава во писмото кое Македонија го доби од четирите клучни меѓународни инстанции. По дводневен молк, македонскиот премиер, вчера во Собранието, забелешките во заедничката изјава на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД ги пренасочи кај опструирачите на Охридскиот договор, и ја повтори познатата фраза дека тој и неговиот Кабинет работат посветено на евроинтеграциите, Рамковниот, борбата со корупцијата, криминалот... Груевски го кажа ова на седницата за пратенички прашања, на која задоцни 41 минута. Опозицијата протестираше поради ваквото „недозволиво и арогантно однесување и потценување“ на парламентот како институција.

Додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ трпеливо го чекаа премиерот, социјалдемократите гласно негодуваа, покажуваа на часовникот и од место дофрлуваа. „Каде ни е премиерот“? „Станат ли е, да не спие уште“? „Да не падна Владата?“... Се редеа прашања од левата страна на пленарната сала. Нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ молчеа, пратениците од ДУИ си гледаа сеир, министрите муабетеа. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски, кој исто така беше дојден на седницата, го прелистуваше дневниот печат. Кога Груевски, конечно, се појави во салата, опозицијата го дочека со аплауз. Но, тој целосно ги игнорираше. Спокојно си седна на неговото место.

„Оваа Влада работи со сите сили за да се подобра состојбите во земјата на секој план. Реакцијата на дипломатите се однесуваше, пред се', на поединци кои го опструираат Рамковниот договор. Оваа Влада е целосно посветена на негово имплементирање“, изјави премиерот, одговарајќи на прашањето на пратеникот од СДСМ, Андреј Петров, според кого Груевски ја води државата во погрешен правец.

Премиерот не е загрижен и има разбирање за перцепцијата на Петров, бидејќи, како што рече, нормално е генералниот секретар на СДСМ да ја критикува власта. Нагласи дека Владата е фокусирана на проблемите што се јавуваат тековно, како и на работи што се наследени како проблеми од поранешната Влада.

Незадоволен од одговорот на Груевски, Петров посочи дека е недозволиво премиерот да ја пренасочува одговорноста на друга страна. „Наместо да ги преиспитате постапките и да извлечете поука од писмото на дипломатите, забелешките ги префрлате на опозицијата“, рече Петров. „Наместо да се решаваат проблемите на граѓаните, 50 дена ќе се слави годишнината на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петров. Владеењето на Груевски го спореди со режимот во Северна Кореја. Тој го спомена и скандалот со писмото од еврокомесарот Штеван Филе. „Го скривте и писмото од еврокомесарот. Некои луѓе во парламентот ќе се срамат поради ролјата што ја одиграа“, констатира Петров , алудирајќи на спикерот Трајко Велјаноски и на шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

И на вчерашната собраниска седница премиерот и министрите на долго и на широко одговараа на прашањата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот говореше за дострелите во образованието, особено во средното и високото. Редеше фантастични проценти - 96,5 отсто матуранти кои во 2009 година се запишале на факултет, а 98 отсто полуматуранти запишани во средните училишта. Министерот Иво Ивановски беше импресиониран од тоа што Интернет-пенетрацијата во земјата во 2009 година во светски рамки забележала напредок од осум позиции, од 57. на 49. место. Социјалдемократот Марјанчо Николов ги оквалификува ваквите долгометражни и фалбаџиски настапи, како што се „ЕПП на Владата“. „Пенетрацијата на Интернетот во Беровско е 100 проценти, но, за жал, пенетрацијата на комуналната структура е нула проценти“, иронизираше Николов.

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека очекува одредени препреки на патот поврзани со различни перцепции за насловот со кој Македонија ќе претседава со Советот на Европа, а се предизвикани од Грција. „Свесни сме за разликата со јужниот сосед, но начинот треба да биде прагматичен и применлив - не со име, туку со изведена придавка – ’македонско претседателство‘, што се однесува на нашиот јазик, идентитет...“, рече тој.


#
Статијата е прочитана 1527 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 30.04.2010 00:08:43
Se razbira deka kritikite na ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД ne se odnesuvaat na vladata tuku, spored narodnata "Velam ti cerko, seti se snao", se misli na opozicijata. ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД se oduseveni od vlasta, no znaat deka zemjava propaga zatoa sto e losa opozicijata. Nemoze drzavata da odi napred so bezglasna opozicija.
Од: novoselec
Датум: 30.04.2010 04:12:20
Do redakcijata (ako saka da go objavi ova):tekstot ima koncepciska greska a ne znam zosto redakcijata ne ja primetila, ili ja primetila ama se ednoi e. Utrinski e seuste makedonski vesnik. Koga se dava izvestaj od sednica na parlamentot se prezentiraat prvo stavovite/prasanjata od vladeackata koalicija, ja sakale ili ne, a ne na kraj. Ova ne mi lici na evropski koncipiran tekst. Ili, ako Utrinski e glasilo na opozicijata togas kazete jasno.
Од: bale
Датум: 30.04.2010 08:05:54
Se pravi nedoveten ili nema dovolno informacii?????????//
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 08:37:41
Не само премиерот туку и опозицијата не се препознава,мислат да ако се опозиционери се амнестирани.Посебно не се препознава албанскиот блок а попрецизно ДПА.Таа јасно и гласно рече да ,,охридскиот договор е мртов,, плус просветленото да ќе го повлечат потписот од истиот договор.Е сега иритира што прстот на ЕУ,НАТО и САД како нишанска справа нее вперен кон ДПА конкретно,туку во ,,завиена,, форма да се сетат Власите.На виножитните тоа не им пречи и срипаа и го открија виновникот,а за урнисување на Охридскиот договор ,,мало сутра,,
Од: petre
Датум: 30.04.2010 08:37:59
Ocigledno deka opozicijata ne misli dobro za drzavata.Vo ovie klucni momenti se gubi vreme za pratenicki prasawa ,se trosi struja,kupovi hartija,a ne gledaat da bidat edinstveni,da i pokazat na Evropa deka im e bitna drzavata.Ja napagaat vladata a so to a pravat usluga na site nasi neprijateli.So vakvo odnesuvawe nema nikade da stigneme.Visoki intelektualci ne se odnesuvaat taka.
Од: Трпе
Датум: 30.04.2010 08:52:28
Човек со две лица,знаеме само каде може да има.Па и самиот не знае дали да тргне на запад или на исток,на север или на југ,затоа се повеке се закопува во место па мора за неговите грешки ,виновен да биде некој друг.То се вика човек без идентитет.Сака да биде диктатор а сака да глуми и демократ.Батка Ѓоргија,што е убаво се сака да е негово.А ова за каснењето и аплаузите му се останати од времето кога бил пионер.А да го спомнам и ова,незнам зошто во времето на социјализамот моите родители кои беа добро стоечки,материјално не ми набавија компјутер а за приклучок на интернет и да не спомнувам.Еве во денешно време со помош на ова блада се сам мораше да си набавувам,па и мобилен телефон си купив.Џабе што моите родители велат дека пред дваесетина години поубаво се живеело.
Од: Илијана
Датум: 30.04.2010 08:57:13
Груевски се однесуваше арогантно и дрско безобразно до крај....а за тоа дека спиел, па имавме прилика да го видиме на ТВ ЕКРАНОТ КАКО СЕ ПРОЗЕВА И СИ ГИ ТРИЕ ОЧИТЕ дури збореше Јанкуловска позади него а тој очигледно не сфати дека го даваат во кадар
Од: nekoj
Датум: 30.04.2010 09:33:51
Utrinski, daj pisuvajte za drugi temi! Nevrabotenost, siromastija...pravete analizi na tugi ekonomii..problemi-kako tie izleguvale na kraj, ima eden kup povazni temi od ovoj covek! Barem denes e lesno, ako ne drugo prepisete od stranskite vesnici.. Pa ovoj narod e neuk, nekoj treba da go informira... Dosta so rekla-kazala.. Mi se gadi od politikata na Gruevski i negovite LAGI i zamajauvanja! Pa ne sme site idioti, sakame da znaeme sto ke bide so drzvata posle ova so Grcija-ma kakov i da e rezultatot!!!
Од: Заспаната Баба - Грдата Убавица (*народно предание)
Датум: 30.04.2010 10:10:22
Прекрасна ни е Најубавата Убавица!Тешка и Трома,секогаш ненаспана,заради ноќното бдеење и „грижи“за народните маки,едвај стигнува на закажаниот Рандеву! Иако со огромни Дамки по носот,со мува на капата(на која секогаш и вели: „Ишш!“) и со збрчкана кожа,Таа,Заспаната Баба, е всушност НајУбавата Грдотија на светот!Не за друго,туку затоа што си е „Наша“!Всушност,во најскоро време ќе си ја предложиме за Мис на Светот и за натпревар во Барокната трка со времето!Можеби,таму,кај целта, која се наоѓа на крајот од тунелот,ќе не Чека и посветлата иднина?!
Од: "vodolija"
Датум: 30.04.2010 10:20:56
Uste 2 meseca Vistinata ke izleze na videlina.Vistinata e: Koj gragjanin na Makedonija e JALOVA struja za MakedonijaPoradi koja jalova struja Makedonija strada i unazaduva vo nejzinoto domasno i nadvoresno drzavno ureduvanje i unapreduvanje !?Koj gi blokira granicite na Makedonija i koj gi rusi megjunarodnite ljudski odnosi i sozivot.Do togas kompromisno resenie za imeto na Makedonija nema da se postigne !?
Од: makedonce
Датум: 30.04.2010 11:01:30
koga se raboti za makedonija togas site zakoni dogovori treba da se pocituvaat , prava na malcinsdtva itn..megutoa koga se raboti za makedoncite vo soseednite drzavi togas niti eden zakon na svetov ne vazi ...vecna makedonija i makedonskiot narod
Од: Јован АН
Датум: 01.05.2010 08:36:12
А зошто би се препознал кога ова лицемерно “писмо“ има единствена цел да ги застапува грчките интереси!!!Зарем не е јасно дека тоа е само дел од страотниот притисок врз Македонија и Македонците!

Најди! во Утрински
На прво место
ВМРО-ДПМНЕ - партија на големи прослави