Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
На прво место

ВМРО-ДПМНЕ - партија на големи прослави

Некогашните икони на десницата не се дел од славеничката еуфорија

Александра М. Митевска

Во наредните педесетина дена, кога владејачката ВМРО-ДПМНЕ со бројни спектакли ќе го одбележува 20. роденден, повеќето личности по кои се препознаваше партијата во првата декада од формирањето нема да бидат дел од славеничката еуфорија. Доволно е да се спомне поранешниот премиер и прв лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, кој во 2004 година ја напушти партијата или Љубе Бошкоски, кој минатата година ја формираше ОМ...

Во славеничките редови можеби ќе се најде место за дел од ветераните кои се вратија во ВМРО-ДПМНЕ откако не успеаја да ги етаблираат новите партии што ги формираа, како Борис Змејковски или Доста Димовска... Но, првата редица на големиот народен митинг, најавен за 17 јуни, најверојатно, ќе биде резервирана за новите функционери, чие политичко експонирање, главно, почна со доаѓањето на Никола Груевски на кормилото на партијата.

Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ годинава реши да го прослави роденденот како никогаш досега и како никоја друга партија досега - со трибини, панел-дискусии, презентации на документи, интензивна комуникација со граѓаните... Од партијата велат дека вториот голем јубилеј, што ќе се одбележува под мотото „За татковината се работи, ВМРО-ДПМНЕ - партија на големи одлуки“, ќе биде настан што ќе ја обележи годината.

Филип Петровски, еден од лидерите на вмровската младина во деведесеттите години на минатиот век, пак, смета дека оваа постава на врвот на ВМРО-ДПМНЕ нема причина за толкаво славење, бидејќи ги напуштила изворните принципи на македонската десница.

„Направен е историски рез. Отстранети се сите основачи на партијата и насила се создава ново водство, во кое нема место за ниту еден од позначајните политички актери од деведесеттите години. Тоа е јасен показател дека целосно се сменети концептот и идеологијата на партијата и дека, аналогно на тоа, партијата треба да си го смени и името“, оценува Петровски.

Според него, владејачката партија ги користи колективните чувства за значењето на историското ВМРО за свои лукративни причини и за владеење со измама. „ВМРО е секаде само не во ДПМНЕ“, категоричен е Петровски.

Одбележувањето на јубилејот на ВМРО-ДПМНЕ почна со трибина во хотелот „Холидеј ин“, посветена на формирањето и на развојот на партијата. Мане Јаковлевски, како еден од основачите, посочи дека на вториот конгрес во 1995 година бил дефиниран новиот курс на партијата, со цел вистински и правилен развој на Македонија. „Патот до целта не беше лесен и брз, туку беше трнлив и макотрпен, но ВМРО-ДПМНЕ ги преживеа и надмина сите предизвици на времето“, рече тој.

Вчера во хотелот „Континентал“ имаше презентација на најзначајните акти за Македонија од осамостојувањето до денес, што ги усвоило Собранието, а што биле поднесени од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Петар Арсовски, експерт по политички комуникации, вели дека во светската демократска практика не се забележани вакви примери на колосеумски прослави на партиски родендени. „Партиските родендени вообичаено се прославуваат со членството. Но, овој пат, наместо интимна прослава, цела држава треба да доживува катарза и срцата на сите граѓани цели 50 дена треба да бијат заедно со срцето на ВМРО-ДПМНЕ“.

Арсовски објаснува дека оваа Влада по природа е популистичка и дека ја користи секоја можност да се идентификува со народот - и за Нова година, и за Илинден и за сите други празници. „Сепак, помалку им забележувам кога го прават тоа, на пример, за Нова година, отколку за роденденот на нивната партија“, нагласува тој и посочува дека треба да се бара вина и кај тивкото мнозинство граѓани кое не ги критикува таквите потези. „Кога власта би се соочила со поостра критика за популистичките политики, вели Арсовски, веројатно би го коригирала начинот на функционирање“.

Опозицијата реагираше на најавите за мегаломанска и маратонска прослава на годишнината на ВМРО-ДПМНЕ. Опозиционерите посочија дека такви манифестации се својствени само за тоталитарни режими и дека граѓаните ја плаќаат власта да им ги решава проблемите, а не да организира митинзи.


#
Статијата е прочитана 3179 пати.

Испрати коментар

Од: Жарко,Ресен
Датум: 30.04.2010 01:55:02
"ВМРО ДПМНЕ-партија на големи одлуки"?!!Која голема одлука сте ја донеле?Кажете ми само една?Вас ви прилега онаа слика кога цела влада е наредена пред нови канти за ѓубре.Вие сте комунално-пролетерска партија.
Од: avstralija
Датум: 30.04.2010 04:43:57
slusnete go narodot dali saka proslavi 50 dena ili saka rabota i leb.
Од: стар вмровец
Датум: 30.04.2010 07:09:07
ме интересира со кого ќе го слави јубилејот, зашто сето старо членство го масакрира а му останаа полтроните од 2005 та нагоре!
Од: Трпе
Датум: 30.04.2010 08:36:08
Некој кој глумеше дека е најголем противник на поранешниот систем,сега излегува дека многу си го љубат.Покрај педесетдневното славење, со народни пари,под името за годишнина на партијата ,уште им фалат штафети и паради.Само ме плаши што тие одат во екстремизам ,тие повеке наликуват на румунскиот или албанскиот систем.Не го спомнувам СССР бидејки сме многу мали.Да ЖИВЕЕ дпмне.
Од: teknuvalo
Датум: 30.04.2010 08:50:35
Некој да слави 50 дена роденден во услови кога народот нема пари леб да си купи,а за лекови да не прајме муабет, е злосторство према сопствениот народ!П.С. За славенје на роденденот на моите деца јас НЕ ПОДИГНАВ КРЕДИТ бидејќи сепак тој ќе беше на нивна штета !!!
Од: dimitar
Датум: 30.04.2010 09:08:19
milo mi e sto pocna narodotda se budi i pravite vmrovci sto svakaat deka ne im e mestoto do grujo ,samo za informacija pola clenstvo e se od sdsm prebegani vo vmro,pa videte sega
Од: ilija
Датум: 30.04.2010 09:19:59
partija koja odi cekor napred a dva nazad mora na nekoj nacin dagi zamacka ocite na narodot ako ne so uspesi i napredok barem so proslavi i lazni vetuvanja.
Од: BMRO ΔΠΜΝΕ - партија на големите Дупки
Датум: 30.04.2010 09:36:18
Всушност BMRO ΔΠΜΝΕ е партија создадена исклучиво Заради Лукративни причини,а нејзините лидери ја имаа најголемата Добивка од „патриотските“удари во градите!Партија на големи Дупки-огледало на личностите со Целосна Инсуфициенција на знаење,лишени од секаква креативност!Недостатокот е пресликан во Анахроната Употреба на името,кое,уште со смртта на Делчев,потполно ја изгубило својата минорна светост,облекувајќи го своето Лажно Патриотско Руво со кое засекогаш ќе остане Контролирана Марионета со своите Источни нитки и корени!Терористичка Творба,која никогаш повеќе нема да се откачи од до Гуша Закрвавените раце!Крвавиот пир со гнилиот Мирис на Розата (Проѕирна смрдеа, која безуспешно сокрива)започнува со самото основање,а својот Зенит го достигнува пред и во II Светска Војна,кога во целост си го открива својот Крвав Лик!Со Делумна историја,од псеудоисторичари и потомци на Мирисните Кметови,во поствоениот период,Теророт е претворен во „Кауза за татковината“-Најголемата Македонска Трагедија!
Од: Moris
Датум: 30.04.2010 10:16:00
Neka slavat toa e nadmenost i nemanje na custvo za drzavata. Slavat i se nasituvaat nad gladen narod sozdavajki vestacka slika deka sme silna drzava. So lazgi ne se prai drzavata i slavenjeto treba da bide so usul, a ne so otovranje na partiski stabovi . Uste SLET na stadion im fali i namesto stafeta na liderot d amu daadat kubura i kama . Vreme e na Grujo da mus ekazuva vistinata nesto pocnal da slusa so toa usite sto prai narodot.
Од: Prilepcanec
Датум: 30.04.2010 11:07:08
Bese edno vreme koga se slavese nekoja godisnina na Pretsedatelot na SFRJ,pa site potrcaa so podaroci.A dojde i vicot deka "Podravka" e mu isprati zlaten petel (onoj od obvivkata na supite) makeonskoto stopanstvo nema nekoe proizvodstvo pa na g.Gruevski nesto slicno da mu isporaca za jubilejot,no zemjodelcite,patem koi gi unapredi vo farmeri(!) mozat da mu isporacaat kamioni zemjodelski proizvodi za koi ne e obezbeden pazar-pa ,kako sto se rece vo edna belgradska humoristicna serija,da dojdat so bradosani kompiri i mustaklii kromide-kako donacija za proslavata.A,ne ke bide cudo i narodot taka da se vkljuci vo slavenjeto.
Од: dimce
Датум: 30.04.2010 11:22:03
koj tivok narod narodot ne e tivok i ne japodrzuva veke ovaa mutantska vlada tivki se mnogu od mediumite koi selektivno izvestuvaat
Од: mitra
Датум: 30.04.2010 11:54:39
Сето ова се само леб и игри. Со таа разлика што овие не даваат леб, па си гледаме само игри.
Од: valerija
Датум: 30.04.2010 12:05:41
Ke slavat spektakularno so nasi pari???? Gospode spasi ne od niv te molam
Од: Марија Георгиевска
Датум: 30.04.2010 12:21:30
Саможивници,безкичмењаци,фрустрирани..... Може уште многу зборови да се кажат за оваа хистерија која ја покажуваат вмрОВЦИТЕ. Славно почнаа, славно и ќа завршат. Популизмот кој го користат во неограничени количества,ќе им се врати по глава. Само да им порачам,еднаш наплатата од народот ќе почне( нека му се молат на Господ да не биде почетокот со нив, па да видат што значи народ). Освестете се вмрОВЦИ,се се плаќа,се се враќа!!!!
Од: xxxxx
Датум: 30.04.2010 12:38:35
zalosno,, e ova sto se slucuva ovaa mnogu mladana i od pocetok nadezna vlada, se pretvori vo apsolutisticka i totalitarna, tesko na nas gospod neka ni e na pomos , ali toa e prost narod silna dzava
Од: м-р Баба Ката од Секулицу
Датум: 30.04.2010 14:09:54
Само една мала информација.ПОЛСКА за само ШЕСТ години но ЕУ добила (полски извори) 21 милијарди евра. А ние,името не го давама, не ни треба НАТО ни ЕУ итн. добиваме само 20 години ПРОСЛАВА на ММРОТО...
Од: В. Кратовалиев
Датум: 30.04.2010 15:20:52
Легитимно право на секој читател да коментира на свој вокабулар. Но сепак неможам да разберам, да се излее река жолч, а за прослави, исполнети со средби со граѓаните, панел дискусии и други јавни настапи!? Друго беше кога некои славеа со сандаци виски! Самите се убиваме со пресилните зборови! Но до кога?
Од: Perica
Датум: 30.04.2010 15:51:57
Nekoi raboti ne se kupuvaat so pari. Za se' drugo postoi DPMNE (ne e vmro). Za vakov narod sto dava glasovi na vakvi luge ne treba slavenje 50 dena tuku 365. "DPMNE ke troselo narodni pari za gluposti 50 dena". Toa ne e tocno. Tie trosat narodni pari za gluposti 365 dena vo godinata
Од: Citatel
Датум: 30.04.2010 16:33:15
Tocno e deka vo rakovodstvoto gi nema starite clenovi -osnovacite,no se lazete deka na niv nesto im fali site do eden se ili direktori,ili pretsedateli na upravni odbori,razni "sovetnici" ili si vodat firmi koi so golem uspeh rabotat i gi dobivaat tenderite.Ne se sekirajte toj sto caruva si ja znae rabotata i mnogu uspesno si ja vodi.Samo eden e gubitnikot ,toa e Makedonija.
Од: Debar
Датум: 30.04.2010 19:09:48
pa sakam da prasam so na koj parite ke slavi.ovie se mparite sto site 4 godini gi kradat a ne donesle nikava odluka sto ke ja odnese zemjata ponapred od site na balkanot.Tocno ova partija si raboti samo za nea ustvari cela drzava raboti za partijata vmro a nisto za drzavat .lopovi aramii i bugari.
Од: хари
Датум: 30.04.2010 20:37:29
господе те молам спасине од овие анатеми. РАзбудиго народот и дај му сила да се спротистави на власта лажна. Нивното проклетство е што не сакаат држава надвор од нивниот тоталитарен концепт на владеење. Тие сакаат да уништаат се што е изградено и создадено кај нас во Македонија.
Од: goce bitola
Датум: 01.05.2010 02:05:38
posle zaminuvanjeto na ovaa druzina koja se narekuva narodna vlast dolgo dolgo ke ostane mirisot na palez i pustos.
Од: dragan london
Датум: 01.05.2010 13:39:34
makedonija i makedonskite gragjani terba da se sreknji sto go imaat vmro dpmne kako politicki subjekt zatoa sto ako ne bese taa partija sega ke bevme kako crna gora a branko crvenkovski ke bese milo cukanovic

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски не се препознава во изјавата на дипломатите