Број 3667  сабота, 27 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Хроника

Продолжен притворот на Љубе Бошкоски

На ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, му е продолжен притворот поради случајот „Кампања“. Лидерот на Обединети за Македонија (ОМ) ќе го чека од затворот „Скопје“ почетокот на судењето на кое ќе одговара за незаконско финансирање на изборната кампања. Неговите сопартијци не наоѓаат „никаква правна, па дури ни политичка оправданост“ за ваквата мерка на судот и апелираат да му биде одреден домашен притвор.

„Со ова, господине Груевски, Вие и Вашата фамилија ја покажавте Вашата крволочна намера да владеете во диктаторски манир. Продолжувате да ја искористувате полицијата во свои сопствени цели, а судовите ги направивте сопствен бастион“, остро реагираше Наталија Ивчева од ОМ.

Бошкоски е во притвор од јуни годинава кога беше уапсен при обид да земе 100.000 евра со кои требало да ја плати кампањата за парламентарните избори. Тој и неговите сопартијци се убедени дека станува збор за монтиран случај и одмазда на власта спрема него. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1659 пати.

Испрати коментар

Од: КОј е во притвор а кој во влада?
Датум: 27.08.2011 01:20:23
Најважно од се е дека полицаецот што ја издал акцијата во Блаце е ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР нели? Од такви пораки од кртици и внатрешни петоколонаши загубивме десетици војници и полицајци а многумина од нив ни беа масакрирани ...секој пат акциите на УЧК беа со поткажувачи, за жал имаше и Македоци кои правеа валкани зделки со ѓаволот, но намесато подземја или во зандана истите се во Власта а во притвор се бранителите и жртвите на тероризмот! Господе дај ни патоказ!
Од: Трпе
Датум: 27.08.2011 07:43:15
Непријателот на државата мора да биде уништен!!!!.пс. Диктаторот.
Од: zrak
Датум: 27.08.2011 12:10:43
Trpe aj da se unisti,ama koj da dojdi,ako ovaj odi ke se vrati rezisero,ucitelo,gaolo...b.c.od negova kniga site vladi citaat,kradenje lazenje,na poslusnite vadimu dusa,na losite sediim vo skut..
Од: Pravda
Датум: 27.08.2011 15:27:57
Nema nikakva pravna osnova(moze da pocne sudenjeto,dokazite se pribrani,obvinenieto objaveno).Nema politicka opravdanost (OM zagubija na parlamentarnite izbori) vlasta ima samo namera da vladee,pritoa samata gi krsi zakonot i ustavot,a za toa koga togas ke odgovarate,izgleda ne gledate deka za 3 meseci,vo ovoj ist vesnik,sekoe spomnuvanje na imeto Ljube Boskoski go citaat i se isprakaat iljadnici , iljadnici komentari,So debeli argumenti protiv postapkite na aktuelnata vlast.Vpereni se ocite za ovoj problem i od vlasta i od opozicijata i od obicnite gragani i nemozat da se iznacudat.Pocituvana familija od vlasta bidete golemi koga e najtesko oti ova e eden sramen cin za celata Makedonska nacija i dosegasna istorija ,da se drzi herojot Ljube vo zandanata Sutka.Vaka bile izmacuvani i Cento i Satev i Fotev i Bogdanoski i Dinkata i drugi sinovi na Makedonija.Ne vrakajte gi senistata na minatoto,nadminete se,uste ima vreme istorijata da vi prosti,imajte malku pocit kon macnata Makedonija!

Најди! во Утрински
Хроника
Полицаец со СМС-порака издал тајна акција на МВР
Голем помор на риби во реката Струмица
Татко-монструм 40 години ги мачел децата
Голем шумски пожар во близина на Охрид

"""