Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка

Еден загинат и тројца повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што во неделата навечер се случи во Кичево. Според МВР, околу 21,30 часот, на раскрсницата од булеварот „Ослободување“ и магистралниот пат од Кичево кон Охрид, дошло до директен судир меѓу „ауди“, управуван од Реџеп Цифуновски (61) од Кичево и „голф“, управуван од 24-годишен кичевец, во кој имало уште две лица. Несреќата била кобна за Цифуновски, додека тројцата патници во „голфот“ се здобиле со полесни повреди и по укажаната помош во кичевската болница биле пуштени на домашно лекување.

Надлежните извршија увид, а полицијата ги истражува причините за несреќата. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1716 пати.

Испрати коментар

Од: Кичевчанец
Датум: 14.09.2010 16:45:03
Утрински,да ја надополнам статијава.До сообраќајката е дојдено кога Голфот со 180 км/ч (на толку на голфот му е блокиран брзинометарот) поминува на црвено светло и удира во вратата на возилото на сега починатиот кој поминувал на зелено на раскрсницата.За илустрација,Голфот цел ден дивееше низ Кичево и го тероризираше градот а понесен од авто трките кои се одржуваа тој ден.Како полиција да немаше да превземи мерки против истиот.А и како би имало кога сообраќајната полиција во крајслерите има за смена по „верувајте 4 литри бензин“.Сочувство до фамилијата но за овие појави ВИНА има во ВЛАСТА.

Најди! во Утрински
Хроника
До каде ќе се шири мрежата со малолетничка проституција
Се обеси затвореник во „Идризово“
Денеска почнува судењето за случајот „Метастаза“